Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.222
    Допаѓања:
    7.776
    Пол:
    Женски
    Зошто имаме еднаш такво искуство, имаше благо спуштено на гради. А не кашлаше само чат пат поткашлуваше и тоа со шлајм беше. Бевме на доктор да ја види ме интересираше грлото како и е не очекував дека има спуштено се зачудив кога ми кажаа така.
     
  2. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.650
    Пол:
    Женски
    Немора да значи. Еве ја мојава, има спуштено, прееска се вративме од Козле. Од четвртокот само навечер креваше температура макс до 38.7, со по нецела доза Далерон спушташе температура до 36.9. Ама од синоќа почна поинаку да кашла, како да сака да се искашла, а неможе, одма си помислив дека спуштила, а носот ништо посебно не и течеше. До вчера јадеше како така, денес цел ден на 2 чаши јогурт , а палава е цел ден, збесна. Сега на антибиотик е.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.222
    Допаѓања:
    7.776
    Пол:
    Женски
    Може некој убаво да ми објасни како беше комбинацијата парацетамол и бруфен. Имам чепчиња.
    Сега ако дадам парацетамол после колку часа треба бруфен? Па после бруфенот кога парацетамол?
     
  4. Irimiri

    Irimiri Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2021
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    На четири часа наизменично.
     
  5. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    813
    Допаѓања:
    2.682
    Пол:
    Женски
    Мајки малиот има 2++ години. Од вчера ми е со температура која достига и до 39+. Не кашле, нос не тече. Нема никакви симптоми освен температура. Е сега образите му се многу топли и црвени. Темп на тело е 38.2, а на образи 39. До сега такво нешто не му се случило. Некој нешто да каже?
     
  6. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.222
    Допаѓања:
    7.776
    Пол:
    Женски
    Прво парацетамол па после 4 часа бруфен?
     
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.976
    Допаѓања:
    26.357
    Да, ако има над 38.5. Ако не е над тоа, почекајте барем 6 часа.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.976
    Допаѓања:
    26.357
    Повеќе од 3дена температура која се враќа, е секако за преглед и надзор. И да, поинаку кашлаат со наод на плуќа. Со лесно да проаѓа.
     
    На JoyJoy и Cherry79 им се допаѓа ова.
  9. Irimiri

    Irimiri Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2021
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Јас почнувам со парацетамол затоа што е послаб. Ако не спушта нели, за четири часа најрано давам бруфен. После четири часа ако крева пак парацетамол. И така во круг. После бруфенот некогаш поминуваат и повеќе часа додека се качи температурата пак.
    Јас некогаш гледам да дадам бруфен пред спиење за да го држи повеќе часа за да спие. Ама не секогаш може да се темпира.
    Ако се зголемуваат часовите кога нема температура се дава само едното или само другото. Значи ако крева на осум , на десет часа ќе дадеш само на пример бруфен или само парацетамол.
    Бруфенот исто така ја симнува побрзо температурата и тоа имај во предвид. На пониска температура знае да отиде топломерот на 35, 34. Мене и од тоа ми е страв.
     
  10. Erika.greeneyes

    Erika.greeneyes Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2016
    Пораки:
    4.222
    Допаѓања:
    7.776
    Пол:
    Женски
    Во 20:30 ставив парацетамол чепче и под 38 не симна. Цело време качува накај 39 нозете ладни ќе и ги затоплам ќе падне под 39. Значи вечерва ни 4 часа не може да издржи без да качи. Во 00:30 ќе ставам неофен чепче. До сега немам такво ставено и мене ме плаши тоа што сум слушала дека многу спушта тт.
     
    На Irimiri му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mother of 2boys

    Mother of 2boys Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    748
    Допаѓања:
    1.078
    Пол:
    Женски
    Подобро давај навечер само бруфен. Повеќе часа држи да ме крена температура, барем ќе поспиеш малку.
    Нема потреба да даваш парацетамол ако после него ти крева тегови за три часа. Давај бруфен.
    На сирупот или чепче пишува максимум дневна доза за 24 часа. Тоа се 4 дози бруфен или три.
    Со точната доза нема потреба да мешате сируп. Кога ќе почне пониска температура тогаш давам парацетамол, после два три дена од почетокот на болест.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Emilija28

    Emilija28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2024
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    Dali imate da mi preporacate dobar privaten oftomolog za dete od 1 god
     
  13. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.270
    Допаѓања:
    8.525
    Пол:
    Женски
    Бруфенот спушта тт и повеќе временски држи, слободно да и даваш на 6 часа бруфен, штом качува на помалку од 4 часа тт, слаб и е далеронот, пробај со бруфенот, па носи на доктор за кс и преглед, да не има спуштено на гради.
     
    На Erika.greeneyes и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  14. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    4.893
    Пол:
    Женски
    Нема бактерии, има чисти брисеви и од нос и од грло, направивме и крвна слика и таа беше скроз мирна, само црп беше 8, се друго во нормала, и хемоглобинот пак 105.Овој пат не дадов антибиотик иако матичната предложи, давав само виранто по 5 мл два пати дневно( матичната ми рече по 3 мл и тука не ја послушав бидејки предходно сум давала така и мислам дека е мала доза и немало некој ефект , на упатството си стои по 5мл 2х дневно), прскав аква марис спрејче во нос од време на време по цел дн, про анги бејби во грло спрејче по 1 прскање сабајле и вечер, пробиотик и витамини.Подобар е, веке од денес прекинувам и со виранто, веке 3 дена нема тт.Се накашлува ама мислам дека веке не е страшно. Последно го вакцинирав со прва доза дтп вакцина во мај ради повреда, и од тогаш буквално на точно еден месец е болен и прима антибиотик, можеби е поврзано со вакцината , можеби не, ама да ставам вакцина друга веќе немам намера.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.976
    Допаѓања:
    26.357
    Син ми минатата недела имаше 20 црп, со мирна крвна слика. Ми кажаа да почекам за антибиотик, и вистина падна црп то после 8 дена само.

    Црп над 40 и високи леукоцити покажуваат на бактериска инфекција. Гледајте да не давате антибиотик секој пат кога е болен, а нема потреба,само му намалува имунитет.
     
    На Mumoftwo30, JoyJoy, Splendor. и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Shaya

    Shaya Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    374
    како знаете дали се спуштило на плуќа? син ми (17м) е раскашлан зачестено (има грип) ама како мокро да е, како да знам дали е влошено односно за на лекар?
     
  17. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.876
    Допаѓања:
    4.632
    Се надевам подобри сте. Поминала ноќта, ама чисто да знаеш да не се стресуваш следен пат. Кога имаат така висока температура над 39 со антипиретик не очекувај дека ќе симне 36-37, нормално е да и паѓа на 38 и на 38 не се дава ништо.
    Тоа спуштање што тогаш ви го наслушале може биле некои налепи, опструкција или пневмонија има поинаква кашлица кога е сериозна и мислам дека не можеш да ја утнеш, или ќе ти дише и кашла поинаку или ќе биде омалаксано и нерасположено. А и како расте веќе ќе научиш кога како реагира на разболувања и ќе си ја лечиш и подобро од матичниот.

    Ако е мокро, како зрела продуктивна кашлица најчесто нас ни викале дека е од горе, а не од плуќа, најверојатно му се слева секрет позади. Секако ако е со грип и кашла однеси го нека го наслушаат малечок е знаат брзо да спуштат.
     
    На Splendor. и Shaya им се допаѓа ова.
  18. Dionisija7

    Dionisija7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2019
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Се дава ли ленено масло на деца за тврда столица и како?
     
  19. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.650
    Пол:
    Женски
    Ако кашла и искашлува не би требало да е спуштено. 17 месеци е мало носи на контрола почесто.
     
    На Shaya му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Anika55

    Anika55 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2022
    Пораки:
    3.612
    Допаѓања:
    61.337
    Пол:
    Женски
    Јас го препознавам син ми дека има спуштено по крчењето додека дише. Ако е крчењето од грлото, обично прекинува, посебно после поткашлување, а ако е конзистентно значи има спуштено. Друго, при дишење има лесно вовлекување кај вратчето и/или мешето.
    Син ми кога спушта не кашла многу често и секогаш е без температура.
    Во секој случај, на твое место би го однела да го чуе лекар.
     
    На Mother of 2boys, Shaya и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.