1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.604
    Допаѓања:
    170.369
    Пол:
    Женски
    Кај нас е друг проблем. Бактерија сигурно има, ама наодите се различни, а со тоа и терапијата. Симптомите и за двете бактерии се исти.
     
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.219
    Допаѓања:
    124.236
    Последен пат кога малата беше болна... Имаше темперетура, одиме кај докторот, ја гледа, вика ова е стрептокока, еве ви рецепт за антибиотик, ама прво крвна слика направете. Правиме крвна слика, се слушнавме, резултатите топ, нема потреба од антибиотик, вика изгледа вирус е.

    Одиме дома, 3 дена температура, 4тиот нема, петиот пак! Одиме пак на доктор, вика гнојна ангина, од стрептокока :(
    И секако антибиотик.

    Сакам да кажам, да не правевме крвна слика, ке си пиевме антибиотик, и место за 15 за 8 дена детето ќе беше здраво, ама ете...планирам од сега да не малтретирам крв зимање, само докторот да прегледува.

    И, многу сте ми чудни, како еден правник, економист, филозоф... сметате дека знаете подобро за медицината од доктор педијатар, со школо и искутво во медицина? Ако не сте сигурни у докторот, прашајте друг доктор,не професор по германски!
     
    На mal.ecka, Alishan30, PUPICA и 2 други им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.643
    Допаѓања:
    95.694
    Пол:
    Женски
    Абе форум е луѓе, нормално е дека ќе пишуваме, секогаш нечиво искуство ќе помогне. Ама докторот е оној кој е во право скоро па секогаш, исклучоци има, нормално. Исто како Цка, и ние му веруваме на нашиот педијатар 100%, тој што ќе каже тоа е. Сто пати сум го рекла ова, го гледа и кажува увото е, после го прегледува и се востановува дека стварно е увото, а јас се преиспитувам како се однесувал изминатиот период и стварно се укажува на увото (оние типични фаќање уво, влечење, црвенеење на едната страна) ама додека не рече доктор не одам сама Зинатот да го земам иако го знам детево веќе како дише. А кс не е воопшто преценета, само треба добро да се предвиди кога е вистинското време да се направи. Ако се јават симптомите и одма се направи кс нема да покаже, после 24ч е најидеално, да се даде и време да се избори малку организмот, зошто секогаш може да е од премор, од ненаспаност, од сонце, од стрес... Ако после 24ч не се смени ситуацијата правам кс и тераме даље. Така бар мене ми има кажано нашиот педијатар.
     
    На eli25 и Alishan30 им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.195
    Пол:
    Женски
    Муабетот ми беше дека не секогаш се точни резултатите. И дека секогаш зборот на докторот треба да е последен.
     
    На Alishan30 и NarCis@ им се допаѓа ова.
  5. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.726
    Допаѓања:
    39.843
    Пол:
    Женски
    Кај нас мислам кс беше направена во погрешен момент.
    Првичната кс кога беше само болка во абдомен пред тт и сите пропратни глупости црп беше ниско, леукоцити покачени. После тоа се се одвиваше толку хаотично што кс имавме дури на 5 ден кога не примија во болница и тогаш беше црп високо, а леукоцитите смирени, ама веќе пиеше антибиотик.


    Само ми е криво што не направив брисеви пред било што да знам сигурно дали од стрептокока беше се.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    И мајката истото се прашува (цитирам: -Антибиотик пие, а за што го пие еве појма немам) затоа и си земав за право да искоментирам, намерно неколку дена читам и не сугерирам ништо, почекав да си отидат на лекар и да си добијат терапија зашто така беше најправилно.
    Штом мајката ја сподели целата ситуација овде со крвни слики со сè, значи сака мислења и дискусија околу нивната ситуација и јас го давам моето мислење што не велам дека е точно, ама форум е и дискутираме.
     
    На chocolade му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Ја читам дискусијава и не ми е јасно.
    Терцијален доктор со прст не допира пациент. Лечи преку кс и дава дијагноза по 50% од анамнеза 50% од крвна слика.
    Како тоа кс не е битна не ми е јасно!?
    Еве, ајде баш и @Alishan30 @Annath нека кажат мислење, иако не мора да сме доктори за ова. Кој стигнал до Терцијален јасно му е како течат тие работи
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Крвната слика е само еден параметар врз кој се одредува дијагнозата. А дека е 50%, не би рекла, можеби до кај 20%, бидејќи не се гледа се на една крвна слика. Добра и темелна анамнеза, темелен преглед, крвна слика плус резултати од други испитувања водат во најголем број случаи до точна дијагноза. Ама, не секој доктор е добар дијагностичар.
     
    На An-na, NarCis@, Alishan30 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се сложувам.
    Некогаш има потреба и за повеќе работи да се испитаат. Некогаш и ртг и мр и кт е потребно.. Брисеви такоџе.
    Но во секој случај кс е битно.
    Одиш на инфективно даваш анамнеза паралелно дур земаат крв на дете. Автоматски си оди тоа. Дијагноза не се поставува на 'мајката рече ова му е'.
    Јас уште пред да појдам на доктор одам во лаб правам и кс и Брисеви (ако се сомневам на бактерија) па потоа одам кај матичен. Зошто правам така? Зошто онака ќе треба два пати да се враќам. Вака повели кс, повели анамнеза, дијагностицирај што се случува или ако е нешто посериозно ајде на клиника.
     
    На eli25, Alishan30 и Annath им се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.987
    Допаѓања:
    279.112
    Спрема тоа во која држава живееш варира колку е битна .
    Цела недела е дете во со тт до 40.
    Имаше оперативен зафат, 2 посети на педијатар и една на брза помош во болница и сеуште немаат крвна слика направено.
     
    На NarCis@ и Annath им се допаѓа ова.
  11. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Баш сакав да те спомнам во претходниот пост.
    Многу ме интересира која е политиката во Германија за кс. Баш и пред зафат рече сеуште немаат кс направено.
     
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.987
    Допаѓања:
    279.112
    Отстранија полипи во нос, намалија крајници и рез во ушните тапанчиња. Она секако кон стоп е затната, немаше к.с пред зафатот. Од наредниот ден почна да крева до 40 тт. Недела помина сеуште качува тт, ниту педијатар ниту брзата помош и направија к.с.
    Ваљда не треба, не знам. Еве ја седи до мене, луфтираме.
     
    На mal.ecka и LiliBoz им се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Зошто на приватно не ја однесеш? И крвна слика нека направат и се' што имаш од документација однеси, па да ти е мирна душата.
     
  14. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Навистина не ми е јасно како.
    Кај нас прст да ти оперираат кс и крвна група обавезно се прави..
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.987
    Допаѓања:
    279.112
    Нема опција приватно. Јас барем не знам никаде тука лабораторија каде може без упут да се зема крв. Се зима во ординацијата, со упут, па после они препраќаат во лабораториите.

    Секако специјалистите кои ги посетува се само на државно и само со упут, без матичниот не можеме да мрднеме.
    Едит:
    Сеуште не и знам крвна група. На никоја од трите не знам уствари...побарав, рекоа не е битно, да не го мачат детето.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Има приватно само повеќе ти се исплаќа да фатиш авион за Мк, да испиташ се за сите три, да си поседиш две недели и да се вратиш.
     
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.987
    Допаѓања:
    279.112
    Испитано е се друго, најдетално анализи на секое поле, поради други здравствени проблеми, се направени.
    Ама со крвнава слика или брис божем во очи да им брцаш, не оди така лесно.
     
    На mal.ecka, Annath и Bridget им се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски

    Јас правам крвна слика и брис само ако рече матичната, на своја рака не. Досега не погрешила дијагноза, затоа 100% и верувам.
     
    На Bozica1980, Coco31, duffi и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.000
    Допаѓања:
    118.111
    Пол:
    Женски
    @LiliBoz не се согласувам на испитани брисеви, крвни слики и црп пред да се прегледа дете.
    Од каде таа мода бре, и мене ми доаѓаат со веќе испитано.
    Е да ок, ама еве мене ми треба ензими на пример за стомачна болка, па ги враќам втор пат да се боцка детето за крв.
    Разбирам, претпазливост. Гледам да не малтретирам, доколку не треба. Ама ако сметам дека треба и втор пат ке се земе крв.
    Брис од нос и грло веќе земени, ами јас сметам дека и ушите се поврзани, па ќе вратам за уште еден брис.


    Не не бива, нее:!:
    Сите се специјалисти денес, родители, професори, само не докторите.
    Дијагноза се дава врз основа на комбинација од добра анамнеза, клиничка слика и лабораториски анализи.
    Незнам во колкав процент и не ми е грижа, битно ми е се да ми е направено.
    А потоа, пак ке не "плукаат" дека не знаеме што правиме.
    Битно јас да сум си правилна, пред мене и по закон и пред детето.
     
    На pianogirl, eli25, 24.07 и 13 други им се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    Јас правам зашто си го знам детето. Пример ќе ти дам кога почнавме со припрема за тестови за вакцина. На своја рака му испитав кс. Испадна има вирус ама е асимптоматски. Се јавив кај што треба ми рекоа џабе не доаѓај и така има морбили а ете не може да прими.
    Што добив јас од таа моја претпазливост? Спокој дека не сум го мкнела за време на епидемија на морбили на детско каде ќе бил вратен. А тоа дека се малтретира детето со боцкање... Мојов со мерак дава прст кога знае балон ќе добие во авицена :D
    Не знам еве, може и јас грешам, не велам не. Јас дека и самата сум дијагностичар и сета работа ми се сведува на примероци, плус и дека сме лежеле со мали на инфективно.. Со прст доктор не го допре дур не види кс.
     
    На Annath и Lolipop23 им се допаѓа ова.