Почнавме со воведување на вкусови веќе 2 недели по совет од педијатар Ама вчера не му дадов ништо, пак исто Не форсирам, малово убаво голта, редовно кака( еднаш на ден) Максимум што му давам е 50 гр на 3от ден, пробавме јаболко, морков, слива, круша и тиква Сега за сефте му давам од готовите на Hipp
Ако вариш слива давај му ја и водата од сливата,помага и тоа. Секое дете кога почнува со цврста храна има промена во столицата
Му ја давам Софи, не ја пие Вчера му дадов 2,3 лажичиња слива и тоа варев домашна не прскана, ги изеде и пак исто Од крушата ми се чини се напињаше и му дадов само еднаш Вака столицата му е иста, не знам и јас веќе Фала ти
Денеска бевме на контрола да видиме како напредува. Докторот забележи дека едната страна на тестисите е пополна за разлика од другата. А каналите биле во ред. Сега има 3 месеци и рече доколку до 6тиот не се изедначат ќе мора да се оди на хирург. Дали некој се соочил со ова да знае да ми подобјасни бидејќи се ке ми биде тоа мислата 3 месеца.
Голем дел од машките бебиња се раѓаат со хидрокела, но тоа најчесто само се средува до годинка. И моето бебе имаше, сама од себе се среди.
Да, исто и кај нас. Ми рече докторката кога ќе ставам пелена со курето и тестисите да ги кревам нагоре и така да ја стегнам пелената. Се надевам ме разбра. Значи тестисите да си бидат кренати нагоре, а не пуштени слободно.
Здраво, бебето е 3 месеци и сме на доење и дохрана (аптамил).Кога пие од ад (пие 90мл) не издржува повеќе од еден саат и бара да цица, после еден саат пак е иста и и давам ад и го пие. До што може да е зошто толку често сепак бара.. пробав да и дадам и повеќе 120мл неќе да ги испие пие 90 и толку.
Вадиме горен кец а најверојатно и двојки доле со тт веке од вчера. Најмногу качи 38.5 и дадов далерон. Вака е ок јаде нормално , ја тера на спиење тт, ама јас сум тотално извадена од памет со температурава и живци кинам. И се симна со далерон синоќа и еве ја сеа пак 37.8 има, искуство со кецовиве вакво некој друг? Педијатаркава ми рече дека и до 5 дена може да имс темп, ке побудалам, инаку нема мрсули и не е затната
3 пати по 2 капки и тоа најдобро ставаш по една капка, чекаш да излезе ако има нешто во окото, го бришеш со газа и пак ставаш по една капка.
Според мене од забите не може да се крене тт до 38.5. Ако си се слушнала со педијатар, ок. Разладувај почесто и течности. Со лесно
Кога сме веќе кај тестисите, пошто неколку мами веќе спомнаа, синко има мобилно тестиси. Година и пол има и сеуште не се спуштени. До кога треба да се чека? На мобилни тестиси не се прави хируршки зафат, ама сакам да слушнам мислење од мајки со ваков проблем.
Познавам случаеви до 39 што имаат качувано на секој заб, или пак со пролив , сепак е индивдуално. И се симна , 2 дена веке е без темп а непцето е леле мајко потечено,набабрено со белко доле. Кога пипам вака гледам дека не е пробиено непцето уште али ако ми ги вади сите заби со температура вака ке се обесам! Вака и првите запчиња два долни кеца ми ги извади Oткако ке излезе првиот кец горе другиот кога? Зашто не ми е уште потечена на другиот
Здраво мајки итно лек за помодрена уста, бебе ми падна од столче дирекно на паркет, за среќа само устето е нема заб скршено или не дај Боже полошо
Лек баш за тоа мислам нема. Мислам дека ќе помине за некое време 1-2 дена. И сестра ми така има паѓано па ние со ништо не сме ја мачкале и не сме и ставале освен ако и течело крв од непцата.