Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.036
    Допаѓања:
    66.611
    Пол:
    Женски
    Тема од ваков тип е исто отворена и кај бебињата, но подобро е да имаме две одделни за да не се мешаат прашањата.

    Често имаме низ форумов и низ темите прашања што се со поитна природа и во кои стои Потребен ми е брз одговор.
    Доколку сакате да прашате такво нешто поврзано со вашето дете сторете го тоа тука, но само и само доколку навистина имате потреба, во секој друг случај искористете ги другите теми за совети.

    Темата ќе стои како важна најгоре да биде секогаш достапна, верувам сите мајки ќе отвориме да видиме доколку можеме да помогнеме со совет, затоа уште еднаш ве замолувам да не се злоупотребува темата и да биде оставена за оние кои навистина имаат потреба, додека нели, се отиде на доктор, па да се слушне и некое друго мислење.
    Сепак, да не заборавиме дека ова е форум и тука сме да споделиме искуства, но при некоја итна ситуација мислењето од доктор е најважно.
     
    На galapce, Mari*, JuLleE и 15 други им се допаѓа ова.
  2. LejdiD

    LejdiD Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    602
    Допаѓања:
    154
    Малата падна и се гризна на горната усна по што одма многу и отече. Но крв имаше само првите 5 минути после немаше нипто. Тоа беше синоќа денес отокот е само малку намален. но внатре кај гризнатото се гледа како бела линија. Некоја ако имала слично искуство да ми каже дали ќе и помине без ништо или сте мачкале со нешто. Инаку се консултиравем само телефонски со 2 педијатри и рекоа ништо не е ќе исчезне сам отокот ама сепак ме интересира ако некоја имала слично искуство. Инаку скоро 2 год сме.
    Ако не е соодветна темата преместете не е сериозно нешто ама за една мајка секоја ситница и e голема грижа :/
     
    Последна измена: 30 декември 2018
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.209
    Допаѓања:
    283.728
    Кај моево само од себе мина.
     
    На LejdiD му/ѝ се допаѓа ова.
  4. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    2.630
    Пол:
    Женски
    Сигурно има некоја маст, оди до аптека, кажи им што се случило, таму сигурно ќе ти препорачаат нешто. Ако ништо друго барем побрзо ќе помине.
     
    На LejdiD му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.720
    Допаѓања:
    33.438
    Пол:
    Женски
    Ништо не и е ќе и мине за 3 дена немора ништо да мачкаш.

    На соодветна тема си(y)
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.036
    Допаѓања:
    66.611
    Пол:
    Женски
    Не се секирај, штом забите се добри другото ќе помине за некој ден. Нас ништо не ни дадоа да мачкаме, помина за два дена.
     
  7. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.192
    Допаѓања:
    106.159
    Пол:
    Женски
    Ако ти е мисла најдобро стоматолог да ја ѕирни.
    Лани ќерка ми ја удрија во школо и заврши со скршен заб, расцеп во внатрешниот дел на устата и оток. По препорака на стоматологот правевме одмивки со јод и 3% хидроген а поради отокот пиеше и серепептазе. Среќа забот беше млечен и за брзо и порасна новиот.
     
  8. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Денес 1 недела како фативме сипаница. Детево не е бањато од тогаш:| Кога можам да ја избањам? Некој вика дека бањале цело време некој вика не. Не знам што е попаметно.
    И да прашам, дали е паметно утре вечер да ја однесам на гости на спиење? Колата ни е во гаража, после од кола во влез и одма дома кај луѓето. И здосади дома цела недела и бара да оди. Со два памета сум, да не направам некоја беља:doh:
    Заборавив да прашам. Дали останиваат флеки од сипанициве. Откорна една брунка баш на носот и една на рачето:(
     
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.664
    Допаѓања:
    130.059
    Детето е со паднат имунитет И не е за шетање.

    За бањање да ама не трик со сунѓер или пена.

    Лузни иам на нос и чело а пред 30 години прележав.
     
  10. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Јас пред две години прележав и секој ден се капев. Докторот ми рече дека не е штетно капењето.
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  11. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Знам дека не е за шетање, ама кај моите дома мислев, нема никој освен мајка ми и татко ми. Ај ќе си поседи домче тогаш :)
    Лузните со здравје да си ги носиме значи. Уште 2 има големи на лице, уште нив да ги откорне :worried:
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.889
    Допаѓања:
    100.672
    Пол:
    Женски
    И мене ми е прашање тоа, бањање, јас газе му мијам и само со вода телцето. Како небањато, греота е. Јас дете не би носела никаде, тек вчера излегоа воздух да ги фати, на отворено подалеку од деца. Дете е со намален имунитет, оно не е заразно ама постои ризик да накалеми нешто.
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.664
    Допаѓања:
    130.059
    По моја логик,а може неисправна, ама мислам дека викаат да не се бања за да не триш со снѓер, па да зачеше или да искине брунки, плус акоставиш пена некоја таа на рана штипе. Јас би само со вода.
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.889
    Допаѓања:
    100.672
    Пол:
    Женски
    Да, да, да не се воспалат, инфицираат. Со пената може да се разлутат, да напраиш беља. Кај нас се веќе суви, не се чешаше многу, не верувам да останат лузни. Прилично лесно поминавме.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.768
    Допаѓања:
    107.894
    Пол:
    Женски
    Како што ти кажаа бањај, но само со вода, плус верувај ќе и олесни, па таман и на чисто наново ќе нанесеш пудра.

    Инаку јас би однела дете кај мајка, секако под услов да се здрави и двајцата. Така да дотерај дете и појдете да си прославите Нова, па таман и воздух ќе фати.
    Со лесно, убави празници :hug:
     
    На galapce, chocolade и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.409
    Допаѓања:
    144.638
    Пол:
    Женски
    Бањај слободно, и се препорачува бањање за да не се инфицираат раничките. Не ја мешај, слушај паталец, со двајцата многу лошо поминав после сипаници, не дека ги мешав со деца ама пак внимавај многу, имунитетот им е срозан од сипаниците.
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  17. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Моментално малата пие трицеф. Имаше бактерија во носот.
    Денес пред еден час кога и давав сируп исповрати многу. После тоа омалакса и по половина час заспа. Мерев температура има 37.8. Дали е можно од повраќањето да крена температура( се извинувам можеби е глупаво прашање ама ми е чудно со антибиотик и пак температура )
     
  18. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.039
    Допаѓања:
    118.719
    Пол:
    Женски
    Не е антибиотикот за температура и без разлика што го прима доколку крева температура ќе дадете антипиретик. 37,8 не е страшно.веќе над 38 ако крева дајте и парацетамол или блок макс од кое и се спушта подобро
     
    На momomo и kiki_riki им се допаѓа ова.
  19. kiki_riki

    kiki_riki Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    16.899
    Пол:
    Женски
    Поврати уште два пати, од кој едниот само вода помешано со шлајм. Дали е вирус или пак ги повраќа шлајмовите. Нудам вода не сака, а ми е страв да не дехидрира.
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.039
    Допаѓања:
    118.719
    Пол:
    Женски
    Можно е да се шлајмови или пак стомачен вирус. Не форсирајте многу течности.лажиче по лажиче давајте помалку.нагло ако испие повеќе се' ќе поврати. Електролити ако имаш раствори и постепено давај. Ако цица не е страшно, си прима се' што и е потребно
     
    На mal.ecka и kiki_riki им се допаѓа ова.