Знам дека делува после 30мин ,но не сум сигурна дали да му дадеш пак. Ако не ти одговори никој тука,јави се на брза помош ќе ти кажат.
Исто и моето сега дали и поминаа 10-15 ми дадов сируп и го поврати сега не знам дали да дадам пак, ти што направи, ги одговори ли некој?
Јас дадов малку помалку од пола доза..39.5 има тем многу ср испласив и дадов..скроз капна, ваков не бил никогаш..и туширам и сенф на нозе и пак под 38.4 не паѓа..инаку сме на инхалации и добарбеше, матичната ми рече до денес инхалирај и толку и ова шок..од нигде никаде
Течење на крв од нос кај 8 годишно дете од што може да биде? До сега 2-3 пати му се има случено посебно во спиење и кога е болен (последниве 2 пати кога му течеше е со сипаници) Да го носам на лекар посекако?
На моето му течи на периоди последниве 3 години, сега има 6 год, секогаш е ноќе во спиење. Од другарка детето исто. Многу често е оваа појава кај деца, матичната вели танки крвни садови, а јас кај моето имам приметено дека можи да течи од прскање на било каков спреј во носот, посебно ако прснам септаназал, поради тоа и не користам повеќе спрејчиња кај него, ама па фала Богу и немало потреба, ама еднаш прснав пред 2 месеци одма течеше ноќта...
По колку инхалации има подобрување во кашлањето? Денес втор ден и е и се откорна од кашлање. Не знам што друго би и дале ако ја однесам на доктор.
И ќерка ми кашлаше многу. 2 пати дневно и правев инхалации еднаш и 3 пати и правев и помина кашлицата, кашла пак понекогаш во денот еднаш до двапати. Кашлицата е многу досадна и не поминува толку лесно.
Ко сува да е, чат пат ќе слушнам и како водена, не знам стварно, дојдовме на болница па ќе видам шо ќе кажат. Нема ништо на градите, кашлањето и е од грлото, да продолжиме со терапијата дадена и да и дадам и сируп за алергија.
Примавме вакцина и има реакција. Давав сируп не зошто беше висока темп туку се грчеше,и ради болка. Моментално спие, ама има 38.2. Да го оставам дур спие или нешто да правам, во стилот да го разбудам и разладам. Во спиење не сме имале темп и не знам како да реагирам
Мајки малата ми качува температура на секои 5-6 часа вече ден ипол и многу кашла. Крвна слика нормална и дадоа само блок макс и инхалации бидејќи грлото и е ептен зацрвено. Дали без антибиотик би поминала температурата??? Не знам дали пак да ја носам на лекар
Јас не будам, само пратам температура многу често, ако качи над 38,5 давам сирупче. Исто и преку ден и навечер правам со аларми на пола саат дане заспиам.
Сабајле во 8 веќе качи 38.6 и дадов сируп. Мирно поминавме, си спиеше и покрај температура. Не го будев. Сега ја симна. Па ќе видеме како ќе биде
Сношти во 22:30 дадов и на помала се грчеше цел, вриштеше, како стомакот да го болеше. Фактички дадов ради болка а не ради температура. А после качи пак и цела ноќ не ја симна под 38.3 ама не дадов од што си спиеше мирно. Сабајле кога стана во 8, темп имаше пораснато на 38.6 и дадов. Сега спие, му падна темп па ќе видиме како ќе биде. Ќе се разладуваме ако качува пак. Се надевам нема