мислам дека џабе паничиш. Прво во стомакот е тесно и логично е едно ноџе да нема простор да се рашири и издолжи. Второ одкако ќе се роди има доволно време и ширина да дорасне. Едно бебенце од комшии се роди со чудна сплескана глава така било поставрно во стомак после со тек на време си се оформи главчето.
Здраво, бебето ми е 9 месеци, имаме проблем, два три дена вклучувајки и денес прави чудно движење со рамото, го згрчува и тресе. Тоа трае многу кратко две три секунди... Го прави неколку пати на ден... Секако ќе се консултирам со педијатар но би сакала да прашам дали некој има слично искуство или е запознаен со ваков проблем? Благодарам.
Малата моја беше со едното стапалце свиткано навнатре чудно и цело време така го држеше.. тоа така било дека така била во меше, ми рекоа не се грижи ке се среди, па стварно само се среди. Не си прави стресови, ке одите на ортопед на 2м, па и да има нешто.. на време откриено ке е и тогаш. Знам едни кога бев на ортопед, бебето прв пат го носеа на 4ипол м, а имало проблем со колкот, докторот ептен се нервираше зашто толку касно го донеле прв пат, зашто потешко се средувал проблемот. Спомни ти бар на матичен педијатар кога ке одите на редовна контрола, ке прегледа и он, ке каже. Може и така легнато било, па ти се причинило..
Фала ти на мислењето миличка... Го однесов на матичен педијатар, рече не гледам проблем, но секако донеси го на 6 недели да направиме ехо на колкови. Помирна сум сега.
Здраво феминки, се породив претходната сабота, тешко бебе 3400 долго 51cm, здраво право фала му на семоќниот Бог, јас сум веќе на нога се движам без проблем и генерално се е во ред. Пред 2 дена имав посета од патронажна сестра и ми кажа дека бебе има добиено жолтица, ми кажа дека се прочистува со светла просторија и кога ќе биде убаво времето да ја вадам на тераса на сончевите зраци и дека ќе се прочисти.. Дали некоја има и некаков друг лек? Второ нешто од истиот ден почнавме со гуралки на очињата прво по малку па денес неможе да си ги отвори воопшто.. Со мака со сопругот ги чистиме со газичка натопена во камилица и и ставаме капки да и течат по очињата но после секое спиење е иста песна.. Дали има некоја со слично искуство? Секое мислење ми е добредојдено, однапред Ви Благодариме
За жолтицата како што ти кажала патронажната, сончеви зраци кога е убаво и многу цицање ако цица. Друг лек нема.
Најпрво честитки, да е здраво и живо бебенцето. За жолтицата точно треба сонце за билирубините, и доволно течност т.е. млеко за преку мокрење да се исфрлаат. За очите камилица на новороденче не е препорачливо воопшто, иако постарите педијатри препорачуваат. Само физиолошка течност за око и пребришување со стерилна газа. Ако сепак не се повлече може и брис да земите, а и каналчињата знаат да се затворени кај бебињата, се средува со масажа. Прво со физиолошки пробајте.
@Elinora немој камилица на толку мало бебе,или да не ти речат да му капнеш мајчино млеко дека одма ќе му помине. Мојот во болница фати и му се залепи едното скроз му капнуваа таму капки Тобрек мислам се викаа,за 2 дена како нов беше.Конултирај се со педијатар. А за жолтицата ако цица давај и почесто и добар е советот од патронажната.
Malata denes polni eden mesec. Na adaptirano mleko sme Nan 1 potocno. Od pocetok se bese vo red no sega veke 2 veceri se maci da kaka zosto kakata e posuva od obicno. Ima li mesto za panika? Ima li nesto sto moram da napravam ili samoto ke pomine? Dali e normalno? Zaradi ova se maci i da zaspie.
Кај мене малата имаше 3 месеца жолтица која била од некој протеин што сум го имала во млекото тоа било чест случај мада обично за 2 до 3 недели се чисти жолтицата кај бебињата освен ако не е лактациска. Лек ти е повеќе цицање и секој можен сончев зрак да го искористиш. За очињата капки ни даде матичната торбекс мислам се викаа и со тоа се исчисти. Не се плаши ништо само буди бебе на 1.5 до 2 да цица бидејќи од жолтицата се поспани. Нека ти е живо и здраво бебчето
\ Не се грижи, нормално е за толку мало бебе. Додека му се среди мешето ќе има грчеви, додека се адаптира на се ќе има мака со столицата. Ќе помине, помага да ја ставаш меше на меше на тебе, да те почувствува и да се топли на мешето. Поздрав , растете
Мајкички малиот еве два дена како кај очите му се пуни жолто лигавко на почеток на очите. Нервозно ги трие и носот исто со непцата,плаче и кашле дали е се ова од горните заби зошто се набрекнати? Или болно е
На педијатар Да види дали треба да се земе крв за да испитаат билирубините за дали треба на клиника да одите за сончање. За очите Тобрекс капки, секако ако каже доктор. Камилица не.
Жени збеснав од нервоза малиот има месец ипол и во окото му најдоа бактерија МРСА додуша има уште една ама покрај мрсата оваа ја одумувам.Имал ли некој вакво искуство значи ќе препукнам од мака