Почни инхалации ако свири на гради, по к.слика не треба антибиотик. Се смета за опструкција, не дај боже пневмонија нема да ве пуштат дома Не е страшно хемоглобинот, минимално е покачен, а и секогаш се гледа цела к.слика, а не поединечни ставки. Пс. проверете референтните вредности да не се за возрасни.
Мајки ...ве молам за совет. Немам памет. Малото имаше воспалено уво и стрептокока во нос и пиеше Панцеф. Ова пред еден месец. Минатата недела качи тт 38.8 еднаш и толку беше. Вчера качи 39.5 . Денес немаше. Ке видиме ноќеска. Е сега, црп 82. Лекукоцити покачени. Она нема грло. На гради е чиста. Мрсули има малку скроз. Кашла исто многу малку. Ме загрижува високото ЦРП а она нема други јаки симптоми на настинка . Свашта филмови си правам. Дали ви се случило ? Од што може да е? Друго , погоре поставив прашање околу дозирањето на Амоксиклав и тоа незнам како.... Ми рекоа во аптека 2×3мл...не е малку за 13 кг и дете од 2 години .?
Во рецептата може пишувало 5мл зошто во името на сирупот го пишува (сир.амоксиклав 457мг/5мл), па под него може пишува С. 2х3мл, дека таа доза се дава. Иначе овој сируп конкретно се дозира 25-45мг по кг поделено на 2 дози, значи 2-3мл на 12ч. Ама најдобро да прашаш кај матичен, може ти дале појака доза, или може не е таа концентрација на амоксиклав, дека има и послаб.
Здраво мајки јас ако не се породам пред време од секирации не знам, малата е со ларингит, пред 4 дена ни препишаа трицеф и одма и се смири денес е 4 ден од антибиотик кај што пиет и еве сега пак кашлат, не знам веке што да мислам ни што да правам, вчера имаше извадено од оние венчињата што се со дедо мраз окото од дедо мразот ама викат дека не го голтнала туку го фрлила а јас се здробив од барање не можам да го најдам и се ме тера умот што ако го голтнала и не дај боже и се има застанато на бели дробови ве молам за совет извинете на долгиов пост
Прашај го матичниот за секој случај,јас баш ти пишав дека на 13-14 кила ни има дадено да пие 5 мл зато ми е чудно некако мала е таа доза од аптека што ти ја дале... И тоа сега последно пиеше баш се сеќавам дека е така
Ви благодарам за советите. Педијатрите уште се на ставот дека треба млеко да се дава ама јас повеќе се согласувам со вас.
Ако го голтнала во желудникот е, ќе го искака. Нема што да го мислиш, не одат така лесно во бели дробови.
Сега сме на доктор чекаме да ја види се надевам дека не е од тоа, се уплашив затоа што до вчера беше добра воопшто не кашлаше, пиет трицев и имат инхалации со кортаир
Колку време после вирус е нормално да не сакаат да јадат? Ништо не става во уста од саботата. утре одиме на лекар, вака нема некои други симптоми денес
Мајки, колку време макс.може да се остави со т.39, се качи и никако не се симнува, претходно беше до 38,5. Да ја носам итно на клиника, ќе дадат ли антибиотик? или само ќе ја прегледаат. Не можам да чекам до утре, сега не работи матичната.
Поткашлува малку-ретко, може од тоа,друго нема. Дише преку нос, не и тече носот. Температурата ја успива. Не се симнува т. со парацетамол. Обично имаше т. ако и е затнат носот, и лесно и брзо поминуваше, ама сега не.