Таа си е весела, си цица, не е поспана во нејзиното расположение нема ништо загрижувачко. Само што кашла и крчка, а кога ќе се накшла убаво крчкањето престанува. И не кашла временски многу, ниту пак и тече носе.
Скокот во развој изгледа го поминува. Штом качува ок е, да не стагнира или намалува. Колку има качено досега од раѓање?
Одлично е. Немаш причини за грижа. Ако просекот е 600-800 грама месечно во првите три месеци, безмалку има 1600 г за два месеца, што е стварно супер напредок. Не се секирај. Битно е да не стагнира и да не намалува.
Матичниот ми рече да давам дохрана оти малку било ако продавала по 60грама неделно за 4 недели тоа се 240грама и малку е за еден месец.
Ама тоа првпат се случува, така? Ако продолжи така, може ќе треба дохрана, но мислам дека е само период. Моето малку качуваше и покрај дохраната, и сега е таков. Следи ситуација, ако не му е доволно твоето млеко, ќе видиш и самата.
И мене ми личи дека е скок. Прави како те учи паметот, ама не избрзувај со АД. Ако дадеш АД ке го намалиш производството на твоенмлеко, па ако е скок во прашање, ке имаш без врска резултат. Почекај уште една недела и види како ке се одвиваат работите. Дохрана можеш да вклучиш во секој момент.
Мајки малечката 3месеци не ми јади. Пројдоја два скока во меѓувреме не е до тоа зошто не се подобри после скоковите. Едвај по 40мл пие. Кога не пуштија од болница толку јадеше Во четврток сум на педијатар не можам да издржам до тогаш нервно ќе попуштам. Дали имало кај некој таква фаза од 2 до 3 месеци страшна регресија во јадење
Majcicki koga se javuvaat bencina kaj bebinata Maliot na desnata noga gledam malku kafeavko dali bence e ili nesto dr neznam
Пишав и во групата за вакцини ама ајде и овде да прашам ок ли е оваа крвна слика за да се вакцинира со ммр? Педијатарот ми рече може и вакциниравме, ама сега се мислам да не направив лошо. @Annath што мислиш ти од што би можело да се покачени леукоцитите, а нема никакви симптоми на настинка малата. 12 месеци е инаку. Спојлер
Не се нешто покачени, кај деца знам дека се толерира до 15, не нужно до 10, зависи од референтните вредности. Ова ко за возрасни да се референтни мерки.
Добро утро. До колку е нормално да се качи температурата кај бебињата? Денеска сме на контрола кај педијатар во 14h ама ми падна чудно дека цела вечер ми беше кенкав, измерив сега има 37.5 вака ок е, си цица супер. Да одам на лекар или да почекам за контролата? 2 недели е.
Секако сте закажале за денес, одете и прашај го педијатарот за температурата,ама мислам до 37.5 се толерира кај бебиња,имаат повисока од возрасен.