Ако не оди повеќе од 38.4 нема потреба да даваш антипиретици наизменично. Тоа се прави ако тт е висока, над 39 и со парацетамол не се симнува, може после 4 часа да дадеш Блокмакс.
Цела ноќ е со темп околу 38.4/38.2. Давам Ефералган на 4саати, ама не му ја спушта. Каков друг парацетамол давате? Да го сменам утре. Го намачкав на нозете со сенф сега, читав помагало кај некои. Имам алкохолен оцет, да го разредам со вода и да му ставам на чорапите? 10м е.
Мајки , бебуш има месец и половина.На неколку дена се случува да има суви мрсулчиња во носето и тоа бааги долги колку цела ноздра околу 1-2 цм. Инаку кога бевме на контрола кај педијатар и кажав дека хрчка од време на време и дека вадиме по некој густ секрет , ни рече дека градите му се чисти. Дали е нормално сеуште да се чисти преку носето?
Еферлеган чепчиња Далерон сируп Парацетамол сируп Се е тоа Парацетамол. На таа Т не давам ништо ама ако не се мачи. Ако кемка, стенка, плаче во сон тогаш да. Подобро да му олесни и да спие мирно, отколку да му биде лошо. Нормално е, се чисти од плодовата вода.
Мајки бебето ми има 6м пија антибиотик сабајлево ми крена 39со1 дадов парацетамол и ставив чорапчиња натопени во оцет.. Што друго да превземам??
Доколку имаш чепчиња за тт стави побрзо дејство имаат и ќе диазепам се ставаат на висока тт. Нека каже некоја мајка што има ставена на која тт се ставаат тие чепчиња. На мојата во болница на тт од 40,1 и ставија диазепам . Доколку можеш купи си етанол од аптеката мислам дека од 7% е во болница ги мачкаат со такво и има побрз ефект од оцетот.
Падна Т? Штом си дала веќе засега тоа. Туширај во меѓувреме, без главата . Ако и после 4 часа го држи над 39, дади Блокмакс. Диазепам само по совет од педијатар.Вакво нешто на своја рака не.
Еве веќе 2 часа поминаа од парацетамолот, спаѓа 38 со 6 е сега. Која температура на вода за туширање да биди? Прв пат ми е незнам ништо ☺️
Значи многу се изневирав. му го дадов бебо на мм да го прошета јас да средам по дома. Му се јавувам после еден час кај се, ми вели еве кај другарот во комшии да си поиграле малите. одам јас да си го земам, коа гледам детево од 3 години целиот затнат со мрсоли и кашлање и го земав бебо и дома. почнав да му викам како може така да го носи, нели гледа дека е болно другово дете и он демек ништо не е. Само 10тина минути биле таму. и сега ми е страв ептен да ме се разболи. што превентивно можам да направам или да му дадам? 10 месеци е. И ако иѓа нешто префатено кога ќе почне да покажува знаци?
Незнам колку ти е за утеха, и мојата има мрсолки и кашла од нив а е веќе здрава 4 дена. Ова чисто да ти кажам дека може да не е болно, а ако е утре дури би требало да покаже знаци.
Ништо не треба да дадеш. Период на настинки е. Нема на кој не му тече носе. Не можеш ни дома изолирано да го чуваш. Ако се растече носе, спрејче физиолошки, капки по потреба, спрејче со диво оригано...
Не паничи мајка, надвор биле, не у затворен простор. Измиј му рачиња, лице, пресоблечи го ако ете ти е мисла дека се допирале и готово.
Малиот мие втор ден со температура,правевме крвна слика добра е,грлото му е црвено само. Во 1 часот ми качи пак 38 со 5 дадов чепче не ја симна,пред пола саат имаше 39 и дадов Блокмакс и заспа сега мерев 37 со 6. Матичната не ми даде ништо за грлото ми пиша антибиотик ако е лоша крвната слика за да дадам. Незнам дали да му дадам ради грлото што е црвено?
Побрзо да ви поминува.Јас не би давала од блокмаксот ама на пр далерон ти симнува од пола степен до степен.Нас што е најтрагично после антибиотикот 2 пати не врати,некое вирусче.Сега сме на мрсули ама па грлото ок и нема тт