Нема гнојна ангина, само тие симптоми што ги спомнав. Мада и температура нема качено 8/9 часа. Ај ќе видам што ќе каже докторката, ако рече нема потреба за брис не правам. Но се прашувам ако веќе не качи температура, дали е неопходен антибиотик Касно го добив резултатот, утре сме на лекар. Ако препише антибиотик ќе морам да и дадам. А колку не го сакам само
И ќерка ми немаше гнојна ангина, црвено грло, едниот крајник зголемен... леукоцитите како кај вас високи. Како ќе ти каже докторката, така. Никој не сака антибиотик, ама кога мора...
Majki help! Bevme na gosti so malata I se igraa so drugarcinja jadea sami makaroni so plasticni viluski otposle vidov deka na mojata I fali del od viluskata na dve mesta po malku sigurno gi izela... mesto za panika
Кои други симптоми ги имаше, како примети дека е болна? Еве денешна крвна слика од друга лабараторија. Докторката се зачуди кога ги виде резултатите. Да напоменам не е под никаква терапија. Сега чекаме резултати и од ЦРП и брисеви. Жлездите сеуште се отечени затоа и да нема бактерија ќе мора да пие антибиотик. Иначе вака си е супер, без температура и други симптоми.
Т имаше два дена (викенд не фати) Не претерано висока 38.5 до 39.2 (она знае и 41 да крене, затоа ова не ни е високо) Јас пред да отидеме кај матичната направив и к.с и црп и брисеви. Матичнава само што и го виде грлото и крајниците веднаш рече дека е за антибиотик. Крвната слика и црп само потврдија. Веќе пиеше терапија кога стасаа брисевите и се потврди бактеријата. Слушај ја докторката како ти кажува, така. Ако сака да чекате резултати од брисеви, чекајте, ако вели антибиотик, давај. Со лесно.
Бевме денес на кожен, тоа било каснато со рекција ама изгледа комарец или слично, не е крлеж главно. И на рацете не било вирусно јас се плашев, туку некој вид екзема. Ни препишаа една маст за двете работи се надевам ќе и помине скоро. Точно дека се од слабиот имунитет.
Не се грижи,ќе ги исфрли преку изметот доколку ги има изедено. Мојата изеде еднаш 5 мастики Чунга Лунга одеднаш,2-3 годинки беше чинам .Ги искака наредните денови,баш го следев изметот секој ден,а бев ептен испаничена и загрижена.
Фала мила на одговорот. Почнавме и ние антибиотик по препорака на матичната. Се надевам со една терапија се средува бактеријата и дека ќе нема влечкање. Поздрав и убав ден
Детево ми закрчува со носот одвреме навреме,не е болен ништо супер си е ама ме загрижува малку ова.Дали иде од носот или од грло не сум сигурна.Носот не тече,можеби затнат му е малку бидејќи не дава да го чистам.Кога зема воздух крчи од горе,не од гради.Да напоменам нема никаква кашлица,ниту поткашлување.Има ли простор за паника?
Жлезди чинам рече дека и отекле. Кс може да се поправи ама тие ќе останат уште долго отечени. Не толку многу ама ќе ги има. И да не се сеќираш, нормално е тоа, и кај нас беше така. Користиш климатизер? Ние сме така од понеделник до петок, во градинка им пуштаат клима, викенд дома се смирува не пуштаме клима, од понеделник пак.
Ако добро памтам кај вас беше после сипаници? Кај нејзе крвна слика е ок, бактерија во нос и грло нема, стварно не знам од што може да е отокот. Температура имаше понеделник неколку часа и после сите уредни резултати, се сомневам дека и беше од ветерот што ја продува во недела. Антибиотик пие, а за што го пие еве појма немам. Мојат ми крчи цело време но има трет крајник.
Да, после варичела беше. Имало некаков имун одговор на телото, чим имала краткои тт. Антибиотик на жлезди мора, тие се имун одговор ама не се за занемарување.
Kerkickata 2 god i 7 meseci otkako ja zemav denes od gradinka dva pati povrati duri i od voda povraka.Sto da i dadam osven b6 mi rece maticnata
Електролити обавезно давај да не дехидрира и течности. Храна не форсирај. Изгледа го закачила стомачниот вирус. Со лесно нека поминува.
Ретко пуштам клима,иако сум од југот па морам понекогаш. И додека работи ние сме во друга просторија најчесто. А и да ти кажам докторот ме поткара што не пуштам клима на +40 степени,баш тогаш пролив го фати од толку жешко,па морав со усул да почнам да ја користам. Никако раат да не си,и со неа и без неа. Ноќе не рчи воопшто,не зборев за такво рчење.Туку,кога зема воздух понекогаш се слуша како закрчува,како да има нешто па му смета чисто да издише.
Според крвните слики кај вас се гледа дека организмот сам си се изборил со инфекцијата. Додека имаше температура беа високи и леукоцити и ЦРП, потоа леукоцитите значително опаднаа, брисевите негативни, имуниот систем сам си заврши работа а вие отпосле добивте терапија, зошто само матичната знае? Лимфните јазли е нормално да се отечени после инфекција и некогаш е потребно до 2 недели да се вратат во нормала, кај деца пак посебно бидејќи нивниот лимфоиден систем е поактивен.
Ова ти е втор пат како те приметувам да доведуваш во прашање терапија препишана од доктор. Како се осмелуваш не ми е јасно? Докторката не знае, а запознаена е со клиничката состојба, ама еве ти знаеш! Крвната слика е преценета кај нас (иако и јас сеуште прво тоа правам, бидејќи тоа е сеуште пракса кај нас) Имаше случај на форумов скоро @Ano мислам беше, кај синчето нејзино ако не се лажам крвната слика беше добра а црп ниско, па завршија во болница со воспаление на уво и со оперативен зафат. Исто и со брисевите (и јас ги практикувам) еве скоро @NarCis@ ли беше (не се сеќавам) која имаше три различни резултати од различни лаборатории. И, на кого да се верува? Јас сеуште на докторката, нејзината е последна, без разлика дали мене симптомите ми изгледале благи или не, ако она рече антибиотик, пиеме без збор.