Здраво мајки Сабајле кај 4 ми качи температура малата и се исповраќа.На педијатар сме дури во 5 ,( полно е ,многу болни дечиња) Ставив чеп секако се симна,пак ми качи 38.5 дадов блокмакс ама го повраќа. Што да дадам? Да туширам,мачкам оцет или? Малку како да ми фрчи со грлото страв ми е да не се спушти а не кашла.
Како дозирате инхалација со пулмикорт треба два пати во денот од 0.25 за синомарин колку треба да ставам.
дали проверувате дали е вирус или бактерија пред да заврши на антибиотик? зашто вирусите не се лечат со антибиотик. син ми на 9 месеци го спукаа со три антибиотици за 1 месец па среќа сменивме педијатар, направивме детален тест за вируси и бактерии и испадна џабе сме го труеле, се решавало со само едно шишенце изопринозин сируп.
Јас живеам во Грција и од тука ја купив од аптека. Против кашлање е спрејот аеролин, исто се става и друг вид спреј зависи што ќе каже педијатар.
Секое одење или ќе ни дадат инхалации па по 3 дена е веќе касно за испитувања, или црвено грло или наод на плуќа и ти вика мора на антибиотик. Нареден пат веќе мн брзо од претходен антибиотик па нема поента крвна слика или брисеви. И се така во круг... И давав и јас изопринозин минатиот пат пред да пие сумамед, џабе беше. Мислам ништо што да и дадам не и делува, само фрлам пари по аптеки
Јас ја имам од Грција. Ефикасно е за почеток , Аеролин е Вентолин односно Салбутамол. Маската е екстра за брза примена и кога почнуваат да кашлаат, но не заменува во целост небулизатор оној класичниот за инхалација со водена пареа.
Аеролин е Вентолин кај нас (генеричко име Салбутамол). Ваква маска како што стави @Kallias2 даваат кај нас даваат само кај хронични бронхити, астма и слично. Вентолин даваат како крајна инстанца. Обично кај нас се оди со небулизатор (инхалаторите на струја) кај што ума солен раствор и активна состојка. Прво почнуваат со кортико у само при јаки опструкции се дава вентолин кој исто може да се стави во небулизатор (во шишенце е, не е како спреј). Инаку салбутамол може да биде и опасен ако се примени повисока доза (дава јаки тахикардии) затоа кај наа го даваат ако другите не делуваат или ако е јака опструкцијата.
Некој искуство со хуман метапневмониа вирус? Кај ќерка ми е изолиран на брис и денес матичната и даде изопринозин. Еве трет ден температура крева, кашла.
Мајки ве молам за совет... Ќерче има 16 год.од скоро почна да се жали на десна страна од главата некаде над окото/увото... Се некако препишувавме на замор,на ладно,на неодморена ,на мензис... Вечерва ни б6 не и помогна што дури и поврати од болка ... Утре секако на лекар но не ме држи место ноќва...
Се сложувам со напишаново. Само да надополнам дека дозата на аеролин спрејот е многу многу мала која се вдишува и ако се користи правилно, пример 3 пати на ден по 2 пафа како што ни пишуваат педијатрите тука нема апсолутно никаква штета, јас од бебиња ја користам и за двете деца и до сега никогаш не сме имале никаков проблем и секое дете тука го користи, а не знаете колку многу помага за шлајм кој не може да го искашла детето.
Мамички дали за затнато носе може инхалација на своја рака или да го носам на педијатар? Денес последен ден ни е од антибиотикот за воспалено уво, но еве носот пак се затнува, ставам солен раствор,ацидосалус од вчера почнав и веќе памет немам, ми е страв пак да не се воспали увото од секрет во нос
Според мене подобро да прскаш солен раствор почесто и да влечеш со носко за да го извлечете секретот да не прави притисок на ушите.Моето е исто цело време затнато. Од инхалацијата секретот се разредува ама после многу кашла и не знам веќе што е потешко. Ставај цело време тенџере со чај да испарува, диво оригано прскај.
Мајки малава се жалеше на болка од лева страна на стомаче, и ноќе немирно спиеше, на лекар испадна дека има песок и камчиња во бубрезите.. Ни дадоа сируп, чај да пие, многу вода.. Дали имате вакво искуство, како да и помогнам, се исплашив ептен, многу е малечка, 5 години има..
Здр мајки Кај дете 3.5год забележав на допир мало меко топче зад увото. Ке ставам слика каде точно. Беше малку болен пред 10дена тт до кај 38, но траеше 2 дена и не бевме на лекар. Му течеше носот,а и уште има секрет, но безбоен е. Ме загрижува топчево , не го боли кога го допирам. Сретнав дека се некој жлезди што испаѓаат при паднат имунитет, ама кај многу помали, кај бебиња, а не вака кај поголеми. Имал ли некој слична ситуација, и дали се наоѓало на истото место како кај нас
Да,кај син ми се има појавено на таа возраст,малку подолу,под увото. Се појавуваат после болест како реакција на организмот. Сепак следи го ако има некаква промена посетете лекар.