Туширај ја со млака вода, наполни коритцето и истури сода во водата, нека си шлапка 10 мин ќе спадни. Сирупот и чепчето делуваат после саат и пол. Нуди ја повеќе течности или нека цица често. Рассоблечи ја и измасирај ја со разреден алкохол/ракија со вода. Пази со оцедот, синко мој се нафрла на ноџињата прејак му беше. Разредувај го со вода обавезно. Или стави компир сечен на кругчиња на табаните. Или ладни од фрижидер чорапи. Лесна облека, само боди, и танки пижамки без чорапи. Со лесно мајка, утре ќе биди подобро
Фала ви најмногу, еве на чепчиња не се сетив, денес ќе купам од аптека. Испи малку сирупче ноќеска и го ставив во шишето со малку топла вода и како чај и дојде благо и се бендиса така, ставив и чорапи со оцет разреден, од кога се исушија ациди борици ставив, и облоги со вода на чело и на грб. Сега спие, пак има 38.3 не знам дали да ја будам да давам антибиотик и ефералган... А кој е ефектот на содата? Јас ја бањам ама само со млака вода.
Содата исто симнува температура, ама може да ја исуши кожата. Мене најдобро ми е чорапи со оцет за симнување. Антипиретик се дава на температура над 38.5. Така што ако има 38.3 и мирно спие и убаво дише не ја буди. За мало бебе најдобро е чепче. Нема потреба да го лажеш. Плус некои имаат и нагон за повраќање при температура па чепче е посигурна опција. Само треба да видиш какво да ставиш според тежина. Има различни чепчиња за различна тежина. Со лесно и побрзо да помине.
@lady.N каква е состојбата денес? Јас на 39 тт ќе одев пак на лекар. на детско одделение на дежурна...
И јас само што помислив на нив џабе одењето ќе им биде, на 40 тт појдов ме вратија дома. Се чека 3 денови, ако и после тие дена не помини тогаш на детско.
Нас ни е тешко и болно, ама нив око не им трепнѕва. Точно 50 минути чекав смена да си предадат, а бебе 40 тт имаше. И упорно им кажувам дека гори бебе, одговорот беше : Имам царски, а еден др не дај боже да се искомплицира, ќе чекаш и 3 саати. Вика ништо не е 40 тт, разладувај го. А мене срце ми се кини. Тоа е
Не знам оти веднаш очекувате инекции за температура, тоа е најлошата варијанта, застaреа и повеќе никаде не се користи, освен кај нас. Со некои застарени доктори или мајки кои сами бараат. Со боцкање, обично на дексаметазон, урбазон.. само се маскираат симптомите моментално. Детево изгледа здраво, а не е излечено, рушум се прави во организмот. Оставте го да се избори со температурата, впрочем тоа е добар знак, дека организмот се бори против вирусот. Додека е со Т хидрирајте и ладете. Ако е многу омалаксано, одбива се, долго го држи Т, тогаш секако на лекар.
јас лично веднаш не очекувам инекции и инфузии за тт ама веќе штом дојде над 39 не можам да останам рамнодушна. Тт не е играчка
До 38.5 не се дава антипиретик. Над 38.5 се дава парацетамол или ибупрофен. Ако детето не е страшно малаксано/дехидрирано и слично нема потреба од ништо друго освен антипиретик и разладување во домашни услови. Полошо е да се мкне дете по болници ноќе, ако има температура само од вирус или нешто слично.
Да не е играчка, ама не е и состојба за паники и барање инекции. Треба следење и ладење, нудење течности. Ќе падне секако.
Еве не да не не мислите Вчера цел ден со тт 38.5, разладував, бањав, околу 18ч качи 38.7 па ставив чепче. После следев ситуација, ноќеска спиеше мирно, тт до 37.5. Денеска нема тт, весела е си игра. Малку почна да поткашлува, а носот не и тече. Не знам што да очекувам, дали ќе и се развие кашлица, ама мислам дека најлошото помина. Само мене изгледа ме префати од неа, почнува да ме боли грло и глава. Инаку на тема инекции, и јас сум за да се избори природно, ама кога видов толку висока тт па и бебе плаче, одбива сируп, испаничив ептен. По доктори не планирав да ја носам ноќеска знаејќи го здравството тука затоа и отидовме дента на педијатар. Фала ви друштво на советите и поддршката, многу ми помогнаа навистина.
И пак јас. Ај некој нека ме просветли колку денови се дава антибиотик кај бебе? 3 ден е денес, ама не сака да го пие малата, го плука и плаче, па го давам на сила со шприц... Можеби и не беше за антибиотик работава ама мене ме испаничи температурата, а и прва настинка и е. Следен пат како поискусна ќе барам брисеви и испитување урина.
Давај барем уште 2 дена. Јас знам дека треба 7 дена, но мојата веќе е 2 год. Сепак прашај си педијатар.
Да не влечам бебе по лекари што мислите? Со што би можела да мачкам? Се работи за лице за 5 месечно бебе.
Моето вака се исфрла околу устата кога гризе мечиња и такви слични крзнени работи, ама и поминува за саат два.
јас па мислев како да му е сува кожата на лице. А се лигуши леле мајко и башка се шлака со рацете по цело лице. И да за ден - два поминувало
Има лишај и јас забележав ама не бев сигурна. Како и да е не е црвен, може да е од ладниот воздух. Хидрирај му ја кожата.