Pa ne se zakasla jako. Ne se ni sekjavam iskreno, samo odednas ispovrati, jas bev zadremana. Ama I golemata nokjeska povrakjase dvapati. Zarem moze da e stomacen I da povrakja navecer, vtora vecer? I mu krci stomakot nekogas.
Ако е стомачен, нема да повраќа само ноќе. Да не ви е сув воздухот кај што спиете, ако пуштате клима или греење навечер? Кај моиве кога беа мали, такво повраќање од шлајм имаше, ама им олеснуваше после тоа, и не повраќаа веќе. Бевте на лекар?
Ne bev. Si pomisliv za stomacen i si rekov doma da sledam so nausolvit, probiotik. Kje sledam i denes i utre kje go nosam i za krvna slika. A vaka e vesel da ne podrecam. No me zacudi sto i golemata se pogodi da povrati.
se soocila nekoja so vospaleni krajnici kaj malo dete? nie imame godina ipol i imame krajnici,prv pat fakame.ni prepisaa Tricef antibiotik (inekcii ne sakav jas).zedovme bris,osven tt odvreme navreme i sto ne jade drugi symptoms nemame. Eve go immediately jade chips
Здраво, кај може да се најде чајот од бел слез? Малата има спуштено на гради, пие сумамед, па сакам плус уште нешто да и давам, а прашав во неколку аптеки го нема
Majki, bebe e 1 god , doktorot mi dade prospen sirup ama na nego pisuva za deca nad 2 god , dali nekoj od vas go daval na bebe
Дали мислиш на овој сируп? https://24apteka.mk/product/prospan/ Тука пишува од 1-5 години доза, макар што мислам овие за искашлување, не се за толку мали деца што не знаат сами да исфрлаат шлајм.
Што давате кога ќе почнат да кашлаат? Подмолно некако, течеше ептеен малку нос, и за два дена се раскашла. Слушам дека и се слева секрет. Обично одма на лекар одиме па ни кажуваат таму, ама дека викенд…
Не е итно, ама ме интересира ако некој знае да објасни што е разликата помеѓу класичен брис и респираторен панел?
Не знам што да правам. Резултати од брисеви нема уште, во понеделник ќе бидат. Од лабараторија рекоа ако се чисти брисевите, ќе има денес, ама нема што значи не се. Уште е малата со температура веќе 4ти ден (37 со нешто е цел ден), пие Панцеф бидејќи имаше малку спуштено, ама очигледно не помага Панцефот за бактеријата. Не ме држи место до понеделник. Имаше стомачен вирус, па ја фати ова со температура и кашлање. Детево се истошти скорз цела недела. Нема абер од јадење, а и само вода пие. Крвната слика е ок. Што да правам?
Не сакам да те плашам, ама ако имаш можност носи некаде да слушнат дете. И мојов имаше малку спуштено и почна панцеф, за на крај со пневмонија да заврши. Чисто за да си чистна зошто знаеш и сама како брзо се менува кај мали деца состојба. Кај моево додуша на крај излезе исплеткано, два вируса плус хемофилиус што очигледно скроз му го бутнале имунитетот и на крај завршивме вака.
Бев вчера кај матичната баш дека е викенд и баш поради температурата да исклучам плуќа. Подобра е рече, ја слушаше, претпоставувам поради Панцефот. Ама ме загрижува температурава што останува да биде поради бактерија. Од друга страна, Панцефот валда не е за таа бактерија и практично од понеделник ќе треба друга терапија. Не знам, не сум паметна.
Незнам зошто толку се плашиш од температура. Тоа е нормална реакција на организмот дека се бори. Ако нема друг симптом (зголемен, згуснат секрет, промена во кашлица и слично), а е тазе слушана не гледам простор за паника.
4 дена ја држи оваа температура, а е покриена со антибиотик. Пред температурава беше дехидрирана од стомачен вирус, а сега од антибиотикот стомакот исто и е крш.(давам пробиотик), не сака да јаде, не пие ништо освен вода и ете барем цица. Не ми е нормално да ја држи толку температура, покриена со терапија.
Незнам стварно што да кажам. 37 со нешто и не е ни висока температура. Штом е вчера слушана, ако нема промена на полошо би почекала до понеделник и пак на контрола на матичен, плус викаш чекате резултати од брисеви. Ама ти си го знаеш детето. Козле секако ти е тука иако не би шетала дете.