3 год е. Заради пролонгирана кашлица, а и опструкција што направи правевме панел. И матичната вика дека од рсв е клиничката слика не од бактериите. Ама и даде и антибиотик во инхалации. Вака подобро личи од пред некој ден, утре ќе ја носам на контрола. Него се мислам јас дали е уште заразна дали да очекувам да не фати и нас или веќе поминало.
Кај нас инкубација од едниот до другиот беше 4 5 дена. Кај деца е посериозна клиничка слика, возрасни или деца што го имаат еднаш прележано го поминуваат полесно.
Незнам дали имам прашано и друг пат, син ми 5г се жали подолг период можеби година дена од време на време ми бара десното стапало да му го масирам(од горната страна) дека го боли и ми бара мраз. И секогаш се жали во седење не кога оди. Дури и на вечер ме има станувано да му го масирам. Не куца и нема видлива повреда. И спомнав еднаш на матичната ама како да не ме сфати сериозно ми рече ништо нема. Ама дали има некоја мајка слично искуство или што може да биде?
Си завршила работа, ама во таков случај јас би дала со физиолошки наместо ваква комбинација. Сепак се различна генерика. А за сируп ти си знаеш, матичната на децава е против такви сирупи. За сирупот кога веќе го пие јас би одела до 10ти ден освен ако доктор не каже поинаку. Инаку ако е добро дете, носи на чист воздух ич не му ја мисли. За овие бактерии јас не би ризикувала без антибиотк. Малиов пневмонија ми направи. Додуша умаше плус два вируса, ама сепак не е наивно. И мојот немаше температура, а завршивме во козле
Колкав е, какви симптоми имавте друго? Ако е од вирусов антибиотикот никако нема да ми помогне, плус ќе и бутне имунитет па да не фати уште некој ваков вирус ми е страв. Ни даде антибиотик, ама во инхалација се ставаат ампули. Ќе одам утре да ја наслушаат па ќе слушнам и од другата докторка мислење.
Види не ми беше намерата да те исплашам. Ама со две бактерии според мене не се игра без разлика што нема симптоми, особено ако се во грло. Инаку кај моето почна со многу секрет и поткашлување. Нанпрв преглед кс мирна и бидејќи веќе почна да спушта доби инхалации. Е после 3 дена крена еднаш до 40 температура и нормално пак на лекар, кс веќе беше со покачени леукоцити, гранулоцити и црп. Доби плус антибиотик. Температура веќе не креваше после тоа едно кревање, ама по 6 дена од антибиотик кај него немаше подобрување со секретот и на контрола на матичната не и се допадна на слушалка, а особено што веќе толку време беше со антибиотик и не прати во козле. Понатаму што да кажам, ренгенот покажа зафатени двете белодробни крила и нормално не хоспитализираа . Еве уште се доопоравуваме по дома после 8 дена во болница. Фала богу веќе и секретот (нос и продуктивна кашлица) веќе е смирен. Инаку за цело време во болница он си беше супер фит и без тт. Дури да не ти се верува дека е болно дете. Невообичаено беше само намален апетит. А да и дишењето му беше пократко, ама ако не го анализираш не се забележуваше тоа. Едит: утре полнин 2г.
Мојот ги имаше првите две бактерии на респираторен и направи бронхит од секретот и пиеше антибиотик. Безразлика дали кашлицата е од вирус или не, јас без антибиотик не би ризикувала.
Мојава па секогаш на продуктивна кашлица, ако не поминува за 2-3 дена со инхалации и спреј во нос, ми вика проспан за разредување на секретот, барем 2 дена (4 дози), мада обично за некој ден и минува. Сабајле не направивме инхалација, дадов проспан фала богу не се накашлала цел ден. Ќе видиме ноќеска како ќе биде.
Ни рекоа дека можно било да подкашлуват, ако било од тоа што го голтнала ќе се закашлала во моментот кога го голтнала, уште денес имавме инхалации со кортаир и антибиотик трицев
Ние имавме искуство со тоа излив на колк после настинка, треба строго да мируват воопшто да не се движит, не даваат антибиотик за тоа есинствена терапија е мирување, кај нас траеше подолго само што и помина пак имаше на левиот колк и лежеше едно месец ипол
Мамички здраво 2 дена сме со инхалации,инекции од сабајлево започна и температура до 39, се качува се симнува и се така,е сега од пред 1 час се исфрли брунки во пределот на мешето и пеленска регија,дали можеби се работи за сипаница?
Се слагам. Мојата е со стрептокока о мораксела . Нема никаков симптом освен мааалку растечено носе. Да не направев КС ке терав така . Направив и што да видам црп плафон . Леукоцити исто. Стрептокока е многу подмолна. Мора антибиотик. Па посебно во грло.
Дали има некаков лек за црвено грло за детенце од година и пол? Или нешто што треба да се дава, што не треба? Направив брисеви, ама тек сабота резултати. Тт нема, ама еве денес одбиваше да јаде и плакнува во спиење. Расположение - ок. Прскам спрејче за деца со прополис во меѓувреме
Нема, т.е нас не ни препишуваат. Ни за уши ни за грло.. само ибупрофен 3 дена. Пред недела дена имаше моево
За воспалено уво нас Антибиотик ни дадоа веднаш на 1година. Уво мора Антибиотик. Ова повеке лекари ми го кажаа. Нема зезање.
Како успеавте да лежи мирно толку време. Мислам дека како ни кажаа мирување? Тој ора насекаде, сѐ прави освен да седне, легне. Ни ТВ, ни телефон не го интересира, само трча, игра, скока
Здраво мајки на син ми му земаа брис од пеленска регија по препорака на дерматологот веќе подолг временски период има црвенило. Изолирано е кандида албиканс и ентерококус е сега матичната вика да сме оделе на детска клиника за терапија.. Проблемот е тоа што од горе наведените антибиотици ни рекоа дека не смее да прима бидејќи помал се исипа после примање на Амоксиклав. Даваат ли друг атб за Ентерококус? Прв пат се соочуваме со ваква бактерија.