Дали некоја мајка има совет како да се справиме со Мораксела што постојано се враќа? Третирана со локален антибиотик неколку пати, бебето ќе се исчисти и после неколку дена пак зелени, па темно зелени мрсули. Затнато е цело време, од сабајле неколку саати зелени и густи вадиме, па ќе се разбистри до вечер и следниот ден пак исто. Во круг се вртиме, не можеме да ја решиме, матичната вика не е за орален антибиотик пошто добра му е општата состојба и да ни дала после пак ќе било исто како со локалниот.
Да напрајте сите дома брисеви прво да не правите на ти го дај ми го. Ако оди во градинка, пријавуваш таму за да обрнат внимание. Јас би, откако ќе заврши локално, ставала хлорамфеникол секој ден.
Сите истовремено се третиравме со Левуно, имал немал… Тој дури пишува и дека е поефикасен зашто не само што спречува да се размножува, туку ја уништува и постоечката. Читав пошто после двапати хлорамфеникол ни даде Левуно матичната, па викам да проверам зашто. Од градинка ја добивме, а многу деца не ги третираат со антибиотик ако се асимптоматски. Ние ја чистиме и штом ја пуштиме големата пак во градинка, пак ја носи дома. Крај нема
Има еден спреј Тонимер бејби со пантексил мене орл доктор ми ги даде. Секој ден му шприцав сабајле пред градинка и после. Имаше ефект со бактериите. Распрашај се дали смееш. Ние користевме ради често воспаление на уши од тие бактерии во нос. И уште нешто давам имунобор по шема 3мес, пауза па пак ...
Фала, ќе прашам. Големата пиеше и Имунобор, претходно Бимунал, а пред градинка Ацидосалус спреј. Ќе прашам за ова за бебето, пишува може за доенчиња
Бебе од среда качи температура и давав блокмакс, почна и носот да и се растекува да се затнува и и нсправија крвна слика и брис од нос, крвната слика укажуваше на вироза а брисот беше чист. Многу секрет почна да и се собира во носот па прскам синомарин може 3-4 пати и оперил п два пати во денот. Е сеа почна и да кашла многу навечер не може да спие секретот од нос исто и тоа и смета па додадовме капки ciprofloxacin, но нема некој напредок. Денес ми кажаа да и правам инхалации со pulmicort и да продолжам со синомаринот и другиве капки и да почнам зинат антибиотик пошо не одело на подобро... Денес нема темперстура ама кашла многу.. секрет уште има Не знсм со мм се мислиме ептен дали да дадеме антибиотик или да почекаме дс видиме од инхалациите со пулмикортот дали ќе се среди
Не би дала антибиотик јас, да идеше на полошо немало да се спушти температурата. Имаше таков вирус, со лоша кашлица ноќе. Продолжи да го чистиш носот, а за спиење можеш исецкана главица кромид да и ставаш до креветчето многу помага за затнат нос и кашлица. И направи пак контрола утре, ако нема црвено грло или друг знак за бактерија не гледам причина за антибиотик.
Не би давам антибиотик на вирус никогаш, најчесто вирусите поминуваат до 2 недели. Пракса во Мк да се дава и инхалации правете али битно е течности да пие и одмор.
Што правите кога бебе 4м има малку секрет во нос ( се слуша) и поткашлува од време навреме? Да одам на лекар веднаш или да чистам нос со физиолошки? Бебево си е супер иначе, цица, се смее, си спие најнормално. Нема температура.
Вака не личи на ништо страшно ама само поради возраста би идела на една контрола, кај толку мали бебиња ситуацијата се менува многу брзо.
На раб на лудило сум дојдена. 8 месеци бебе е. На 10 јуни качи температура, очекувано беше, поголемиот имаше вирус со кашлица и температура. Траеше до 13 јуни температурата. На 11 го однесов за крвна слика и да го наслуша педијатар. Крвната слика покажа блага вироза. Рече преполн е секрет, на гради чисто, некаде секретот бил позади носот, затоа на аспиратор не излегувало ништо. Препиша: Инхалации со синомарин 2 пати:наутро и навечер Инхалации со пулмикорт и физиолошки 2 пати:наутро и навечер инхалациите ги тераме едвај, со плачки со одвлекување внимание, со YouTube, со пеење песни. Е сеа многу ме загрижува што одбива да пие млеко. Исто и храна не е заинтересиран само правам и фрлам кашички. Не е дека го боли грло или дека не може да голта, кога е расположен може ќе испие 90-100мл, ама некогаш само 20 мл или 50мл. Инаку кога не е болен пиеше по 120-150мл млекце плус кашички...Пелените не се баш мокри, ептен малку моча. Ме плаши да не дехидрира, пробав со шприц, земав и електролити, не успеав никако, плука се дави, се буни.. на два пати ќе повратеше. Дајте помогнете што да правам ? Значи кога нудам шише цело време прилагодувам атмосфера, тишина, темно, па ако не така пуштам пак песнички или видео да гледа да се занесе. Некогаш успева некогаш не.
Оди на дежурен, не иде ова на добро. И не знам зошто дупло мачење со инхалациите, измешај 1мл пулмикорт со 1мл синомарин и еднаш инхалирај ама како што треба. Млеко пробај во спиење да дадеш, вода, било што.