Катастрофа не го ни пипнаа детево, да проверат рефлекси дали све е ок... дури било нормално и два часа да биде во таква состојба. Два ласа без воздух и згрчено, да се чудиш
значи чоек ко ќе оди со таков проблем подобро да не кажува дека претходно примал вакцина,може ќе го прегледаат детално. Жално е што за дете се работи а не функционираат.
Покрај должина и тежина обавезно прегледуваше рефлекси, фонтанела, ушиња, гради, грло и дали е доволно цврст, дали движи нормално глава, раце, нозе, поставување на меше, куре, тестиси, меше на допир... Кога прооде и го пушташе да трчка да го види а сега кога збори го прашува нешто. Плус на тоа од нас зима податоци што како.
Само едно прашање,вчера бебчо ниту еднаш не се покака се стегаше мислев запек е грчеви па масирав едно друго... Се смири некако. Денес досега 2 пати многу течна столица ама е порасположен од вчера. Да тркнам на лекар или да очекувам да се испразни? Со оглед дека вчера ниту еднаш не се покака
Чај од суви сливи, ако го доиш пиј и ти. Марчи ако се само тие 2 течни столици нема потреба веднаш на лекар да трчаш. Не се оди на лекар за секоја течна столица, за секое мрсулче и за секое брунче.... барем тебе не ти е прво детенце па да се потресуваш до толку. Здрави деца носете кај болни и кога треба и кога не треба, со што само ги зголемувате шансите да закачи нешто. Нормално е бебе да има течна столица, тоа не е пролив, кога ќе се искака 3-4 или повеќе пати во рок од 1 час тогаш е алармантно, вака не.
Е ама друго е кога некој ќе ти ја смири паниката и ќе ти каже дека не си единствен случај и нема потреба за паника.
Не е толку итно ама ајде да прашам и тука.. Откако големиот батко тргна во градинка малово раат не виде(9 месеци) Значи од нигде качи 39.5 тт итно на лекар к.с не баш убава и доби амоксиклав. Моја грешка не го доби антб до крај само 5 дена пиеше.После 4 дена од сирупот почна носето да тече како водичка.Докторката го ѕирна вика ова не било долечено сега го повратило ќе пробаме да помине без антб.Ама од вчера почна да има некоја мутава тт 38 па 37.2 па 37.5.Повеќе од 38 не отиде.Денес к.с супер не покажува ништо.Ставот на докторката е да го пратиме како ќе биде она вика дека е вирусче.Да чекам ден два или нешто друго да испитувам.Исто прашав дали може да е бактерија она вика да беше активна на к.с ќе појавеше.Спомна за мокрачата ама ниту имам приметено миризба,си полни нормално пеленки.
Чекај. Вироза е, ќе помине. Иначе, да знаеш дека ова ти е бенефит за малото, кога ќе почне во градинка би требало да биде поотпорно. Нема правила, ама кај мене тоа беше случај со второво.
Аиии и јас се тешам така.Вистина малово е гревче ама и на големото неможам тоа задоволство да му го кратам зошто стварно му е задоволство.И малото после година ипол ќе оди во градинка.Тешки нека се само вирусчиња па ќе се издржи.
Мамички да ве прашам за мислење . Малечки сме 3 и пол недели и кога плаче често му мерам температура прво дете ми е и се потресувам. Скоро при секое мерење температурата му е 37.4 но на доктор а и патронажната сестра кога ја прашав ми рекоја дека таа температура била нормална за бебе се загревало од цицање од држење во раце. Некое мислење за ова?
Знам дека не треба ... ама дека на неколку пати што го мерев имаше 37 и после тоа кога о да го измерам има 37...
Бебка ми настина... Ќе си цркнам од мака. Свекорот е болен и валјда и тоа префати. Мислев да не го облекувам многу па се поти и така настинува ама и небитно. Тт е до 37.5, аспирирам носе и вечерта е пред мене. Колку пати можам да ставам солена вода во носе?
Бебињата немаат развиен систем за терморегулација, па може и да се претоплува ако го облекуваш многу. Нормална е таа температура околу 37. Немој да мериш толку често. Солен раствор колку сакаш може, ама ако не тече носето, немој да аспирираш. Нема што да излезе ако е затнато а не тече. Повеќе течности (цицање), ќе биде во ред.
Majki golemata cerka 5ipol god, ja zemav od gradinka pred malce i koga bevme nadvor od gradinkata se cesase na stomaceto vidov ndkolku crveni siroki tocki. Doma koga dojdovme i smeniv oblekata i se e vaka.. Od nozete nagore, malce mese a i racete malce kako da pocnuvat... Sto e?