Па ај си викав да не и се мешам на докторката, а си помислив. Ќе и направам утре да не ме јаде црвот.
@1209 @PollyPocket што зборувате се зачудив сега.Исто се проверува како кај возрасен? Хормони на тироида и антитела? Крај на јануари ќе му ваѓаат трет крајник и цевчиња во уше треба да му редат.Ќе побарам во истиот ден пред операција сите испитувања што ќе му ги прават,да проверат и тоа.
Потенцирај на педијатар дека имате фамилијарна анамнеза за да те упати на потребните испитувања. Возраста нема врска, може и вроден проблем со функцијата на тироидната да се има, затоа TSH скрининг се прави на сите новороденчиња.
На малава 1 година е и се направи афта во устата со големина на зрно грашок. Одбива јадење и само млеко пиеше вчера. Сега цела ноќ одбиваше и млеко не е пиена. Што да мачкам на афтата , како да третирам? Ќе ми дехидрира детево без течности и храна не можам да чекам сама од себе да помине. Многу се нервирам.
Тсх проверуваат на сите новороденчиња по раѓање. Нека проверат и другите хормони и антитела, ама мислам кај деца и други симптоми има поврзани со растот и развојот. Јас би испитала подетално глукозата, и такви проблеми даваат сува уста и препотување, само не знам кои тестови се прават кај деца, можеби тримесечен тест.
Ако имаш гел за против болка од запчиња, можеш и со него. И провери да не има повеќе, провери и дланки и стапала како и се дали има нешто
Абе зборувано е со матичен и на детско- џабе. Дај боже да нема ништо не е мала работа дијабет.Ми кажаа доволно е инсулинот што не е покачен но ако уште еднаш му падни шеќерот тогаш подетално да правиме анализи. А и мене не ми е лесно ако дење ми заспие а не сум го видела во моментот одма се стресирам проверувам дали поти дали блада. Ми е страв. Јас се породив во приватна болница Плодност. Мислиш дека и таму би правеле проверка на тсх? Во државно прават?
@Чанта да, на сите прават, без разлика кај се родени. И моите се родени во Плодност, пишува во картонче во боја што е, ако ти дале при испис. Од пета им земаат крв. И на државно на сите им земаат, тоа е редовен скрининг при раѓање. Ако не се во ред вредностите на тсх известуваат. Дали со Др. Маргарита од Плодност се имаш консултирано?
Ние 4 дена сме со теннетарура над 39,5 и ништо не делува крв на слика 3 пати повторена све е смирено само тенпература шо ке беше ова незнам ....
@Bubish26 нема ништо по раце и нозе. И се јави ова после температура од никнување на запче. Касно прочитав дека можам од гелот да дадам. Можам и наизменично да мачкам секако има запче во најава. @TheSecret @Ceneva дадов проафтол спреј за афтата. Не е пријатен,горчи ама осеќам дека и понага. Пична да отвора уста за јадење. Не јаде многу количински,по некоја лажичка ама барем не е без ништо.
Zdravo Iskustva so fimoza Kureto go otvarame sekoj den Nemame problem nikakov No okolu kozickata se naselila bakterija koja izleguva na urinokuktura A urinaren status e ureden Vo dvoumenje sme dali so anestezija da go secnat
Пишував минатата недела, големата ја мачеше температура 5 дена, со сирупче пребродивме многу тешко, сега кашлаат и двете, бебе е со атб пошто никој сериозно не ме сфати и спушти на гради. Јас и мм полесно пројдовме, ама исто кашламе. Проаѓа, ама се измачивме.
Еден месец сме веќе на кравјо млеко тетрапак и мака мачиме со запек , давам сок од сливи , пробиотик .и што све не некое подобрување нема . Особено овие два три дена ептен се мачи и ептен некои тврди гомца ќе излезат . Некој совет ?