Да, при растење заби, поради зголеменото лачење плунка може да има чести столици. Ама, столицата не мириса непријатно од расипаниот заб, мириса оти е преладен - кај моиве после премрзнување на нозете обавезно се јавуваше смрдлива столица, не секогаш течна, што траела неколку дена. Затоплувај го мешето, давај пробиотик, ќе се среди. Не даваш антибиотик за забот?
Давам пробиотик веќе две недели, нема промена. Не давам антибиотик, кажаа дека не треба. Нема оток, но има гној кој тече од него. Станува збор за 4ка, одамна му излезе, го однесовме на приватен стоматолог, го отвори само и така го остави, детево во болки ужасни не сакаше да го прими следниот ден, демек нормално било, па го однесовме кај друг, не сакаше ни да го види бил мал, а е 2г. и 4м., па отидовме на клиника. Таму го декопресираат, на секои два дена оти го боли и денес го затворија со привремена пломба, но пак покажа болка, па ќе седи уште една недела отворен и пак ќе одиме по потреба. Нема крај...со млечен заб не сум ни помислувала дека вака може да ескалира, а за хигиена на заби сме ептен одговорни ден и ноќ.
Дали е во ред на 3 годишно дете маска да му ставам за надвор или мали се? Треба на лекар едно 40 мин со количка да одиме.
Во принцип не е препорачливо на толку мали деца маски колку што јас знам. Ама ова со воздухов нож со две острици
Син ми 4 годишен, има фимоза, не му се вади главичката ептен е тесно, после секое бањање му ја влечам кожичката секој ден до каде што оди но докторот(,иначе живееме во странство) препорачува да користиме крема кортико претпоставувам, зошто морало операција иначе, имали некој користено крема кортико за интимна облат за дете, се плашам зошто тие креми се јаки можам да го повредам.
Нас ни даде матичната дактанол гел и само ладни работи да јаде. На враќање од доктор цел сладолед изеде од што беше прегладнет
Дали некоја знае да ми каже колку се 2.5 цртки? Ни даде матичната вентолин, ама прв пат го употребуваме за овие 23 месеца
Дали сте задоволни од капките Наусолвит? Син ми почна да повраќа па матичната рече наусолвит да давам. Иначе спомна и дека грлото му е надразнето изгледа што повраќа,смеам нешто да давам?
Јас ги давав, кај едното имаа ефект кај другото не. Лично и јас од тие капки се напив, па ми помогнаа
Јас имам од Зегин шприцови 1мл, и се има убаво обележано. Побарај такви, како инсулински се водат и со игла се во комплет, ептен практични
Дали Наусолвит капки за деца може да се користат отворени пред 1 год чувани во фрижидер, со рок до 2026? Нигде на пакувањето не можам да најдам дали може да давам или не. Или да купам нови.