Од зегин беби раствор солен, не ми текнува на името и носко обавезно земи со правосмукалка, тоа е спасот
Многу висока температура, брзо крева, и тешко спушта, и трае си денови. Мокрачата мириса, и кога мокри може да покаже дека дека ја боли, но не мора да значи. Пробај да фатиш урина, без антибиотик, нема шанси да помине. Ние лани баш овој период лежевме во Козле 8 дена од уринарна, мораше зашто 300 црп качи.
Прскам капки аквамарис солен раствор со пантенол, влечам со носко и ја мачкам со фитобалм. Исто пробај и инхалација со физиолошки раствор пред спиење.
Здраво син ми има атопичен ама до сега само на лицето му се појавуваше. Вчера на рачињата приметив округли промени (рапави се) користиме еуцерин атопи маслена и емолиент. Друго нешто плус треба? На обравчињата кога му се воспали ептен ни дадоа краток период кортико.
Кога е момент да појдам на доктор? Бебе неколку дена имаше затнат нос, му го чистев со аспиратор, сега носот малку му се среди ама почна да кашла и така кога дише малку му свири од градите. Температура моментално има 37,8. Матичната ни рече до 38,5 да не го ни носиме ако нема други проблеми ако е само температура а нормално се понаша, ама тоа што почна да кашла ме загрижува да не му се спушти на дишни патишта. Плус и забите почнаа и немам појма од што му е температурата
Кога се вака мали одма се носат да се преслуша многу брзо спуштаат на гради,со оглед на тоа дека кашла и свири однеси го на преглед што по скоро.
Отиди до Козле за секој случај (ако си од Ск)... Јас прееска ја носев мојава за упорна кашлица од 5,6 дена (без температура и други симптоми). Брзо завршивме..
Никако да и ја соберам урината. Првиот пат се искака лом направи се, вториот пат се изместила и сега пак исто. Мочкана е ама она се мрда многу и и се поместило. Ми покажаа синоќа, гледав и на нет како треба за да не утнам. Се нервирам веќе, а температурава како за уринарна ќе е.
Ние успеавме само со лежење од кога ќе ја надоев, лежеше ќе и залепев и пуштав песнички.. и она ко замајана ќе се измочаше и така ја чекав со отворена пелена и одма одлепував тоа ќесичката. Поинаку не успеав никако. Брзо мочкаше од кога ќе се нацицаше.
Видете некако ако може дасе набават од Србија оние специјални пелени за собирање урина... Многу помага јас ќе пробам да нарачам ..