Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.417
    Допаѓања:
    38.376
    Пол:
    Женски
    Можно е и бактерија да е кај вас. Ќе испитате утре, вечерва симнувај температура и давај и електролити ако имаш. Мирна ноќ да имате.
     
    На Mihaela123456 и mace89 им се допаѓа ова.
  2. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.034
    Допаѓања:
    4.101
    Пол:
    Женски
    Дај Боже да не е. Многу често пие антибиотик веќе страв ме фаќа од помислата.
     
  3. Kolache na mama

    Kolache na mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2020
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    2.858
    Пол:
    Женски
    Го поминаа двете мои. Исто на 4ч. креваа, изгореа 39-39.5 цело време. Крвна слика и брисеви чисти. Имаа тт некои 3,5-4 дена не знам ни веќе точно, зошто едно по друго се разболеа. После тоа беа омалаксани, спиеја многу и се жалеа на болки во нозете. Имаа и многу секрет. Сега веќе малото има само сува кашлица ама и таа се намалува постепено. Кружи вирусот, и ние како возрасни го поминавме со исти симптоми.

    Со помин на сите дечиња.
     
  4. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.238
    Допаѓања:
    1.405
    Пол:
    Женски
    За грип зборате или некој друг вирус?
     
  5. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.887
    Здраво мајки. Синко пред два дена имаше температура до 39. Од тогаш е добар, но денес му се јави осип околу устата. Го гледав нема никаде на друго место... Весел е, си јади малце послабо спрема претходно ама со оглед на тоа што му течи по малце и носето си претпоставувам дека е од тоа. Е сега осипов ме загрижува.
     

    Прикачени фајлови:

  6. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    712
    Допаѓања:
    1.031
    Пол:
    Женски
    Коксаки вирус
     
  7. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.887
    Не треба да има и на рачина и ножина ако е коксаки? Баш го гледав нема ништо... :?:
     
  8. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.762
    Допаѓања:
    23.376
    Пол:
    Женски
    Личи на коксаки, немора да има секаде осип, кај сите е различно. Моето прво дете, имаше само на грлото осип, на др место немаше.
     
    На sweetgirl92 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    2.573
    Пол:
    Женски
    Мајка мојата 2години, три дена изгоре од темп, четвртиот ден немаше ништо за денес петти ден пак да качи до 38,3. Сега веќе ја однесов на доктор земавме крв и брисеви за секој случај, ама крвната слика испадна мирна се работи за вирус или грип што и да е. Така да еве 5 ден накај 6 уште трае кај нас. Други симптоми нема само е многу поспана и апетитот послабо.
    Нека поминува кај сите многу е вирулентно
     
    На Mihaela123456 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.594
    Допаѓања:
    3.836
    Грип е, тој така прави со температура, таман помине ден два без температура, после пак . Една недела трае. Мине само по себе. Одмор, витамини, по потреба антипиретик и ќе мине.
     
    На Cloverrrr и Mihaela123456 им се допаѓа ова.
  11. Cloverrrr

    Cloverrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2019
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    2.573
    Пол:
    Женски
    Фала ти
    А дали и поспаноста е во ред, некако многу повеќе спие и ме загрижува малку.
     
  12. pineapple93

    pineapple93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2019
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Да во ред е, истоштено е од вирусот, му треба одмор..
     
    На Cloverrrr му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.594
    Допаѓања:
    3.836
    Да, од температурата се малаксани, ги тера да спијат нон стоп, уфф кога се сетам што поминав лани баш во јануари точно овие денови имаше грип, бладаше ноќта од температурата со даден антипиретик, па се жалеше на ногата дека ја боли, плачеше, па после како да не знаеше каде е......живот ми се скрати, едвај чекав да се раздени и да ја носам на итна. Таму и земаа крв од вена., дека ногата ја болеше да видат некои параметри дали се покачени ( Јас во Грција живеам и тука исклучиво од вена земаат крв, нема од прст како во Мк) И направија одма тест за ковид и грип и испадна позитивна на грип Б, а резултатите од крв покажаа вирус, грипот фактички е вирус кој не се лечи со антибиотици. Одмор, антипиретик за температура, многу овошје и зеленчук, витамини ако имаш некои плус, тоа ни го кажаа во болница и тоа и го правевме, 2 недели не ја праќав во градинка и после се беше во ред. А ногата ја болеше па може еден месец, не стално ама одвреме навреме ќе се пожали дека ја боли, а си одеше нормално, без да накривнува.
    Со помин нека е, да минува што дошло така и да си оди.
     
    На Cloverrrr му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.846
    Допаѓања:
    10.346

    Личи на коксаки, најчесто имаат и на стапалата.