Тоа ќе делува или нема да делува, не а да го отруеш сигурно. Ако спуштил температура добар е сирупот. Тоа не е до ден истекот, барем уште месец дена има рок после тие три месеци. Денес купи нов и готово.
Може само да не делува, а друго нема ништо да му биде. Јас веќе после месец дена фрлам отворени сирупи зошто на потешкиот начин открив дека немаат ефект после тоа, барем кај моево дете.
Pa ne pie koj znae sto osven kids na forever da vo niv ima zelezo ama mi bese cudni sto ne gi pie prv pat
Нема алергии детето. Сите вредности се ниски. Пример моето дете е алергично на кикирики, белка итн.. и стојат игг вредности над 40. Кај вас нема алергии
Делуваше, симна тт. Има ли некои лижавчиња на база на прополис, да не го били грло, да пробам да му дадам,или подобро се прополис капки?Инаку давам виранто по 5 мл сабајле и вечер, еве сега има 37.7 ама не му давам сируп за тт додека не качи над 38.3-38.4
Не е на база на прополис, ама на ќерка ми и помогнаа овие https://zegin.com.mk/mk/dr-theiss-kherbal-sept-lizhavchina-za-grlo-so-vkus-na-portokal-6-parchina Има различни, за кашлица, за болка у грло, и со различни вкусови
Здраво и ние сме моментално со овие две бактерии во нос. Течење на нос и кашлање па и повеќе од месец дена. Матичниот не стави само на ВИГАМОКС капки (5мл вигамокс растворени со 5мл физиолошки раствор) еве веќе трети ден ставаме од капките само, да напоменам по 4 пати на ден и нема некоја значителна промена. Не сум сигурна дека само со капки ке ги средиме двете бактерии, некој совет да дадете? Детето веќе три недели не ми иде во градинка сега уште оваа и пак ако не се излечиме нема смисла повеќе.. да напоменам само грло е чисто нема бактерии а крвната слика само железото и е малце под долна граница. некои искуства?
Втората ја има моето. Исто месец ипол беше со кашлица,секрет,наод на плуќа и два дена крена тт. Почнавме со Лекоклар и веднаш има подобрување.
Проверивме вкупен и индиректен супер е се во нормала, едноставно таков и е тенот рече докторот. Фала ти
Мајки, малиот се жали на болки во уво, се бањавме,миевме ушиња како и секогаш и после тоа се пожали на болка и плачеше. Незнам што се случи, дали вода повеќе отишла во увцето или нешто друго е. Му дадов Ефералган и 1 капка Тобрексво увцето ставив и еве го заспа. Дали пак да ставам ако го боли, бар до сабајле да издржиме за на лекар
Дајте идеја како аплицирате антибиотик без борба, тепачки, плачки? Во сокче го осеќа и не го пие, па мора со лажичка или шприц, но го плука и никогаш не сме дале точна доза ☹️ Воопшто не соработува
На многу мало дете, со сила. Легнато на земја на грб, со нозете и држам раце и нозе и со една рака отварам уста, со друга ставам по многу малку во образ. За лекови немам толеранција сакала нејќела. Како поголема најгорчливите сум ги ставала во кока кола, сега веќе ги пие. Прави фаци ама пие зошто знае која е алтернативата. Да прашаш дали може апче да ти дадат па да го столчиш во сок. Помалку се осеќа апчето во споредба со некои сирупи. Ама само ако може да се погоди дозата, да не си играш breaking bad по дома
Мајки, од сабајлево детево чат пат се фаќа за увото и под увото и приплакува. Немам никакво искуство со уши, што правите во ваков случај? Ги носите одма на лекар или им давате нешто дома? Може да помине само од себе или да очекувам температури, чуда
Однеси го ако е првпат чисто за преглед. Иначе ќе ти дадат тобрекс капки. Ако многу боли или качи температура ќе ти дадат антибиотик.
На ќерка ми и препишаа инхалација со пулбиен и физиолошки раствор два пати на ден. Е сега првата инхалација и ј напрајв во 15 часот...можам вечер пред спиење околу 9, 10 часот да и ја направам втората или мора некој размак во сати да има меѓу инхалации те?
Здраво,ако има мајка што правела интервенција за дете во систина(во наш случај ќе ваѓаме крајници и цевчиња ке ставаме) да ми каже како поминала, како биле сместени? Операторот ми кажа дека ако нема слободна соба можеби и со други ќе сме сместени ама сестрата што работи со докторот ми кажа дека мало дете и мајка се декогсш во посебна сместени. Како поминавте и како сте задоволни?
Ако е осигурано преку тебе, одма ќе се појави. Штом не го гледаш веројатно е преку сопругот, види кај него на апликација. Има можност за промена на профил, мислам дека е во мои податоци. Мене двете деца ми ги појави кај сопругот на апликацијата штом добија здравствена книшка.
Малото преку мене е осигурано,ама ништо не ми се појави. Веројатно треба со негов матичен да се најавам,не знам..
Mahki ako moze help, maluot e so temperatura, dadov paracetamol pred 15 min i sega povrati..dali da dadam pak ili ne? Faaaa