Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.034
    Допаѓања:
    40.371
    Пол:
    Женски
    Епа знае докторот веројатно што слушнал. Форсирај течности повеќе и ќе носиш на контрола од понеделник ако не се подобрува ситуација.

    Јас не разбирам ако не им верувате на матичните зошто не менувате.
    Кај нас не беше пропуст или грешка на доктор. Ние сме криви што не го однесовме порано на контрола. Ама дека кај него вака физички немаше некоја промена на полошо, немаше температура, жив, пие, јадеше само со малку намален апетит, спиеше мирно плус беше веќе на антибиотик и инхалации и оставивме демек да делува бар 5 дена, ама ете грешка. Требаше може да го однесеме после 3 дена на контрола, може порано ќе се сменеше терапија и полесно ќе поминеше.
     
    На mal.ecka и MikicaBt им се допаѓа ова.
  2. DaftyCrafty

    DaftyCrafty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2020
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Бевме на детска клиника, не пратија дома со симптоматска терапија, демек вироза и црвено грло. Тт уште повисока од сабајлето, крена 39. Не знам што да правам веќе. Капак на сѐ, сама сум дома со болен тодлер и бебе со ужасна кашлица и коњуктивит. 5 дена не проаѓа температурава, горе-доле цело време во круг. Првпат ми се разболува и стварно не знам што и како да правам. Ваљда треба време...

    Извинете за долг пост, хаос сум малце.;(
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.561
    Допаѓања:
    201.725
    Пол:
    Женски
    Направија крвна слика?
    Утре прво што ќе направиш, кај матичен доктор ќе одите. Од вироза температурата може да трае и до седум дена. Не е утеха, знам. И малото штом кашла, треба и него да го слушнат.
     
    На Mihaela123456 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.250
    Допаѓања:
    1.414
    Пол:
    Женски
    За црвеното грло што би дадоа? Ќерка ми од вчера исто, висока температура и жар црвено грло, прскам оралсепт ама само полошо и е. Сега со мм заминаа на доктор. Со помин.
     
  5. DaftyCrafty

    DaftyCrafty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2020
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Го видоа и малото и ништо посебно, инхалации, чистење носе. Клапна скроз детето од температурава. Крвната слика рекоа дека укажува на вирус, со мирно и стабилно ЦРП.

    Ништо, за грлото ми рекоа да прскам Прополис спреј. Во аптека ми рекоа дека спрејот е за 3 години нагоре, а детево скоро ќе прави 2 години, па се откажав од спреј и баталив.
     
    На Mihaela123456 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.250
    Допаѓања:
    1.414
    Пол:
    Женски
    Има лисобакт со вкус на банана ние многу го користевме, ама види за која возраст е, спреј за грло.
     
    На DaftyCrafty му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ija

    ija Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    720
    Пробејби бронхи капки од 1год. нагоре може да се даваат само во сите аптеки ги нема и да знаеш има и пробејби анги супер спреј мислам и капки само тие се над 3год. дан ти ги помешаат во аптека иначе јас и ги давам пробејби бронхи капки а иста возраст сме и ги пијат без проблем.
     
    На JoyJoy и DaftyCrafty им се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.561
    Допаѓања:
    201.725
    Пол:
    Женски
    Силвертус спреј за грло, кај малово мое многу помогна. Со колоидно сребро, прополис и бел слез, има вкус на јагода, ептен ефикасен кај болка и црвено грло. Може за деца од две години да се користи.
     
    На Erika.greeneyes, JoyJoy и DaftyCrafty им се допаѓа ова.
  9. DaftyCrafty

    DaftyCrafty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2020
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Жени @MikicaBt @ija @Annath ви благодарам многу за споделените искуства и предлози. Утре здравје, ќе одиме на педијатар и ќе набавам спрејче. :hug:
     
    На ija и MikicaBt им се допаѓа ова.
  10. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.984
    Допаѓања:
    32.133
    Пол:
    Женски
    Јас сум прскала спреј Прополис од Др Бачеф од две нагоре. Тоа најмногу од се помага.
    Инаку има страшен вирус. Детево мое веќе две недели се бори со вирусот (и јас со него). Ужасно боли грлото и ден/два е подобро па пак почнува. Само прополис во грло и капки во нос од Диво Оригано обавезно (дивото оригано е природен антисептик). Можеш и на грлото да намачкаш маст за полесно дишење ќе го згрее грлото. Од масти за таа возраст може Експулмо и мислам Фитофарм.
    Моето е поголемо па без висока температура помина, ама мали деца итекако може подолго време да креваат температура. Од вирусот може и ларингит да се развие (јас имав полош, детево поблага форма).
    Со лесно да поминува.
     
    На DaftyCrafty и Mihaela123456 им се допаѓа ова.
  11. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    2.867
    Пол:
    Женски
    Двете деца, веќе 10 дена се со шлајм и кашлица. Правиме инхалации, не помагаат, никакво подобрување нема, што до сега секогаш помагале. Плуќа, кс, брисеви се добри. Пробав и со природни лекови не помага ни тоа, мед со кромид, лој од гуска...
    Некој со слична ситуација, а нашол решение?
     
    На SanelaS и JoyJoy им се допаѓа ова.
  12. DaftyCrafty

    DaftyCrafty Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2020
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Оф, јас мислев го пројдовме. Минатиот месец ужасно заглавив со кашлица и температура со денови, завршив и на инфузија, со мене и поголемата беше да речам настината и мислев го пројдовме. Ова сега полошо од минатиот пат. Бебе кашла, јас кашлам, вчера паника малце ме фати, никако да му стане подобро на детево.
    Се надевам дека сме кон крајот и дека оздравуваме. На сите со лесно, побрзо да поминува.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.068
    Допаѓања:
    5.762
    Isto i so prirodni i neprirodni lekovi mislam deka ne prestanuva se sto najdov i sto znam probav
     
    На Kolache na mama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    2.867
    Пол:
    Женски
    Најмногу од природни лекови помагало кромид во чорапа, за два дена се смирувала кашлицата. Ама веќе осеќаат кога им ставам, се будат и одма ги фрлаат чорапите. Денес пак на лекар носени, матичната инсистира на антибиотик, а за што да го дадам кога сите резултати се добри.
    Ако трпи твоето стави го кромидот :D
     
  15. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.068
    Допаѓања:
    5.762
    Vo nozete li kromid, zasto do glava ima ne se vleguva vo soba.
     
  16. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    3.848
    10 дена не е ништо за кашлица со шлајм, треба повеќе време да се исфрли и затоа може и цел месец да трае и постепено да намалува и да престане. И јас кога ме фати кашлица толку терам, а камоли деца мали. Многу е досадна ама и треба време, ќе мине. Не знам дали имате таму, спреј аеролин за астматичари, се става во маска, јас тоа само кога има кашлица со шлајм малата, секогаш и помага. Никакви сирупи никакви бакрачи. Ништо не помага, се имаме испробано.
     
    На Kolache na mama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    2.867
    Пол:
    Женски
    Во газа се става кромидот па на пета во чорапа и така цела вечер да спие.
     
    На SanelaS му/ѝ се допаѓа ова.
  18. La-loca

    La-loca Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    5.940
    Пол:
    Женски
    Исецкан ситно или на кругови?
     
  19. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    2.867
    Пол:
    Женски
    Кругови.
     
    На La-loca му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Larea

    Larea Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2020
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    477
    Ве молам за совет како ларингит да помине полесно. Сабајле во 6 ми се разбуди со темп 37.8 и кога го подигнав му крчеа градит и се исповраќа како шлајм. Наназад неколку дена имаше течна столица претподтавувам шлајм вадел. Има 15 месеци. Бевме кај матичната, рече не е страшно на ларингит и личи, да правам само инхалации со физиолошки. И еве го сега почна да кашла и отежнато да дише.. Прв пат ми се разболува, многу ме плаши.. за колку денови поминува и што друго да правам да му олеснам?