Итно! Прашања за здравјето на бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.131
    Допаѓања:
    124.466
    Ќе го следиш, ќе проверуваш дали е топол , малаксан, очињата обично им светнуваат. Мојот секогаш е 200 на час па кога има температура и со 39 не застанува, па морам да мерам и да го пипкам почесто на челото.
     
    На pepapa и Dijana993 им се допаѓа ова.
  2. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Колку дена смее да се користе Афлодерм, ставам 1 на ден?
     
  3. Корнелија

    Корнелија Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Чим сабајле има 37.3 се очекува навечер да е повисока, но и не мора да значи. Морас да го следиш детето, мери почесто тт.
     
    На Dijana993 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.346
    Дали има лабораторија што работи во недела? Антонија има температура вчера и денес. Вчера најмногу до 38,денес 38.7. Бевме во петокот на лекар зошто и течеше носето, нема ништо на грло и гради, од забите кажа докторот и ми рече да очекувам и температура, но денес Антонија почна и да кашла, а мрсулчиња имаше и во каките. Совет доколку не се спушта температурата или се спушта па за 4 саата се качува над 39 кој пат да го фаќам?
     
  5. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Систина има. Може и по дежурниве да има.
    Прскај во носе солен раствор.
    И носи ја утре пак на доктор.
    Секако КС не е баш валидна во првите 24ч. Од кога ќе крене температура.
     
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.012
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    на еден српски сајт мислам дека беше,читав дека симптоми на настинака се слични на симптоми на вадење заби и често педијатрите прават грешки. Само што разликата е во температурата. При вадење заби бебето не крева голема тт односно не повеќе од 38-38.5 . Се што е над таа тт е или настинка или вирус.
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.807
    Допаѓања:
    202.813
    Пол:
    Женски
    Нема симптоми на вадење заби, педијатрите не мешаат ништо. Не шири дезинформации те молам. Од вадење заби не се крева температура во никој случај, ако беше така, децава ќе креваа температура и кога им растат трајните заби.
     
    На Корнелија, duffi, fana и 10 други им се допаѓа ова.
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.012
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    не се дезинформации. Баш ќе споделам кога ќе најдам на истото. Е сега тоа дали се во право или не е друга приказна.
     
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.604
    Допаѓања:
    76.836
    Пол:
    Женски
    И мојата матична вика дека од вадење заби не можело да се качи темп. Можел да падне имунитетот и да закачат нешто полесно и така да качи тт, ама да има темп од избивање заби не можело :?:
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  10. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Совет доколку качува над 39правец доктор. Има дежурни. Симнување со парацетамол на 4 5сата, ако тоа не помага чепче, облоги ладење во поладна просторија седете. Крвна слика и добар доктор ќе процени дали е за антибиотик. Инаку и јас имам дилема со тт од заби. Повеќе мислам дека можно е од процесот да настане некоја инфекција и слично. На другарка моја и креваше малата 39од заби наводно. Се друго и беше ок. Мене не ми е јасно тоа уште.
     
  11. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.012
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    за блага тт дека можат да качат многупати имам слушнато. ама изненадена сум кога свекрва ми ми кажуваше за една жена - нејзина фамилија девојчето дека кренало 39 тт па дури со инекција на лекар ја симнале. Е тоа не ми е ич веродостојно за вадење заби. Со првото немав маки вадењето заби ама тројките ко излагаа крена 38 и брзо му спадна. Без парацетамол со ладење. И после тоа не ми крена пак.
     
  12. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.301
    Допаѓања:
    182.584
    Пол:
    Женски
    Не повеќе од 3 дена, барем мене така ми кажувале.
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.807
    Допаѓања:
    202.813
    Пол:
    Женски
    Па ако повеќе веруваш на квазиречи сајтови, ок, твое право. Јас повеќе верувам на доктори и книгите од кои учев. А таму никаде не се спомнуваше температура како симптом за вадење заби.
     
  14. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.652
    Допаѓања:
    37.303
    Пол:
    Женски
    Да се вклучам во дилемава со тт и заби. Еве го син ми, веќе 5 ипол год,во фаза на излегување на 6ки,минатата недела еден ден пролив и тт до 38. Проби првата. Завчера,вчера повторно проливче и тт. Се гледа дека ќе избие и втората 6ка. Не е висока тт но јас морам да дадам парацетамол заради историја со грчеви.
    И од првото никнато запче на 6 месеци,започна голготата со претешко никнување на сите заби,кои да напоменам излегуваат расипани. За 4ки и 5ки не сакам ни да се сетам,сите наеднаш пробиваа,па покрај високата тт два- три пати се воспалија и ушите.
     
  15. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Уф касно пиша :worried: Веќе 5 ден ставам, нема ни подобрување. Ништо ќе ја носам пак кај матичната. Фала.
     
  16. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.301
    Допаѓања:
    182.584
    Пол:
    Женски
    Афлодерм обично дава брзи резултати, кај нас веќе по еден ден има подобрување. Носи ја, може не е погодена терапијата.
     
    На BabyT* му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.807
    Допаѓања:
    202.813
    Пол:
    Женски
    Ушите не се воспалуваат од растење заби. Ама добро, верувајте во што сакате.
     
  18. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.652
    Допаѓања:
    37.303
    Пол:
    Женски
    Не реков дека ушите се воспалија од забите,пишав дека самиот процес на никнување на сите заби беше проследен со тт,опаѓање на имунитет кој се манифестираше на различни начини,еден од нив и воспалението.

    А како поинаку би си ја објаснила оваа ситуација од минатата недела и сега? Избиваат две шестки,пропратени со висока тт и течна столица 1-2 во ден?
    Добро рекол некој дека во медицината никогаш 2+2 не е 4 :)
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.807
    Допаѓања:
    202.813
    Пол:
    Женски

    Не е од растењето заби. Да, не секогаш во медицината 2+2 е 4, ама за паднат имунитет забите можат да бидат причина. Но не и за висока температура. Течната столица е од зголеменото количество плунка, а температурата е од вироза. Да, има вирози со едно качување температура... никогаш не мислите дека можеби имунитетот е посилен од порано, па затоа и организмот се изборува со едно качување тт? Има и стомачни вируси што траат еден ден, со две три течни столици и малку покачена тт.
     
  20. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.346
    Антонија крена 39.4 дадов сируп, падна на 38 и со толку плус минус ја поминавме цела ноќ. Нозе и раце ладни камен, и гореше челото и телото. Крвна слика уредна, црп исто. Вирус ни кажаа. Еве ја денес со пониска температура 37.5-6-7. Инаку со температура беше од саботата, денес понеделник и правевме к.слика што значи веродостојна е. Со таа температура беше весела, играше, јадеше, денес со оваа е кенкава и одбива да јаде, цицка не сака ни да види, штом ја легнам во положба за цицање почнува да плаче. Мрсули како водичка и течат. Има ли шанси да ми се одбие од цицање?