Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.740
    Допаѓања:
    5.644
    Пол:
    Женски
    Кај ќерка ми, црвено грло не поминало без антибиотик. И без температура затоа добивала.
    Не значи дека и кај вас е таков случај ама ако не си сигурна најдобро доктор да следи.
     
  2. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    2.618
    Мајки малиот има Moraxella во носот и сега има воспаление на уво од неа, докторката рече дека сериозно воспаление има и даде Амоксиклав 10дена и Блок Макс 3 дена. Ми рече дома да седиме две недели. Какво искуство имате со вакво воспаление? Само на почетокот го болеше увцето и имаше температура, сега е добар и весел
     
  3. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    4.105
    Пол:
    Женски
    Мајки дали е можно дете да има плеумонија со црп 3, и примени сите вакцини за стрептокока. Синчево многу шлајм има, мрсулчиња, две недели некако од време на време качува температура па спушта. Весел е ама слабо јаде апетитот му е многу намален. Вчера му направив крвна слика и црп излезе 3 а денес пак ми качи температура
     
    На Aledarkali му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Aledarkali

    Aledarkali Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2023
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    168
    Пол:
    Женски
    Малата ко имаше пнеумонија црп и беше 1,на слиушалки не се слушаше ништо па така ја лечеа од алергија да на крај крена 40 тт па тогаш дури се слушна дека имат на плуќа слезено и пак црп 1, ко почна да примат инфузии по 2 3 дена и направија крвна слика црп 12 кај нас беше вака
     
  5. Aledarkali

    Aledarkali Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2023
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    168
    Пол:
    Женски
    Малата имат тт 39 и дадов ефераглан симна па после три часа пак крена, не и дадов ништо дека немат доволно часа поминато од првата доза, единствено се жали на мешето дали да ја носам на доктор не знам што да правам
     
  6. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.602
    Допаѓања:
    3.843
    Кога имаат температура имаат болки и во мешето, барем моите скоро секогаш кога качуваат температура се жалат на мешето. Ако од денес е крената температурата, следи ја и утре да видиш како ќе биде па после ја носи на лекар. Сега ништо нема точно да ти кажат оти е многу рано
     
    На Aledarkali му/ѝ се допаѓа ова.
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.976
    Допаѓања:
    26.355
    Има изолирани бактерии? Ако се разболува заради стрептокока, превенар вакцината може да ви биде многу од корист.
     
  8. Aledarkali

    Aledarkali Активен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2023
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    168
    Пол:
    Женски
    Од кога почна во градинка многу често се разболуват и еве скоро два месеци не ја носам и никако да и се подобрит имунитето, до 2 јануар пиеше антибиотик за ларингит и еве сега пак се разболе ептен сум загрижена
     
  9. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.740
    Допаѓања:
    5.644
    Пол:
    Женски
    Ќерка со ниско Црп и комплетно нормална крвна слика, сите параметри во нормала сакам да кажам, на снимка испадна пневмонија.
    Додуша кај неа и на слушалка се слушаше дека има симнато.
     
  10. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.602
    Допаѓања:
    3.843
    Знам. Ќе стекне имунитет и после нема да се разболува толку често. Само не брзај одма со често давање антибиотик и од нив многу опаѓа имунитетот и лесно закачуваат нов вирус
     
  11. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    4.105
    Пол:
    Женски
    Охх и мене страв ме фаќа… многу слајм има и слаб апетот. Цело време е со мрсули, што се симптомите при плеумонија освен покачена температура?
     
    На Aledarkali му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    4.105
    Пол:
    Женски
    Што симптоми имаше?
     
  13. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.740
    Допаѓања:
    5.644
    Пол:
    Женски
    Кашлање кое не се смири ни со антибиотик, јадеше помалку, "свирење" во градите, тоа во главно.
     
    На mace89 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.222
    Допаѓања:
    7.774
    Пол:
    Женски
    Мајки немам многу искуство со тт.
    Малата ноќеска ми качи тт до 40. Наеднаш претходно без никаков симптом.
    Ставив чепче, спиевме. Кога станавме немаше тт. Кај 14ч пак почна да качува над 38.5 пак ставив чепче сакаше да спие. Откако стана цело време ја држеше некоја тт до 38.5. Ама беше активна весела на нога цел ден.
    Е пред малку почна да качува до 39 и клапна. Мраз и се нозете. Се притресува на моменти. И ставив чепче сега. Да видиме дали ќе и падне.
    Кажувајте совети околу тт и кога да ја носам на доктор.
     
  15. PollyPocket

    PollyPocket Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2023
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.467
    Пол:
    Женски
    Следи ја утре, ако е полошо носи на на итна ако е исто, понеделник на матичен. Со лесно.
     
  16. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.222
    Допаѓања:
    7.774
    Пол:
    Женски
    А за ноќва не дај боже ако не ја симнува. Освен чепче што можам друго? Сирупи не пие ги повраќа.
     
  17. Kallias2

    Kallias2 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2019
    Пораки:
    1.602
    Допаѓања:
    3.843
    Ќе гледаш симптоми што друго има освен температура, ќе следиш 2 дена како ќе биде и ако гледаш дека е полошо ќе ја носиш на лекар и да и направат испитувања, ако е поарно, пак носи ја да не ти е на мисла и да ја видат.
    Температурата е добра, не се плаши, моја другарка хомеопатски се лекуваат фамилијарно и у живот немаат децата земано лек против температура, вика се радуваме ако качува температура, тоа значи дека организмот се бори со нечистотијата која влегла внатре во организмот и колку повисоко оди толку побргу ќе ја изгори и ќе си оди што и да дошло. И од неа и јас почнав да не се тресам веќе на температура, ме смирува многу кога ми кажува супер штом има температура, остави ја така и ќе видиш за ден два ќе мине и така бидува.
     
  18. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.222
    Допаѓања:
    7.774
    Пол:
    Женски
    На мојата моментално и е 39.5. Заспа.
    За колку време треба да почне да делува чепчето?
    Може глупости прашувам ама немам многу искуство со тт. Плус викенд е.
    Ми е страв да не и оди повеќе нагоре а да не симнува. Што тогаш.
     
  19. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    4.105
    Пол:
    Женски
    Таков е вирусот, комбинирај чепчиња на 4 сати бруфен со парацетамол. Толку е јак вирусот што едвај се издржуваа 3 сати без антипиретици. Кај мене така имаше поголемиот пред две недели и ден ипол му траеше па му спадна. Еве денес пак ми качи, јас незнам што вирус е. На лекар најдобро да се носи после 24 часа од висока температура за ако ви дадат крвна слика да го добиете правиот резултат
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mace89

    mace89 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    2.043
    Допаѓања:
    4.105
    Пол:
    Женски
    После сат време очекувај и следно чепче ако е парацетамол одма на 6 часа а ако е комбинација бруфен - парацетамол 4 часа. Не чекај да качи
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.