Здраво, пред 2 дена малиот 3 и пол годинки се удрил кога лежел под маса, и на излегување се удрил во овој дел, ние не го слушнавме ниту да заплаче ниту ништо, а и не се жали дека го боли баш, можно ли е да е џумка, како е главчето на вашите дечиња баш на тој дел, многу се вознемирувам. Случајно татко му го примети гушкајќи се со него, па го праша дали се удрил рече од маса се удрив, некако како испакнато му е на тој дел, не рамнина, незнам како да објаснам, е вака некако 〰️, ве молам споделете (каде што се прстите на сликата со бебето, баш таму се осеќа тоа)
Здраво мајки,дали на некој ви има стигнато казна за МРП вакцина(нормално ако ги немате вакцинирано фецата) гледам почнале да пишуваат казни..таман планирав ќерка ми да ја вакцинирам настина.
Имаше чешање и секрет, правевме брис и испадна некоја бактерија. Појма немам од каде, зошто баш беше период на карантин и никаде не одевме.
Каква казна? Не ми стигнало ништо, но треба да ја носам за дтп вакцина после 18 месеци. Каде ги даваат казните?
Нема никаква казна за мрп, моите се 3 и 4 години, немаат примено и не планирам да ја примат. Сите останати, вклучувајќи и дтп, ги имаат примено. Не сме имале никаков проблем со казни до сега. @idontwannabeyou
Знам дека има право да се одложува ама на фб групата Труднички муабети членка се пожали дека од никаде и стигнало казна(без опомена) 300е ако платела веднаш,ако не 600е..
Мене на ова ми е прашањето како од 9 месеца до 2ипол години оди во градинка без да се вакцинира? Знам дека на 9 не ја бараат, ама после 13от месец во најмала рака требало да им ја побараат. Нормално дека ќе ја казнат после година ипол провлекување. Малиот ми прележа пертусис и ни рекоа 2 месеца минимум да не се вакцинира. После настина, рекоа уште 2 недели. Му се јави осип, пак уште 2 недели. Почнав со вакцинација, ама со огромно каснење. Поднесов документи во градинка, ја објаснив ситуацијата, ми рекоа нема проблем ако имам потврда од имунолог зошто доцни со вакцини. Значи не може туку така да седи невакциниран.
Јас комшика тука имам детето е постаро од моево 2 месеци, тргна во градинка и баш за вакцинава зазборевме јас поточно дека само нешто настинува не можам да го вакцинирам она ми вели а јас не планирам цела група кај него не се вакцинирани, јас останав позината..
Од оваа причина не сакам невакцинирано дете да пуштам во градинка. Во таа група ако едно се разболи, лом ќе бидат сите. Нозе ми се пресекоа кога на бебе од неполни 4 мес ми рекоа дека има пертусис. Не знам како не им е страв за сопствените деца.
И мене не ми е јасно стварно... не даваат без мрп да оди дете во градинка и дури и 14м да има. На другарка малото направи 1г во август и беше тргнат во градинка уште од 9м. Како направи 13м, веќе не го примаа во градинка... и еве го не оди ради таа вакцина што не му е примена...
Исто и во нашата градинка. За Мрп после 13 месеци само со потврда од имунолог или специјалист. Или нема градинка. На блиски дете во истата градинка тргна во септември на 17 месеци. Им кажаа до октомври ако не стават Мрп нема право повеќе да посетува. Во октомври веќе го вакцинираа.
Лелеее како поминавте? Заради овие дечиња треба да има кривични пријави за загрозување јавно здравје за гоџо, јаре и сличните.. мора одговорност да постои, кривична за тие што шират дезинформации, а и паричните да профункционираат за родителиве
Не им е, затоа што не се упатени во медицината. Сигурна сум дека не ја знаат сериозноста на болестите за кои децата примаат вакцини.
Јас лично не сум против вакцините, аите вакцини им се примени по календар, освен МРП. И нема да ја ставам, една од причините е лошо искуство во фамилија со вакцинава. Не знам дали има жив што може да ме натера за оваа вакцина да се прими.