Имаше спуштено,а и сеуште има вчера го слушаше. Почна со жолто зелен секрет,една вечер се исповрати обилно. Но и покрај целата терапија (заборавив и флоксимед капки во нос примаше) сеуште има спуштено и леплив проѕирен/белузлав секрет. Крвната слика горе доле ок беше,црп 2,5 лимфоцити малку покачени, гранулоцити малку намалени и хемоглобин 11. Инаку испитувањето го правевме во Авицена со упат од матичната 1950ден чинеше (се прави ли ова на државно??) и не пишува каде е изолирана бактеријата а му земаа брис и од нос и од грло. Ацидосалус прскавме редовно секое утро до пред да се разболе, после почнавме со други третмани и синомарин па ај да не му е многу го прекинавме.
Кај моево сега кога имаше пневмонија исто на панел се покажа таа плус два вируса. Примаше 7 дена венски антибиотик и после дома продолживме со лекоклар. Штом не се средува јас би дала. Инаку моето пред да направи пневмонија 6 дена беше на панцеф, ама наместо подобрување, завршивме во болница
Многу ми е жал,се надевам дека закрепна сега Ја чекам матичната што ќе каже,дали освен лекокларот ќе треба и нешто друго.
Добар е сега, еве на планина на воздух сме. Само ми препорачаа да не оди што подолго во градинка за да закрепне и да се крене зошто многу му се насобра.
Ние сме уште со тт висока. Ова не е нормално. Три дена над 39,два дена намали до 38. Бевме на матичен, направивме крвна слика со црп (сите параметри ок). Дадена инхалација со кортаир, мукоплант сируп, виранто. После преглед пак качи над 39 и еве трет ден од тогаш уште е висока тт. Што вирус ќе беше не измести од колосек
Можно ли е да спушти пак и покрај тоа што сеуште инхалира двапати дневно кортаир и физиолошки? И плус е на Амоксиклав, 10ти ден. А инхалацијата веќе 15ти (имавме прекин од 2 дена оти беше добар, па пак го повтори). Значи, уште е под терапија тој пак се раскашлува ларингијално пак носот њ секрет. Накаде да фатам веќе не знам што вирусишта се ова и сите се заразуваме од него од градинка.
За жал може. Затоа матичната ни закажува контроли на неколку дена во такви случаи. Ама ако е вирус зошто антибиотик? Само го ослабнува организмот дополнително.
Го поминавме и ние мајка, баш пишував погоре. Три дена изгоре до 39,6 едвај ја спуштавме некако до 38,5 После четвртиот ден немаше воопшто за петиот ден пак да крени 38 и исто кс и брисеви чисти. Грип е и стари и млади ги фаќа. Од вчера нема темп денес еве апетитот и се врати скоро недела дена не фати. Исто само виранто ни дадоа и витамни. Со помин
Фала мајка, нека поминува. Исцрпени сме сите. Туку од градинка почнаа да пријавуваат варичела. Ние на 31ви последен ден бевме. Можно е да има поврзаност со тт или трескам глупости?
Немам искуство со варичела нека кажат други членки, ама мислам 2 недели е инкубација и толку време температура незнам дали може од тоа
Не знам Ано реално зошто антибиотикот, а крв не ни проверувавме. Мислам го даде за црвено грло, а и можда зеде во предвид претходна бактерија во нос. Претпоставувам само. Дадов оти воглавно ѝ верувам на докторката, ептен во крајни случаи дава вакви терапии. И плус што сум паника. Можда потфрлила овојпат. Инаку и јас еве го носам на 4-5 дена на контрола, утре сме пак. Ми се чини ќе ни го врати Атровентот. Не знам веќе. Кашлицата ми делува ларингијална, а секретот од носот проѕирно/бел.
Мислев на вториот пат што се зголеми пак температурата. Ама дефинитивно не ќе да е тоа, вирусот е таков
Ако ме прочита погоре,моето исто така испи 10 дена амоксиклав,без никакво подобрување беше па докторката не прати да направиме пнеумослајд ,на кој излезе бактерија. За џабе го пиел амоксиклавот,сеуште има спуштено на плуќа,кашла и има бело-проѕирен леплив секрет. Почнавме од вечерва Лекоклар.
Инкубација најчетсто 14 дена и да може да поче сп температура па осип. Ме збуни дека рече дека сите ве фстило баш лако вирус. Ама не ја спорам, сепак ја има целата слика па веројатно не го дала како превентива. Ете викаш и црвено грло имало. Добро е штом сте на контрола па ќе види дали треба нешто дополнително. Кај моево атровентот не помогна, го префрлија на вентолин на крај
Дали има некоја мајка искуство со излив на колк кај дете? И зошто антибиотик кога крвна слика е ок, малку гранулоцоти покачени?
Имавме ние лани како последица од што беше болен бактерија стрептокока мислам беше. Го носев и на ортопед само блокмакс 5 дена беше терапијата и мирување
Мојата 2 месеци кашла/ше, сега и се смирува, имаше и налепи, а со секрет беше максимум 1 недела во месецот. На панел имаше хемофилус, стрептокока и рсв, црп 2-3, леукоцити мирни, весела и без тт. Антибиотик локален и даде во инхалација 5 дена, а 7-10 дена салбутамол и кортаир, од тоа почна да искашлува. И лани имаше хрмофилус во нос, не ја третираа. Од панел кога земаат брис и јас не знам од кај е пошто и од грло и нос земаат. Антибиотик треба по антибиограмот да ти дадат треба да се види дали е сензитивен на лекоклар. Видете да не е и алергиски ако пак нема подобрување. Инаку ако нос и прекинал па пак и се растече знам дека нов вирус фатила.
На неколку пати приметувам на малиот мокрачата му мириса појако, значи не лошо, нормален мирис ама доста интезивен, пример само што сменам пелена после кратко ако моча се осеќа. Мислам сменив и пелени, може и до тоа е. Не покажува знаци на болест, уринарна да е вајда ќе приметам. Малце се паничам за вакви работи дека е со хидронефроза и рефлукс на бубрези, ама пие профилакса од бебе и хигиена ептен на високо ниво, ама пак ме замислува ова мирисот. Може нешто неалармантно да е? Или да го носам на проверка? Да напоменам дека ова се појавува некои денови, не трае долго и нема некоја значителна промена во навиките ваш тие денови кога ќе осетам.
Боја или мирис мокрачата може да смени и од храна. Види тие денови кога мириса поинтензивно да не јадел нешто такво.