1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    2.344
    Пол:
    Женски
    Мајки дали има некој вирус само со температура? Крвна слика ок, беба е 10 месеци. Од средата е со температура која стигнува и до 39.. се симнува со Блокмакс ама еве веќе трета ден има. Некоја да сподели слично искуство?
     
  2. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.369
    Допаѓања:
    51.285
    Пол:
    Женски
    Да
    Минатата недела ќерка ми имаше 3 дена изгоре од температура.
    Ни сируп не помагаше, последниот ден цен ден беше со тт.
    Вирус има таков.
    Давај и сируп и многу течности.
     
    На fragaria и jelo им се допаѓа ова.
  3. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    780
    Пол:
    Женски
    Да, и ние пред две недели бевме 3-4 дена само температура до 39 и дење и ноќе
     
    На jelo му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    4.228
    Пол:
    Женски
    Да и грло црвено еве од денес и осип.
    Само плаче ни да цица ни да спие сака
     
    На jelo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    2.344
    Пол:
    Женски
    Мајки додека ја чекам матичната.. сте имале искуство со оваа бактерија? Што ви давале за истата? 10 месеци е беба, веќе 4 дена со температура.
     

    Прикачени фајлови:

  6. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    1.500
    Пол:
    Женски
    Син ми често ја имаше додека беше помал и никогаш матичната не ни даваше терапија.. Секогаш сме завршувале во Козле со компликации и таму му даваа терапија. Она ете таков став има бактерии во нос не се лечеле.
     
    На jelo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Anastasia579

    Anastasia579 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2025
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    Исто и кај мојата лани беше вака, со Citeral капки локално ја лечевме.
    Ама беше без темп..
    А брис од грло?
     
    На jelo му/ѝ се допаѓа ова.
  8. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    2.344
    Пол:
    Женски
    Не сме направиле брис од грло..
     
  9. Anastasia579

    Anastasia579 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2025
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    Можеби таа темп е од некоја бактерија во грло.. обавезно кога правам брис, правам и од нос и од грло
     
    На jelo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Исто со температура 2 дена се јави во нос во грло ја немаше.Со зинат сируп 10 дена.Замената на матичниот беше за некоја крема ама не даваше носот да му го пипнеш и затоа антибиотик .
     
    На jelo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ele.na

    ele.na Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2019
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    38
    Син ми има две години пред околу еден месец забележав позади на главата дека има како топче матичниот го прегледа со прсти го допре и ми рече реактивна жлезда е нема потреба од дополнително испитување иако напоменав дека според слики што гледав со месеци уназад му било така пред да го приметам. Сега приметив и дека му се отечени капаците на очите како кога ќе стане од спиење ама отокот трае цел ден веќе неколку дена. Дали би можело да е поврзано и дали знаете точно на кој доктор треба да го однесам да ја видат жлездата подетално дека вака не сум мирна.
     
  12. fragaria

    fragaria Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Еве денес и моето бебе исто
    Како помина твоето? Што испадна?
    На колку часа даваше сируп
    Јас дадов парацетамол ама на 6 часа пак качува 39.3 па спушти па пак качува
     
  13. jelo

    jelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    2.344
    Пол:
    Женски
    4 дена температура, 5 ден воопшто немаше температура, други симптоми никакви, на 5 ден и се појави црвенило по телото (осип после висока темп). И на 4 ден и правев крвна слика се беше ок си укажуваше на вироза. После наредните два дена беше кенкава и поспана. Со лесно да мине мајка. Кога ми качуваше на 4-5 часа темп комбинирав блокмакс со парацетамол. Еден ден бевме така на 4 часа да качува после на 8 часа качуваше па давав само блокмакс.
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.549
    Допаѓања:
    5.189
    Пол:
    Женски
    За температура кај 15 месечно дете, ефералганот со што можам да го комбинирам? Или само ефералган да давам? На 6 саати се дава така, по килажа? Упатството ми е фрлено затоа прашувам
     
  15. Tasha masha

    Tasha masha Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2025
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Колку температура качува и на колку време? На 6 да, половина од килажата, пример за 10кг дете даваш 5мл.
     
  16. fragaria

    fragaria Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Треба да има своја лажичка со кг
    Ако не спушта темп д-р ми кажа да комбинирам со блокмакс на 4 часа
    ( ефералган се дава на 6 ч, блокмакс на 8 часа )
    Ако спушти чекаш 6 ч или барем 5:30-5:45
     
    На Lady*Bug му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    18.534
    Пол:
    Женски
    Ние завршивме во болница тогаш, една недела беше со температура. Дадоа сир. Цефалексин без да земат брис од нос и грло, но не делуваше сеуште качуваше температура. Кога не примија во болница и земаа брис, но веќе примаше антибиотик, брисот испадна негативен, па направивме пнеумослајд испадна позитивен за Adenovirus i Stereptoccocus pneumoniae, ја водеа како горнореспираторна инфекција, носето и беше комплетно затнато. Од терапија и уклучија венски антибиотик Lendacin, така и спадна температурата, изгоре од температура 10 дена се мачеше, не можеше ни да јаде, ни да спие, само плачеше по цели денови.
     
  18. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.866
    Допаѓања:
    16.260
    Пол:
    Женски
    Моро рефлекс е тоа, сосем нормална работа. Загрижувачко е ако го нема тој рефлекс. Исчезнува после трет месец.
     
  19. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    2.354
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми (скоро 16м) падна на глава на плочки надвор (на страна). Се држеше за мене за раче но и се свитка ноџето и не успеав да ја додржам. Плачеше, брзо се смири но некако пребледе цела и се испоти. И дадов водичка и по 10тина минути и се врати бојата на лицето. Но после тоа сакаше само да се гушка со мене во раце и како да бараше да заспие. Реално беше преморена и веќе и се ближеше времето за спиење но дека некако нагло почна после падот да клапнува многу ме засекира. Читам на интернет сега и паничам… Респонзивна беше скроз ама бајаги успана, ја подрасонивме, отидовме пак надвор малку, се развесели , му мафташе на кучето па после внатре зема некоја книга демек листаше ама сепак сакаше во раце само и се гушкаше со мене. Пиеше млеко и мирно заспа гушкајќи ме но еве уште се туфкам ради што пребледе и се препоти така. Нормално ли е само од страв да е така? Беше будна околу час од падот до заспивање, толку издржа…
     
  20. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    872
    Допаѓања:
    1.888
    Пол:
    Женски
    Нормално е. И од паѓањето, и од времето за спиење барала близина Мојава пред некој ден ми падна исто на плочки, плачеше некоја минутка, ме бараше да се гушка, им треба утеха и сигурност...
    Претпоставувам дека пребледела и се препотила од претрпен страв, шок, исто како ние што реагираме.
     
    На dummy му/ѝ се допаѓа ова.