Ми спомна вработената во аптека дека има такви во Србија. Ај ако најдеш и нарачуваш пиши ми те молам.
Еве ги е сега да се зборниме со аптекиве.. Да видиме како може да се порачаат... Или да побараме некој што иди од Србија да донеси...
Здраво. Бебе 3 ипол месеци нема редовно столица. До 40 дена и до 2 пати, тогаш беше на комбинирана исхрана сега е само на мајчино. Неколку пати ставивме чепле, неколку пати и само се искака. Поскедниот пат немаше столица 11 дена. Ставивме чепче и сега повторно нема 7 дена. Гледано е на ехо и кажано ни е дека има гасови само. Јас ја корегирав исхраната оваа недела. Столицата кога ќе се искака му е жолта и како паста. Помош, полудувам со ова
Исто беше и кај нас, на доење беше само и викаа нормално е до две недели да не кака, а она се мачеше. Не најдов решение, се регулираше кога почнавме со дохрана. Од тогаш па веќе еве година ипол е сега си кака редовно по два пати на ден..
Дали сте пробале чајче Бекутан од Анасон? Знае тој да регулира и протерува. @angel4444 имаа таква мака и мислам на таа возраст и водичка од варени сливи по препорака почна да дава. А со воведување понатаму на исхрана, столица се регулираше..
Мојот од раѓање до 5м какаше на 10-12дена..се регулираше само од себе, без ништо. Со исхрана почнав на 6м, а он веќе 1м си какаше секој ден инаку како побезбедна опција од клизма, давав чајче Бекутан неколку пати ( немаше ефект ) и на 4м ми рекоа превриена водичка од модри сливи 2-3 лажички слободно да дадам, не сакаше ни да ја проба, еднаш пробав само..така што не знам што би ти кажала..
Мојава обратен проблем имаше и исто со воведување храна се регулираше Она најмалку какаше по 7 пати, а имаше денови и до 10+
Здраво мамички Дали на бебе-дете од 16 месеци со многу намален апетит сте давале сируп за апетит Ништо не јади ни млеко не пија на педијатрија певме ни рекоја дека е во ред дека менува
Капки сега на 11 месеци ни дадоа и еве јас не можам да сфатам како се ставаат капки на бебе. За мене спреј е подобра верзија. Прскаш и со сигурен дека влегло во носето. Не знам зошто го нема Бекутан спрејот сега веќе ама за мало бебе беше совршен.
Неделата завршивме на дежурен беше затната цела и црвено грло 5 месеци е .Ни дадоа аква марис за бебиња спреј еве денеска е супер.Предтоа капки користев.
Мајки од кој дигитален топломер сте најзадоволни? Имаме пробано неколку и ниту еден не покажува точно па последно користевме од оној класичниот стаклен како најточен ама бебе како расте станува бесно не трпи ни минута да му го држам и вчера еден скрши и сега веќе имам страв од такви топломери.
Јас имам микролајф ама пак мерам три пати и вадам средна вредност. Или ја седнувам да гледа цртани и тогаш мерам да не рипа на сите страни
Мајки ве молам да ми кажете доколку некоја се соочила со овој проблем. Бебето ми е 7 недели, веќе една недела е исфрлено по лицето, околу вратот накај грбот и градите и во главчето. Ситни црвени, знаат да се смират меѓутоа знаат и да зацрвенат многу како кластери. Ставам две слики колку можев да фатам.
Ова се бебешки акни и се нормална појава, скоро секое бебе ги има. Хормони се од мајката, поминуваат сами по себе, немаш потреба ништо да ставаш. Знам дека изгледа лошо, ама ќе ги снема за некоја недела. Мојата беше бетер од ова.
Мислам дека се бебешките акни секое бебе ги има и се чистат сами од себе. Страшно изгледа ама не се страшни, мојата беше лом цела па после стакло и беше лиценцето