Бебе од нигде никаде денес ми крена температура. 7 месеци е. Сабајле 37.2, па 37.5, еве ја сега 37.9. Нема никакви симптоми на настинка, претпоставувам дека може да вади запче наскоро зашто многу става се во уста и ги чеша ама ме фаќа паника од температурата. Имам дома сируп ефералган, дали да чекам не дај Боже да крене над 38.5 или да давам сируп? Што може да е, што друго можам да преземам? И пишав на докторката, ми рече витамин Ц капки и пробиотик - ќе следиме состојба и толку...
Ве молам многу ми е итно кој може да ми објасни накратко за параметритве. Вчера ми јави реакција на вакцина си јаки грчеви и тресење на цело тело,помодрување пожолтување... Денешните резултати се тие.
Марчи што вакцина примивте сега? Последната ја примивме почеток на фебруари, следна е на годинка, а исто сме?
Вироза некоја минува во моментов, со покачени лимофцити и намалени гранулоцити, другите параметри се во ред. Како е денес малото?
полио и рота трета доза. Задоцнета ни беше требаше пред месец ипол. Следна ни е на 10ипол месеци ама матичниот се сомнева на алергиска реакција од вакцината да испитаме на имунологија пред да ја примиме следната. не испитавме. Ова се е последователно на вакцина рече матичниот високи се леукоцитите даде антибиотик во случај да крене температура денес е добар т.е подобар од вчера. Без температура сме чекам да се врати во нормала,уште е малку нерасположен.
Бебето ми е 2 месеци и 3 дена и денес цел ден има грчеви и одбива да цица,па кога ќе фати цица максимум 10мин. Колку да не е гладно. Го ждригнувам и пробувам да дадам пак ама вришти од што несака Што може да е???? Да видам вечер како ќе биде па утре да го однесам на педијатар,незнам како да му помогнам иначе јадам исто стандард немам ништо сменето
прашањево не е баш итно ама групава ми се чинеше најсоодветна. Малииот ми е скоро 3 месеци, пред 2 недели бевме за вакцина и докторкава го гледаше, го мереа, рече "машала", инаку 5.900 гр беше. Кога дојде ред за вакцина ни рече само рота сега па во јуни да почнеме со боцкање. На прашањето наше зошто така ни одговори да пркнел малце. Ме интересира дали на некоја и се има случено исто или слично зошто сите блиски што ми се освен ако им биле децата настинати не ги вракале со образложение да пркне.
Мајки малиов (7м) од 3ти месец навака си го држи надвор јазичето. Не цело време, ама кога ќе реши што знам по еден саат може така му стои, па пауза па во текот на денот пак. Не сум обрнала внимание натоа до сега и го поврзував со заби, дека така си ги чешка непцата. Бевме на вакцина, докторката што го прегледа ме праша колку често го прави тоа и ми рече да одиме на матичен. Кога прашав зошто дали е некаков проблем,ми рече он е добар,слух,вид,реагира на болка ама сега се развива мозочето консултирајте се со педијатарот... ме остави цела во прашалници, а веќе се јавив на педијатар закажав за утре. Ме интересира дали некој имал вакво искуство или знае што е ова?
Мајки малата веќе скоро две ипол недели ми кашла длабоко и ми крчка на носе и гради. Бевме на доктор и примаше една недела антибиотик амоксиклав, али пак си кашла и крчка. Доктор вели дека не може веќе ништо да и дава за искашлување бидејќи сме мали, 5 ипол месеци. Таа си крчка и кога се накашлува крчкањето престанува. Во Козле сега не ми се носи со оглед на ситуацијата а и не знам што да правам. Дали е можно да се од забчиња? Бидејќи кога почна вака длабоко да кашла одма извади забчиња доле две. Доктор вели дека не е од заби, а имам другарка нејзиното кога извади заби исто кашлаше и крчкаше и во систина и рекле дека е од заби.
Тоа крчкање не е воопшто за занемарување, немој да оставаш така, многу е малечка, правете инхалации, маски, давај и нешто на природен начинза искашлување или кондултирај се со друг доктор. Ова ти го кажувам оти напатена, затоа......
Крчкањето може да е од шлајмче во грлото, штом престанува кога ќе се искашла. Да е така кај моиве, не би се загрижила, оти ги познавам. Кај твоето не би знаела да кажам што е и како е, ама ако е од бели дробови, крчкањето немаше да престанува, а ќе имаше најверојатно и постојана кашлица што тешко се смирува. Не мора да значи, секој случај е приказна за себе. Ама дете што има мака особено со бели дробови е обично малаксано, поспано, слабо јаде/цица, има промени во вообичаеното однесување. Ако мислиш дека има нешто, побарај мислење од втор лекар. И не, не е од заби. Се поклопило вадењето заби со кашлањето.
Нормално е.Моето исто беше со многу коса родено и почна да и паѓа накај 8-9.Изгледаше смешно на една страна келава на друга полно коса.Затоа ја шишав неколку пати за да и се израмни косата.Во тој период видовме друго дете на таа возраст и тоа беше исто Малку касно одговарам може ти одговориле.