Мајки од што може да ми повраќа бебето, има 3 месеци, веќе 5 6 дена повраќа, бевме на педијатар немаше намалено килажа, ама имаше малку качено, не како обично, педијатрата ми рече само да цица, а може и чајче, но еве 6ти ден денеска уште повраќа, а расположено си е се смее гуга, нема температура, единствено што грчевите ни се вратија навечер, мме плаши ако почне да паѓа килажата што тогаш?
Мајки помош за гуралки. Бебе беше настинато цела недела, сега ја управивме, но со гуралките никако, дури очињата се залепуваат после спиење..
Од носето веројатно. Консултирајте матичен или дежурен лекар за терапија, на моиве обично Тобрекс им даваат.
Има ли нешто друго што може да се направи кога бебе има проливче? Малата има скоро 2 и пол месеци. Цица и по потреба бекутан чајче пие, не повеќе од 60 мл на ден. Столицата и е се уште течна, на доктор ми кажаа нормално било. Кака еднаш до два пати во денот. Ама денес еве веќе шести пат. Од тие 6, четири пати беше количински ептен малку, и два пати пообилно. Се смета ли тоа воопшто за проливче или треба почесто да е? Едит: Заборавив да напишам. Вчера каснав една вилушка зелка салата. А сменивме и капки, Д3+омега давам од вчера. Ако влијаат тие врз столицата.
Ме збуни зошто е многу почесто од вообичаено. Веќе месец и пол си кака помалку. А малку во паника зашто планирам на вакцинирање да ја носам, па се следам.
Зависи и ти што јадеш, и она колку количински цица, се менува столицата. Пролив е над 4-5 столици во еден час.
Лимфоцити покачени, средни клетки намалени. Др вика нормално било за бебиња. 4 месеци е. Утре треба да прими вакцина. Ок е?
И кај нас лимфоцитите беа покачени,а гранулоцити намалени. Кога ја пратив кс на педијатарот рече во ред е може на вакцина. Ваму кај што ставивме вакцина исто ја видоа ништо не рекоа.
Мамички што е ова? Пред два дена беше како сува кожичка, мачкам со Мустела за пеленска регија. Синоќа гледам вакво станало. Ви личи на габична инфекција или? Благодарам однапред.
@Annath Го пресоблекував и гледам истекло гној и се намалило. А ми личеше суво како лишај. Ќе го носам да го видат секако. Фала ти.
Мајки,дадов Парацетамол и по не цели 5 мин ми поврати обилно. Кога можам да дадам следна доза, ве молам за одговор.....