Ова за температурата да се симнува маста? И после 3 дена ништо немаше се се врати на старо? Нас не ни кажа да провериме црп не знам зашо, гледа по леукоцитите ..
Само што се средивме има вирус. Бебе имаше температура 5 дена од кои 2 дена 39.2 и покрај сируп после 4 саати пак качуваше докај 38.5. на 6 саати давав Ефералган кај нас тој подобро реагира од бруфен. Ја однесовме во Козле правевме кс излезе вурус. Ни дадоа витамини Биотрина тие се со колострум за имунитет и витамин ц. Дополнително пошто кажав дека ништо не сака да пие земавме и електролити. Буквално на сила со шприц и дававме се, електролити, вода, млеко, витамини. Последниот ден цел ден имаше температура 37.5 и цел ден спиеше. Од вчера нема температура и цела ми се осипа на грбот, градите, стомакот и малку на лицето. Денес бевме на контрола, поминал вирусот останува само витамините да ги пиеме.
И го видоа грлото? Кај нас така беше ама ангина испадна. Иначе колку даваш бруфен? Обично по килажа се дава па затоа не делува на мл по возраст.
Ох значи може 5 дена да трае... ништо нас само електролити витамин ц ни кажаа да пие не ни дадоа никакби дополнителни витамини ама да видам денес како ќе биде па ако треба утре пак ќе ја однесам... многу е жална значи Јас блокмакс и давам
Да и во Козле и го видоа грлото и денес, беше само благо црвено. Бруфен давав 2.5 мл така ми кажаа и така пишува на кутијата. Сега е добра нема веќе температура ама викендов душа ми излезе.
Е да многу се жални. Ова моево се размази сега, пак сака само во раце, а таман почна сама да си игра на подлога. Иначе да не секираш и мојава обично станува во 6 ама сега спие до 8:30 и еве дневни дремки тера по 2 саати што претходно не се случувало.
Пишува да ама ние има 12кг и 2.5 не е соодветна доза, па ни кажаа 4.5 мл. Па од кога зголемив доза, делуваше Бруфенот. Нема ни мојата од понеделникот, ама 5 дена глава не кренавме.
Е може. Не дај Боже да ми треба ама следен пат ќе прашам. Лош вирус во секој случај. Јас па дека ми се исфрли и дека имаше јака температура одма филм си направив морбили да не се ама среќа не се само вирусот е таков
Не не, обично после вирус знаат таков осип да имаат, ни се има десено неколку пати. Коа ќе се осипат обично е знак дека толку, заврши вирусот.
Не е за температура Претпоставувам за поддршка за дишење или олеснување не знам Мислам дека и кај нас беше вирусот Исто имаше осип Помина некако Исто давав ефералган
Не знам дали тука да прашам Дали е ова нормално? 9м бебе и честп без играчка знае да ја мрда така дланката раката нз Видео во прилог Спојлер: Движење
Мајки кажете искуство со бесконтактниот топломер Microlife.Нема шанси да даде да и измерам температура со живин
точен е, ама живиниот е најточен, јас мерам со живин па после со тој се ориентирам, горе доле скоро исто ми покажува секогаш
Сосема нормално. Живин ми давал најточни резултати. И моите не сакале, ама ако треба и со сила ќе му мериш, ќе го залажеш со некоја играчка, или пак цртан (ако гледа), тоа што се мора...
Кои се симптомите на уринарна инфекција? 16 месеци сме, последните 4 дена има нон стоп температура. Во понеделникот бевме на лекар ни рекоа црвено грло, вирусна инфекција плус заби растат. Забите избија доле 4ки. Не кашла, настинката или грип што и да беше и помина, само нос тече ама температура сеуште има вчера дури 40.4… Приметувам дека заплакува кога мокри. Не сака да ѝ менувам пелена. Чучнува од време на време.
Ќерка ми имаше ешерихија, проследена со 40.1 температура и мочката мирисаше одвратно. Качуваше тт премногу брзо значи од 37.5-40 за неколку минути. Јас во Систина правев уринокултура и и земаа и со катетар чиста урина (бидејќи беше 2м само)
Мајки ние сме 3 и пол месецо задна фонтанела не е сеуште затворена ни препишаа дупла доза Д3 капки за сега тоа, дали има некоја мајка искуство?Исплашена сум..