Еден вид на вакцина против бактериите. Во мала количина ги содржат сите бактерии и децата стануваат имуни на бактериите. Еден вид имуностимулатори.
Препорака и од мене за Респивакс или Бронховаксом. На ист принцип се и двата. Содржат ослабени бактерии и се пијат по шема. Или едните или другите, консултирајте се со педијатар.
@Miss_S колку години е твоето и кои ги пиеше? Малото ми е 2 и пол и мислам и за него да земам ама ќе треба бронховаксом изгледа? Респивакс се за над три
Да, Респивакс е за над 3. Бронховаксом е за помали. 10 дена се пие, 20 пауза. 3 месеци така. Ако земиш капсули може да ги отвораш и прашокот од внатре да го даваш.
Не е бабински, ама на времето обично постари жени средуваја гнојна ангина на деца кои не знаат гаргара да направат, тоа е амониум хлорид еве и латински да не биде бабински, се продава и во аптека, прочитај на нет.
Синко, 6 год, од сабајле е со темп до 39.7, качува на 6ч цело време. Матичната вели нема црвено грло, а он се жали на болка. Цели го боли цело тело, и само лежи цел ден. Грип покажува ли на кс? Досега немал грип, затоа прашувам. Одамна немал вака висока темп со треска.
Офф, касно гледам.. Да да од лани ми беа,ама нови неотворени (резервни ми заостанаа , имаа рок) Инаку отворени нз, сиг околу 6 месеци може да стојат (ако не и помалку)
Можно е ама не е многу... Можно е и само гурелчиња од настинка така да се. Добро е што си ја контактирала. Ние имавме јак конјуктивитис , со солзи со црвенило на белката, со течење гној од очите (двете хаос) . Измивавме со камилица , капки антибиотик 3-⁴:-⁵ дена не држеше. Плачки еден куп, и ќути помина некако издржавме.
Јас би направила пак проверка на шеќер, брат ми е вака како твоето со паѓање на шеќер некогаш со тие симптоми, возрасен е веќе, не му исчезнаа, од мал е вака. И он често се жали на сува уста и кожа. Може и тероидна да провериш, мислам паметно ти е ова, уморот може од неправилна работа на истата, а и проблеми со шеќерот.
Мислам дека на инфективна има тест специфичен за грип. Инаку на крвна слика може само да се претпостави дали е вирусно или бактериско,ама специфично за кој тип вирус не.
Се надевам дека сте подобри сега Ти благодарам на споделеното искуство и мене матичната ми рече со Тобрекс да почне иначе и болен е затнат му е носот,кашла среќа тт нема па весел е не е клапнат.
Ако некогаш пак има конјуктивитис ( моите имаа 3-4 пати) да знаеш камилица да не ставаш, само чиста газа со физиолошки. Камилицата знае да ја влоши работата и воопшто не е стерилна.
Владее таков вирус. Ние сите дома ги поминавме. На работа исто, сите до еден болни. И моите толку качуваа . Ќе симнеа со сируп до кај 38.5 и за два саат пак качуваа. Ужас. Исто имаа болка во грло, а грлото стакло. Крвна слика супер, брисеви чисти. По 2 дена им се симна температурата и таман беа добри 2 дена и пак почнаа да качуваат ама до 38. Еден ден така и помина. Не се тестиравме, ама матичната рече дека е ковид. Еден куп пациенти со ковид имало и со таква повторувачка температура....
Малата ми кашла месец ипол, продуктивно како пушач. Носена е кај матичната, ни даваше инхалации, па отидовме на пат 2 недели и ги прекина, се вративме она уште кашла, сега и даде сируп пропомуцил за искашлување. Вчера бевме и на орл за друго, докторката рече дека има мн бел секрет што и се слева, да ја чистиме 5-6 пати со носко, ама ништо не искача. Не знам дали е нормално волку долго да лечам продуктивна кашлица, пред месец дена брисеви и беа чисти, кс вироза викаше, аериус пиеше 2 месеци не ќе да е алергија. Ме фаќа паника, матичнава не и се замара, а јас не можам да ја слушам веќе како брофта. 3 год е. И овој пропимуцил да го сменам со нешто? Ми се жалеше дека ја болел стомак се мислам да не е од него.
Тероидна кај 5 годишно дете????? Патем јас имам хашимото и мајка ми. А брат ми ка истаде целата. Ама кај 5 годишно дете?
Нема правила, на моето ја тестираа на прва контрола во Лондон баш ради тоа што јас имама Хашимото и Хипо.