Најчесто добиваат инфекции. Ќе прима антибиотик и ќебиде добро. Се случува често. Важно е навремено да е реагирано.
Не е итно прашањево ама нема друга тема на кое можам да прашам. Дали во оваа "гунгула" и хаос состојба со вируси бебињата може да примаат вакцини? Мене некако ми е шубе. За 2 недели треба да примаме 7месеци имаме. Мислење?
Нашиот педијатар рече може да се примаат вакцините, со тоа што ке треба строга изолација и заштита по дома, не само од корона туку и од грип и од секакви други болести.
И пишав и вчера. Со соодветна терапија брзо ке помине. Малата ја исчистија прво со сонда зашто доста имаше изголтано и плус имаше и малку вдишано. Дупли венски антибиотик примаше 5 дена и дома пиеше кога не испуштија уште една нед мислам, а уште 3ти ден во болница беше подобра. Сигурно си имаат една иста терапија за ова и ако се реагира на време не е страшно. Последици немаше.. дури и со грчеви поминавме супер.. рекоа може грчеви да има повеќе поради тоа ама скоро и да немаше.
Веќе еден месец, се случи 6-7 пати мали кога цица и заспива ја затресува главата,како да му студи,како вибрација. Вчера приметив дека и раката така ја тресе. Ова трае неколку секунди,јас го прекинувам. Отворив на интернет свашта пишува,ако имате искуство споделете. Педијатарот не кажа што е само пиша по пола Б6 од 20мг да му давам со млекце помешано...
Има ли некоја од вас контакт од интензивна на Детска клиника во Скопје? Ве молам ако познаватедоктор/сестра/хигиеничарка да ми пишете лп, итно е, се работи за блиско новороденче кое е таму.
Мајки, мерев тт на бебе 37,1 не е страшно нели. Месец и пет дена сме. Цел ден ми стои така топла па и ја мерев. Педијатар ми има речено ако има 38 тогаш да посетам лекар. Може и е само топло. Леко е облечена.
Ништо не е, сосем нормално. Мојата имаше понекогаш и до 37.4, па ќе и се спуштеше. А зошто одма на лекар за тт до 38?
Така ми рекоа од клиника кога не отпуштија дома по пораѓај, бидејќи мало бебе, па да се види од кај доаѓа температурата.
Дали некоја има искуство со вагинален исцедок кај бебе? И пишав уште одма вчера на педијатарката и и пратив слика, ме праша дали бебе јаде, и кажав дека јаде фино последниве денови и веќе не ми пиша ништо, и вртев подоцна и вртам и денеска не ми одговара, многу сум загрижена. Страв ми е да носам бебе на клиника. Иначе супер е расположена, јаде, полни пелени, нема никаков друг симптом за грижа. Дали е можно да има уринарна инфекција? Или што може да е?
Па не знам... јас не сум прочитала ништо низ форумов за тоа.. па се загрижив.. исцедокот и е многу бледо зелен... Педијатарката ми се прејави конечно, ми рече до сега немала ваков случај, сретнала само кај поголемки девојчиња, дека ако нема некој друг загрижувачки симптом би требало да е се во ред, а ако продолжи до наредна недела ќе испитаме урина. Не знам што да мислам..
На мoевo беше прosирен....Мoже е нештo oд храната вие сега прoбувате вкусoви/jадете така да без грижа, прати ситуациjа пак.
Бебињата имат исцедок, а може и да е шлајм кој го исфрла преку мокрачата. Погледни у каката дали има лепливо како конци, ако има тогсш се шлајмови. Колкави сте? Имаше и моето бебе кога беше една недела. Сега у каката ги вади шлајмовите.
Знам дека исфрла секрет во каката, и се случува тоа одвреме навреме. Ова сега е вагинален исцедок и за тоа не знам ништо, затоа се загрижив. 7+ сме.
Па да, некој исцедок е тоа. Се исфрла преку мокрача. Имаше и мојата кога беше 10 дена стара. Прати ако е многу често или мириса, плаче кога мочка посети лекар.
Пишави во темата за деца ама си викам може оваа поактивна па да пишам и овде... Мајки, одамна не сум имала потреба да барам помош ама ете у цела фрла малата сеа не ми е арна. Не беше болна ниту и течеше нос, од никаде, пред два дена почна да ми хрчи, и тоа само додека цица или дише длабоко. Денес два пати и правев инхалација со физиолошки и сеа почна да кашла. Згрешив или вака ќе исфрла секрет? Како да и помогнам поинаку... Знам дека ќе се мачи вечерва и нема да може да спие. Матичната не работи за викенди а не ми се носи во систина со вирусов сега. Скоро 15м е Фала мајки. Да се надополнам: и растат три заби, една четвортка и една двојка пробиени и друга четворка непробиена.
И мојата има секрет кога вади заб. Ќе ја осетиш, мојата еднаш почна да се даве од мрсоли, па црвено грло и накрај антибиотик. Пиши ако можеш на вибер со педијатар да избегнеш одење додека е неопходно.
Не е достапна кога не е на работа и неколку пати меѓу редови ми има кажано да не ја барам после работно време. Само ради тоа би се решила да ја сменам.