Мајки што давате за шлаем.15 месеци сме давам АЦЦ јуниор ама веќе 3 дена хрчо,тешко диши и ништо не јаде Бевма не лекар нема ништо спуштено само ми рекоа инхалации
Пишуваше @AlicaInWonderland некој чај од ленено семе. Носот чисти го со физиолошки и аспиратор, нека спие на перница и однеси ги пак нека го слушнат на лекар.
Чај од кромид и ленено семе. Тоа не спасува нас. Еден кромид исецкан на кругови и една лажица ленено семе ги ставам во полно ѓезве вода да врие на средна температура. Коа ќе изврие водата до пола го тргам, го прецедувам и му го давам да пие. Течноста е малку течна и како лигава па од шише би идело тешко. Му го давам од чаша. И чај од бел слез. Тоа давам за шлајмови и ни помага @abc1234
Беба е настината, смеам ли да и ставам на окото камилица, се разбуди сега со залепено око и од него тече жолта течност.
Жолт исцедок можно е да има инфекција, однеси ја на лекар. Но ако беше само залепено окцето се ставаат топли облоги неколку пати на ден.
А да не експериментираш сама нека го ѕирне бебето доктор можеби треба тобрекс капки ако е инфекција...
Треба утре да се боцкаме за вакцина. Педијатар ми вика хгб низок. Највисок до сега му бил 117. Ама цело време му е над 110. Нели се над 100 е ок? Почнавме со цврста храна. 6+ е бебе.
Дали пред секоја вакцина правите крвна слика? Дали модрицата (сега веќе кафеаво, 2 месеци поминаа) на прстето на бебето треба да се мачка со нешто за да помине? @Alishan30 ? Ми е страв да не му остане белег за цел живот
Да. @Septemvri и нашиот исто. Вика да прима терапија со овој хгб. Ќе видам што ќе направам, ама не ми е за терапија искрено. Барем со храна да пробам прво.
Јас изминатите два месеци давав терапија, последната контрола ми рече да давам интензивно месо и вит.ц капки , хгб беше 115.
@Sofi.ja мене ме караше др пред вакцина штo jа бoцкам немалo пoтреба. Првите два пати jа бoцнав за кс пред вакцина, третиoв не.
Мене не ми бараат кај што одиме,ама гледав емисија кај што гостува Софијанова,вика обавезно кс да се прави пред вакцина...
Нас за трета доза дтп ни бараа во Јане хгб мин. 115. Секоја доза од вакцините и секоја вакцина си барала различни минимални вредности на кс.