Со пумпица влечев сва-три пати. Кога видов дека има крвца престанам, веќе неколку дена не влечам а крвца пак има
Не влечи. Само капки/спреј ставај, солен раствор. Ќе се исчисти и ќе се смири крварењето. Треба да зарасне раничката внатре, со секое влечење ја раскрваруваш.
Не е итно ама ме загрижува. Малата пак има осип доле и внатре и е црвено. Бидејќи е пречесто дали може да се работи за некоја уринарна инфекција или мора да има други симптоми?
Обично уринарните се манифестираат со висока тт и печење при мокрење, што не е секогаш така. За да си сигурна направи и урина. Осипот кај малиот беше од влажни марамици, па преминавме на туфери натопени со чај од камилица и крема со цинк. Веќе 4 месеци сме без осип. Ако користиш влажни пробај неколку дена без нив.
Не користам влажни, директно под чешма, сушам убаво. Поминува некое време со кортико и пак се појавува.Тоа што ме загрижува е што и внатре и црвенее. Затоа помислив да не е нешто такво. Ќе купам кеси за урина и да не е тоа да се исклуче како опција.
Може габично да е. Уринарната инфекција не секогаш дава такви надворешни симптоми, можеби чешање. Јас кога имав уринарна инфекција имав јако надворешно чешање и секрет, болка во бубрези, а црвенило и осип немав. Направи уринарен статус, ако покаже бактерија, ќе направите и уринокултура.
Пробај да смениш бренд на пелени. Може да не одговараат пелените. На моето дете кога беше бебе Памперс му правеше страшни проблеми и Виолета. Другите брендови му одговараа.
Ќе направам дефинитивно. Виолета користиме. Еднаш се сменети од Кан бебе на Виолета поради истата причина. Памперс исто не и одговараат. Ако знаете некој подобри да ми препорачате. Читам на Бејбилов ама кај нас ги нема.
Нема ДМ кај нас Ќе ги пробам и тие. Исти бевме и ние од Памперс. Фала многу. Сега се слушнав и со матичната, потврди да се земе урина па ќе видиме резултати.
Презадоволна сум од Пафис, сега користам Даиперс исто сум задоволна и од нив, пробај. Жени ноќеска цела, ама булвално цела ноќ плачеше синко, мрсулчиња му течеа и неможеше да спие и мн се нервираше, направивме крвна слика покачени ЛЕ, грло малку црвено, нема температура, матичната ни даде антибиотик и ми рече ако продолжи така да почнам од утре да му го давам. Кажете ми како би постапиле, прв пат со ова се соочувам, несакам одма антибиотик да давам, нема ни тт абе душа ме боли како плачеше среќа па со цицањево малку се смирува.
Само со малку покачени леукоцити добивте атб? На мојот стално му се нешто над граница. А за носот само редовно чистење и спрејче за нос од типот на Оперил или Септаназал пред спиење штом е толку затнат.
Даа, јас несакам да ну давам одма, значи ноќеска почна да течи носето, пред тоа ништо, на граница му беа, не многу покачени, фала ти најмногу што ме охрабри, оти мајка ми како ме изнервира, дај му одма не чекај да му слези на плуќа и викам не давам одма, да видиме како ќе биде утре...
Во еурофарм се најефтини и за 2 пакетчиња имаше сега гратис прекривка или прашак за перење. На висока перница го легнував ама џабе нон стоп стануваше со плачење
Исто и мојата плачеше па ставав спреј а подигнав на мене да ги голтне и пак назад и така едно 5,6 пати вечерта.