Синоќа пак исто, пиеше 80-90мл. Заспа. стана ноќе пак само 80-90. Пак стана, вода дадов влечеше како луд 40мл вода испи. Спиеше до 7, во 7 испи млекце120мл. Во 10 пак пробав, 90мл млеко, па пак многу вода голташе. Изгледа жеден е, млеко не му гаси жед. Инхалации не успевам, направив една денски додека спиеше, го држев во раце подисправен.
Јас на малава инхалации успешно и правам со видеа на телефон, никогаш не гледа видеа ни тв па кога и пуштам за инхалации одма се загледува и седи без пробпем. Hey Bear sensory пуштам на јутуб, види можда ќе упали.
Син ми исто беше пред 3 месеци, 4 месечно бебе. Двапати сред ноќ го ставив во кола да го носам пошто исто минимално мокреше. Но, нормално е ако се затнати да не може да јадат и да пијат млеко. Мојот едноставно изгуби апетит, не сакаше да цица, но не покажуваше знаци на глад, во смисла да е иритиран пошто од затнат нос не може да голта убаво и да диши истовремено. Како секој човек кога е болен, не му се јадеше. Го форсирав колку можам, имаше застој во килажата и уште не може да се врати ко што треба, ама докторите ме убедуваа дека не е дехидриран, туку намален апетит, да форсирам млеко колку може повеќе. И поголемото секој пат кога ќе се разболи и ден денес ни требаат денови да се врати да јаде нормално. Инаку кај било кој педијатар однеси го ако е на одмор матичната, јас кај Смоковски бев приватно пошто и мојата е на одмор, 500 ден е преглед.
Исто.. На 1 месец старост беше од лош вирус многу затнат, сакаше да пие не можеше. Се мачеше тогаш со дишење па го однесов на дежурен и не хоспитализираа. сеа вака е расположен, само не сака инхалации. Гладен е ноќе кога ќе се разбуди после повеќе часа без млеко и наутро пие скоро цело. А гледам многу жеден за вода, јас по малку давав до сега, а сеа кога си бара му давам колку му се пие. Од млекото се трга во смисла како да нема интерес, како да не е гладен, а не дека не може да пие или голта. Денес повеќе се мокри пелените за разлика од вчера. Кога видов во 16ч дека со татко му испил само 30мл млеко направив овошна кашичка, па од тоа јадеше. Ама ме чуди, една недела веќе е вирусот, темпеература првите три дена беше. Сеа као наместо подобро да тераме почна да изведува. Првите денови и млеко пиеше и се во ред. Само температурата и секретот го мачеше. Сеа температура нема, секретот попушта полека, си хрчи ама не толку.
И моево фати некоја вироза уште во петокот, блага температура качи 3 пати, вака пие вода и јаде, не нешто многу ама ок е. Сакав да ти речам парацетамол може да му дадеш, може го мачи нешто. Приметив моево се оправи, а се уште си кенка, ќе му дадам сируп и живнува, си игра, повеќе јаде и подобро спие.
Еве синоќа пред спиење ништо нес сакаше. Во 16ч испил само 60мл, во 20ч го молев и успеав само 50 мл да му дадам. Во 23ч спремив, проба, само една голтка и се тргна. А вода пие без проблем, 100мл да дадам ќе ги испие. Во 3 наутро испи 100мл во еден здив и заспа. Во 7:30 стана 140мл испи. До вечер ќе видиме. Дефинитивно има сила и може, ама одбива.
Штом пие вода, нема да дехидрира. За храна нека јаде тоа што најлесно прифаќа, колку да стави нешто во стомак, ќе му помине, ќе пројаде. Сега ми текна дека постарото фати ковид на 7 месеци и скроз паузирав цврста храна пошто одбиваше од болеста. Убаво си пројаде на 6м и со ковидот назад се вративме од почеток.
Денес испи повеќе. 3 наутро 100 мл 7 ипол- 150 мл 10 ипол -120 мл 2 ипол - 100 мл И потоа пак почна да изведува Во 17:30-50 мл 21:00 едвај 30 мл И нервозен заспа, измеѓу по малку вода давав. Педијатарот е на одмор, пишав на Вибер, не одговара, се консултирав со мојот матичен, дека и он работи и со деца и возрасни, рече вода да не давам многу оти полесно му е за пиење, а млекцето е погусто и ќе почне скроз да го одбива. Да давам колку можам повеќе млекце, па ако не испие доволно потоа вода. Прво да форсирам млеко.
Што ставате на главчето кај бебињата што имаат жолтеникави корупки? 13 ипол месеци сме и не и исчезнаа од бебе. Т.е не се ни корупки како жолти флеки повеќе… чат пат ќе и падне по некоја после бањање. На почетокот и ставав уље и и паднаа тие првите погрубите што беа. Овие се како по меки. Дали да продолжам со уљето? Не е прашањево итно ама не знаев каде да го поставам.
Јас имам користено Мустела пена за теменици за едното дете и Фрезидерм масло за другото. И двете беа ефикасни.
Мене Mustela пената за теменици не ми помогна. Да пробаш комбинација уље со некоја ваква четка? Како што ти пишале, нема да паднат сами, ќе треба ти да ги извадиш https://teddycobaby.com/prodavnicza/dom/silikonska-chetka-za-banane-pakuvane-od-2-portokalova-krem/
Јас и ставав маслиново на косичката, после два часа со чешел поминував и ништо не остануваше. Може и кокосово.
Мислам дека ова не е таа. Подолу ти праќам слика. https://zegin.com.mk/index.php/mk/mustela-pena-shampon-za-temenici-150-ml https://www.annifarm.com.mk/product/крема-против-теменици-за-секојдневна/
Исти има мојов скроз. Со масло од бадем од дм да постои и четче му ги вадев. Убаво чешлав, дури црвен стануваше ама тешко искачаа. Го имам тоа од мустела ама не беше доволно за нас само со него.
Ние сме 6 месеци и сè уште не е целосно исчистено. Многу повеќе имавме. Неколку часа пред капење ја нанесувам кремата, па пењата при капење, и по капењето забележувам дека голем дел паѓаат.