Може дури се разработи А да не не треба да се извади? Има упатство со текст? Освен да отидете во аптека и да прашате, друго не ми текнува
Да. Ми кажа денес само, а утре ако не е подобра да ја носам пак. Поткашлува и е како зарипната. Мислиш не треба? Фино личи, само ова што не знам како да го решам. Текстот е бетер од сликата.
Ако лекар препорачал, во ред. Јас лично никогаш не сум инхалирала деца кога кашлале, дури и ларингити кога имале. Само многу затнат нос ако прави проблем, и тоа над тенџере со морска сол и босилек. Затоа прашав. Пошто генерално, инхалации се прават главно при опструкции, а не при обична кашлица.
И јас за кашлица не инхалирам. Сега ќе треба да пробам пошто пишав нели хрчка, дали ќе се смени нешто, ако го инхалирам со физиолошки пред спиење.
Мене лекар ми препорачал инхалации за многу работи. Затант нос, ларингит, шлајм на плуќа, сега и за опструкции. Инхалаторот ми е топ искористен. Го користам и за мене зашто имам проблем со хроничен синусит и помага многу повеќе од онаа топла инхалации со вода над тенџере. Со водата над тенџере знае да ми се растече и крв ако претерам и за мало дете ич не би се ни осмелила. Овој инхалатор може да се користи и само со физиолошки раствор како што и најчесто го користиме и ептен помага. Спас ни е по дома.
И мене никогаш не ми помогнала топлата инхалација, па и дека сум така малку калустрофобична, смрт. А дете не знам како би извела да го инхалирам над тенџере, ќе го испие чајот.
Кукле и ние го помивме истото. Мојот поткашлуваше од шлајмови, не доби инхалации. Само Бисолвон капки. Ама штом ти препорачале инхалирај. После недела дена , можам да кажам дека веќе е арен. Исто ништо не ставаше во уста, избезумена бев. Нека мине!
Не знам веќе што да кажам. Еве јас сега дојдов од лекар. Ангина. На здравје. Уф. Само бебе да е добро. Спие веќе 2ч и не кашла воопшто. Си викам може и зарипната е од што нон стоп квичи. @Annath и јас не сум многу за инхалации. Бар не ко редовна пракса. Ама па прв пат ми е болна. Не знам што е правилно. Не ни имавме инхалатор до сега
Мене педијатарот ми има кажано да инхалирам само со физиолошки при течење нос,кашлица. Дури и превентивно ми рече на почеток ако се разболува бебе секој ден да има по една инхалација навечер,било добро. Ама ова ако беше болежливо. Така да јас би инхалирала, синко кога ќе почне да накашлува веднаш почнувам и се смирува брзо. Со помин да е ,леле јас бев со ангина ,за нигде е
Исто беше и он зарипнат. Ете денес е пуштен гласот. Мирно спиеше немаше кашлање ноќе и не гледав зошто да инхалирам. Следи ја и дејствувај. Ќе оздрави.
Ама не дека го држам детето баш над тенџере, туку седнато во близина да ја дише пареата. Сепак само еднаш или два пати досега сум инхалирала, и тоа големиот, малово фала му на Бога досега немало потреба. Матичната на децава никогаш не ми дала инхалација, а исто и тетка ми која е педијатар не ми препорачала такво нешто. Матичнава само за опструкции советува инхалација, тоа знам, оти и внуките ми се кај истата матична, на помалата редовно и даваше инхалации како помала, ама па таа често имаше опструкции. На другата не. Инхалацијата помага, ама не секогаш, и не е препорачлива постојано.
Скоро слушав пулмолог од Систина баш за инхалациите дека се даваат исклучиво кога докторот е сигурен дека е потребно т.е кога знае каде точно е проблемот на белодробното стебло. А тука почнаа на лепе оче да ги даваат, за обична настинка и течење нос.
E stvarno mi e itno moze ne e za bebe ama za golemiot primetivme denes a jas go primetuv pred den dva na delovi kako stapaloto, glankite delot okolu nosot, laktite. kolenatami e zolt stanuva zbor za 5 god dete ne izlagame nadvor radi epidemijava mislam ne se setsme, temperamenten bez nikakvi znaci na nastinka ne mu se zolti ocite sto bi spored mene bi otfrlila zoltica? Ili.... Sabajle ili popladne sigurno ke napravime krvna slika ama do utre ke zbesnam.....