Да го исфрлиш млекото од исхрана, телото само ќе регулира после. Пази да не му направиш проблем на детето па да не сака воопшто да кака од страв од болката.
Исфрлај кравјото млеко. Не знам зошто сте упорни со тоа децата да се товаат со кравјо млеко. Никаква корист нема од него, само вакви проблеми...
Гледам сите сте со препорака за исфрлање на кравјо млеко. Јас планирам да ја дојдам до една година, што препорачувате после тоа? Вечерасо Ад да правам? Што да и давам како течност ако ми бара или ако е гладна?
На една година имаат три оброци и две ужинки, млеко пред заспивање може да и дадеш. Ама ако ти е навикната да цица ноќе може да ти станува повеќе пати нуди и водичка, сигурно нема да биде гладна со толку оброци. Јас уште дојам две и пол е моето и цица само за заспивање. Кога се будеше навечер цицаше додека да излезат сите заби или кога беше болен, тоа траеше до година и пол кога му излегоа и петките.
Vi blagodaram na site za sovetite , bara mleko za zaspivanje I se budi navecer pa od taa pricina pochnav da davam kravjo mleko .
Здраво на сите. Има ли некој вирус со шлајм и 1 ден температура? Температурата беше во сабота, недела ништо. Денес какаше лигаво како шлајм неколку пати и поврати сега во млаз многу.. кај би носеле сега за празнициве ако не се смири до утре?
Денес на преглед ни рекоа дека свирела на гради, не знам што дијагноза е тоа. Опструкција, пневмонија...? Правевме респираторен панел ама тек во четврток ќе имаме резултати. Денес ни стигна само кс. И прв пат и е покачен хемоглобинот, загрижувачки ли е ако е волку покачен, знае некој? Не сакам да читам по интернет.
Барем до 18 месеци дои. Мојата од почеток беше на формула. После 18 месеци до кај 2 год само пред спиење. Течности вода, кашички со формула можеш, јас само со јогурт сум правела каши. До ден денес има скоро 4 год млеко не и давам можеби еднаш на 6 месеци, ама многу вода пие, пие и јогурт, сокови ретко по родендени и слично.
На вечер кога се буди не се дава ништо, ако веќе мора тогаш вода. Моево пие несквик пред спиење (5г ќе прави) нема проблем со какање ама пак поголема е, почна как 3г негде да го пие така.
Денес се намали температурата ама почна кашлица и плус кај големиот коксит му се укочи ногата незнам страшен е вирусот...
Мајки плс хелп. Како се дозирање амоксиклав? Ми го дадоа од доктор. На рецептот како да видов 5 мл...ама во аптека ми пишаа 2 × 3мл. Прашав да не е грешка ...рекоа не не толку е . Ова на упатство е нешто според мг и не можам да израчунам. Она има 13 кг 2 години е. Плс некој ако знае
Јас првото го доев до 15 месеци , второто до година ипол. После тоа не давав никакво млеко. Си јадеа млечни производи и сметав дека тоа е доволно. Навечер кога се будеа не давав ништо. Стигнав заби неколку дена и почнаа да преспиваат цела ноќ .
На првото давав адаптирано до 2г (цицаше до 12м). После тетрапак. Малово има алергија на млеко, чај пие после 13м (откако го одбив) и домашно оризово млеко. Големиот цело време беше со анемија, додека не прекина да пие млеко повеќе од 1 мала чаша на ден . Малото има супер крвна слика.
Кравјото млеко како додаток може и од 6 месеци. На пример кога месиме кифлички нели, повкусни се со млеко замесени, него со вода. Ама како чисто млеко за пиење нема никаков бенефит, а може да предизвика сериозна анемија и ред други негативни ефекти понатака. После година веќе си имаат оброци и си внесуваат доволно млечни производи, ако конкретно тоа те загрижува. Каши веќе не ти требаат, по година веќе се преминува на наша храна, адаптирана нели на нив. А за пиење нема потреба воопшто. Евентуално можеш да даваш одвреме навреме некое житно млеко ако ти прифати. Ама за пиење така нема никаква потреба од кравјо. Е сеа по градинки здравје даваат кравјо па тоа ќе и е доволно.