@lackygirl не ве знам колку сте стари, но можеш да прашаш матичен за инхалација со физиолошки раствор само или и некој додаток на капки. Мојата е 2год и од некни и се затна носот при спиење сега и правам инхалација со физиолошки раствор и бисолвон капки и има подобрување
Точно 1 година, 14кг е, му ставам денес септаназал 3 пати по 1 во двете ноздри, нема уште тт, па ќе видиме ноќва како ќе мине. Течи како чешма носето и му солзат очите. Фала ќе барам утре за инхалација.
Септаназалот е нешто како солен раствор? Немам од него до сега користено. Ако е солен раствор за полесно да го чистиш носето после чистење мислам дека треба и некои капки да ставаш. На мојава после чистење ставам 3 пати по 1 во ноздра од оперил за деца и повеќе од 7 дена не се користи . Тоа како еден вид терапија му доаѓа. Сепак најдобро ќе ти каже педијатарот.
Не е солен раствор. Сличен состав има на Оперил. Ама може да се користи подолго, 7 дена конкретно. Оперил е од 3-5.
Мој совет е да даваш,сигурно има причина штом му дала да пие. И синко еднаш ми се разболе 2 пати во месец. И првпат ми даде антибиотик,и вториот пат отидовме,пак антибиотик. Е,си викам ништо не разбира оваа,сите против антибиотици,оваа упорно ни дава. И решив не давам. Прашував тука,повеќето ме советуваа да давам,ама јас решена,па уште и без кс ни даде да пиеме. Два дена тераше само со инхалации,за третиот ден да почне многу подлабоко да кашла. Дури тогаш се свестив дека ќе направам беља и почнав да му давам сируп. За двата дена состојбата доста му се влоши. . Ова е моето искуство,одлуката е твоја.
Фала кити ќе тркниме утре до итна да го наслушаат пак, блиску ни е амбулантата ќе слушнам и др мислење од др доктор, подобар е од септаназалот малку му запре носето, тт не крена 37,2 му е мерено во газе. Фала на сите.
Мајки вчера примивме рота вакцина. Не ги примивме петовалентна и шестовалентна порсди високи леукоцити. Два дена по ред бебе има темно зелена кака , педијатарот ми рече од настинката дека е , но утрово при ждригнување после подој ми врати млекце со розева слуз. Од што би можело да е тоа , матичен нема дежурен за викенд, а ме копка да не има нешто болки.
Мене после Бејбилове, Пуфис ми се најдобри. Пробај ги нив. @lackygirl колку му беа леукоцити? На таа возраст нормално е да се малку над границата што е за возрасни. На мојата и беа 12 и матичната рече дека за нејзина визраст се супер кога имаше т и не треба никаква терапија. И на неа сега и тече малку нос ставам физиолошки и аспирирам и доста подобро и е носето. Додуша она не е нервозна и не се гледа да и пречи тоа што и течи.
Незнам точно колку бидејќи мм работи во амбулантата и одма ги однесол на матичната, биле на граница, но не над. Таму остана резз. Сега се слушнав со мм добар бил, аспирарале носе, јадел, весел бил, немал тт си велам дека нема да има потреба од атб.
Зелена кака после примена вакцина за рота е нормално да има. Мојата првите две дози имаше зелена кака 3 дена после вакцината. Третата доза кога ја прими качи и тт и поврати неколку пати. За розевата слуз можно е да ти се разранети брадавиците и од тоа да е.
Ќе си пукнам се испоразбплев, ми дадоа амоксоклав... Едната докторка вика не смеам да дојам ако ги пијам, во аптека исто, другата докторка вика смеам да ги пијам, од кај таа логика дека не смеам и на малава може да пие антибиотик ако има потреба... И сеа? Кого да слушаш у пм.. А релно имам потреба од антибиотик се распаѓам
Па не знам дали е алергично... Претпоставувам дека не, има пиено сируп цефалексин ама не знам дали спаѓа во иста група
Не се баш во иста група. Пиј, ако забележиш промени кај малото (осип, течна и честа столица), ќе го прекинеш.
Малата ми е скоро 3 месеци, цел викенд ми повраќа после секој подој некогаш и два пати. Од што може да боде само на доење сме
Почна носето да и тече ко лигаво вода изгледа ја фати нешто од мене а... Шо да и направм друго и ставам физиолошки раствор