Мамички некоја ако може да ми помогне. Бебето ми е 3 месеци, веќе 8 дена неможе да кака, си го стега стомакот и плаче посебно денес, не знам како да и помогнам, правиме масажи на стомак, ставаме топло но без успех.. утре ќе се јавам кај педијатар ако не, знам дека е нормално од 10 до 14 дена кога сме на доење ама денес нервите ми попуштија, ептен жално се мачеше..
Дали прима пробиотик? Ти напиј се и јади компот од сливи,преку млекото ќе делува, прави и вежби со ноџињата,кај нас тоа помагс
Прима, биогаја имам земено уште од втората недела после раѓање и давам ама дали дека овие две недели се случуваше и да заборавам затоа така ми прави... исто пиев многу јогурт, сабајле и вечер јадев компот од сливи ама овие 2 нед изгубивме некако ред дека празници а вежбичките воопшто не ни помагаат
Моето се немаше покакано 4 дена.Не знаев дека ако е на мајчино може да се чека повеќе дена.Се јавив кај матичниот педијатар и ми рече доколку се стегало и се мачело бебето да му ставам чепче за деца кое е глицеринско.Сосем малку со врвот пробав да и го ставам затоа што ми беше страв да не ја боли.Воопшто не реагираше и така пробував неколку пати без да го оставам целото во внатрешноста.Се покака одма и тоа премногу. Сепак прашај си педијатар.
Здраво имам бебе од 2 месеци, родена е 3100грама а од болница излезе 2820грама на 08.04 ја мереше матичен и беше 3840 па еве денес ја мереа и има 4230. Ми рекоа дека малку придавала.. Мислење според вас..
Јас не знам што толку се фаќаат за бројки! Не може секое бебе да се поправа по 1кг месечно. Доколку бебето си е весело, спие и не е нервозно, нема причина за грижа. Дали цица или е на формула?
Само цица, весела е не е нервозна не плаче а не спие многу често, денски ако заспие по 15-20мин се буди а навечер ако не ја будаж за да цица само еднаш ќе се разбуди за цицање..
За два месеци,во просек по 700 грама на месец напреднало,не е лошо. Не ја буди ноќе за цицање, нека си фати ред за спиење, доволно е преку ден на 2-3часа да си цица
Здраво дали некој од тука има детенце со "зајачка уста" или познавате некој таков ни треба совет итно!
Се среди столицата? Уствари дали си кака бебе редовно, барем по еднаш на ден? Инаку доени бебиња и по 7-10дена е ок да не какаат, на АД мислам кај 3-4ри дена беше, не знам точно. Може од Биогајата да има потешкотии, тоа е пробиотик али ете може, мојов имаше, како престанав да давам така бебе почна редовно да кака. Можеш и да смениш друг пробиотик, пробав јас и со Еспумисан, но исто беше.. @MumToBe пробај и ти мајка не давај..
@emkaemka пробав ама пак исто, се надевам во брзо време ќе се среди и нема да има толку проблем. Фала ти сепак
Мамички забележав сега кај бебушот црвена точка на врвот од јазикот. 10 месеци е бебе. Абе се испотресив. Имала некоја ваква ситуација? Или да знае шо можи да биди, претпоставка? Само една точка е, црвена.
Здраво, имам бебе од 2 месеци, досега само се доевме и се беше добро и еве два три дена цело време плаче ако не е на града и единствено се смирува така или со шетање, денски ако преспие само 15-20 мин и се буди веднаш. Има ли шанси да ми ослабено мелкото,да не ја задоволува па така прави..И многу ми се омекнати градите вие два дена
Ако полни пелени не е гладно и не ти е слабо млекото. Такво нешто не постои. Најверојатно е во скок, ке помине. Сака близина и гушкање.
Мојата до 3 месеци дење ноќе плачеше, после намалуваше до кај 6 месеци. Па после 6тиот месец јако ново бебе да имав дома. Дури тогаш се видов кај сум, иначе цел ден или на цице или се нишкавме. Најверојатно се грчеви, период е ќе помини. Гушкајте се, брзо лета времето.