Ние од вчера вака, на 4 часа давам парацетамол со блокмакс. Симнува кратко и пак качува. Нејќе никакви течности, плаче, кенка. Прв пат сме вака, крена еднаш темп од МРП ама се симна со блокмакс. Се тушираме, мачкам алкохол. Јаде колку толку… Ме фаќа паника да не дехидрира. Инаку сме скоро година ипол. Некој природен лек низ дома што ви помогнал? Секако ќе правиме крвна слика утре, ќе одиме на матичен. Цел ден се гушкаме, не знам како да му помогнам да му е полесно…
Лош здив и апетит нула (мислам дека е од грлцето) и малку носето му тече. Освен течности што би ми препорачале? За на доктор не ми е
Очогледно. Во козле ни беше препишан, ама и они го сменика кога видоа дека не дава соодветен резултат. Да ама тој со 20 излага за еден ден и не ни може да има антибиограм. Кај нас работата беше за брзање да знае докторката со што се соочува и затоа тој го правевме.
А може и покс калм спрејов да го прскам и течна пудра со анестезин или да не ги мешам од едно да ставам?
Незнам јас лани ко имаа само пудра со анестезин ги мачкав, малото беше само 2 месеци ко ги фати, па само тоа рече матичната.
Пред две недели почна да криви, а претходно немаше ни вироза, ни бактерија. По препорака на ортопед го третиравме со Блокмакс по шема и мирување и таман на контрола ни кажаа подобро е, се повлекува и фати вироза пред два дена и ете го сега криви и тоа повеќе од претходно. Само мирување треба
Баш е за на доктор. Штом мириса здивот и не јаде. Ако можиш види го дали му е црвено. Кај моите лош здив секогаш излегува бактерија на брис
Покс клин го смирува чешањето. Само да биде во фрижидер. Ќе ставаш од неа прво, да се исуши , па после мачкаш од течната пудра, таа ги суши. Со лесно
Не кривеш многу, тој се жалеше на болка во препонот, и дека беше петок, па Божиќ не фати , дури во средата го однесов на матичната. Не можеше да згасне на ногата и плачеше од болка. И сега уште заплакува во некоја положба. Малку му е подобро и не седи мирен. Не може да свати дека треба да мирув
Децава испиле млеко со поминат рок 2ипол месеци. Млекото не беше отворено, но рокот отишол... На вкус и мирис беше добро. Им дадов одма пробиотик. Може нешто да им биде????
Од петокот бевме со температура, под 37,5 не паѓаше ни со блокмакс ни со далерон. Денес бевме на дежурен ја прегледаа и рекоа дека се работи за вирус пошто има како црвени точки на непцето во устата и на дланките (докторот рече дека обично и на стапалата има но кај нема), исто рече дека има некои опструкции (имаме историја со бронхити за мн брзо време и се влошува состојбата) ама демек не било страшно, правевме крвна слика со црп, црп излезе 13, докторот вика демек добро било тој очекувал и полошо ни рече инхалации да правиме и изопринозин да даваме. Е сега, не ме загрижува тоа колку што ме загрижува тоа дека плаче КОНСТАНТНО, ама буквално константно. Не плаче само кога спие во раце кај мене или кај татко и (2 годинки е иначе), ако ја ставиме на кревет одма плаче, не знае што сака - сакам долу кај баба и дедо, одиме доле за 20 секунди - одиме горе не сакам тука и така се во круг. Не сака ни играчки, ни цртани, ни надвор, ни внатре - ништо ама баш ништо не ја смирува…знам дека најверојатно е од тоа што не и е добро ама веќе почнува да ме загрижува, синоќа воопшто не спиеше заспа дури во 6:30 сабајле а во 7:30 веќе беше будна и пак со плачки. Докторот ни даде фенобарбитон таблети и рече да и дадеме ако пак не може да се смири никако, ама веќе последна опција да ни е тоа ако ептен е хистерична како вчера. Е сега за сега е добра, еве сега едвај се заспавме се надевам дека нема да има потреба воопшто од таблетите. Ако и некоја друга мајка минува низ исто/слично со вирусиве и со тантруми, плачки, хистерии - се молам за тебе сестро и исто така ако знаете некое чааре како полесно да ја смируваме ве молам пишете ми
Ортопедот ни рече, као да му дозволиме ТВ и телефон периодот за да седи мирен. Напротив, баш тогаш ништо не го интересираше освен трчање и скокање на кревет. А кога ќе го здоболи ќе седне мирен.
Жени син ми има 2 ипол години и последните 3 недели навечер нон стоп хрчи. Зборувам за хрчење ептен силно, не е настинат и не му е воопшто затнат носот. Закажавме кај Зографски ама дури за недела ипол имаме термин. Се сомневаме на трет крајник или аденоиди.. Дали има некоја слично искуство и дали има нешто некое спрејче додека да го однесиме на преглед да му ставам пошо по цели ноќи се превртува не може да спие мирно?