И на болница и правеа инхалации со Атровент, никој не ни рече затворени очи. Додуша кај нас се возможни само ако гледа Тв. Не знам како е правилно во секој случај и дали Вентолин би имал иста функција. Најдобро доктор да каже.
Моето беше 3 дена со висока темп и на 4 ден извади варичрла. За жал темп кај нас не симнуваше и сме оште на антибиотик.
мојата исто од петокот изгоре не спушташе под 39, други симптоми ништо. ја носевме вчера во систина, ни рекоа да даваме наизменично на 4 саати блокмакс со далерон, ама не ни спомна колку дена, ваљда додека има тем. има некој вирус таков со висока температура
Kaj site vozrasti se dava po 20 kapki 3 pati dnevno? Bebe e 13 + m , jas sea samo sto mu dadov 10 mi bese strav cela doza
Дали има друга мајка моментално со детенце што само кашла? температура нема, грло не го боли, мрсули нема, ама се откорнува од кашлање веќе 2 дена...инхалирам, почнав и tylolcold да давам по инструкции на матична ама кашлањево после инхалации само се влошува место да се подобрува...утре секако ќе правиме кс, брисеви и се што треба ама денеска не знам како да му помогнам, не може ни асолно да спие од што кашла премногу
А по колку мл даваш? Јас од Блокмакс 5 мл, а од Далерон 7.5 така пишува на упатството, 3 години и 2 месеци е синко.
знам дека ни се тука некаде, исто и мојата е толку 3 години и 2 месеци, ми рече по 7 мл блокмакс и 7 мл далерон, ја пред да одиме исто 5 и давав, ми рече малце е, ама ваљда има врска и килажата , 15 кила е мојата
Мајки син ми 5г. Истаде 3 крајници и ставија цевчиња во уше. Еве 5ти ден ништо не реди во уста освем течности и сладоледи.Ослабе 3кг. Зборува се, вика дека не го боли грлото веќе туку малце само го пецка но општо од блендирљна храна му се гади. И неможе ништо да му вметнам,се мислев дали смее на пример преварена брокула малце нагмечена со вилушка да јаде? Или ситни сецкани и ладни јуфки? Барем нешто да му вметнам. И пишав на сестрата од докторот ама сеуште нема видено. Од прилика после колку дена смеат да јадат малце по нормална храна? Контролата ни е во четврток.
До контролата давајте тоа што е препорачано, не експериментирајте со храна. На контролата ќе ви кажат како понатаму.
Мајки,од Октомври син ми,има отечени лимфни јазли на вратот. До сега правени 3 крвни слики во ред се,прегледан од две докторки викаат не е ништо. На едната страна се изгуби,на другата сеуште не. Дали некоја имала сличен проблем? Ве молам за искуство
Малата прави 2 години за една недела. Не сум давала до сега Блокмакс.. Според она што прочитав 2.5 мл треба да дадам. Точна сум?
За температура вака се дава сируп: Блокмакс (состав бруфен) се дава килажа ÷ 2 . Пример: за 12кг се дава 6мл Парацетамол се дава килажа ÷2 +1 Пример за 12кг се дава 7мл
Исто и мојот само е дупло поголем од твојот и е на антибиотик...и ние со истите инхалираме....кај нас многу помагаше правилно тапкање, мојов е веќе голем и не ме остава, бега ама при правилно тапкање ( речи и на матичната да ти покаже ) се откачуваат парчиња шлајм од плуката и ќе ги плукне место да му стојат залепении...иначе искрено нема што да даваш, намачкај ако сакаш ескпулмо ама тој ми е повеќе за затнат нос, јас сум давала сируп за алергија навечер за колку толку да му се смири кашлањето и благо и млеко никако особено не пред спиење...шлајмот се лепи на млекото и уште повеќе го тера на кашлање...два дена не давам млеко и спие многу помирно за разлика од кога давав млеко
Здраво. Син ми (7 и пол год) излезе позитивен на Инфлуенца А грип. 3 дена не можам да ја спуштам темп. под 38.6. За саат време пак 39.5 - 40. Се избезумив. Педијатарот не ми кажува ништо конкретно. Дали е ова нормална појава? Исплашена сум и за малиот кој има 2 год, тој ако фати дали ако е помал значи дека е поранлив на грипот? Ми се вртат секакви сценарија во глава и од психички умор веќе.
ајде да пишам и тука, во паника сум. Имам ли причина за грижа што мобилниот го удри по чело бебе додека му пуштав музика? Врисна еднаш и продолжи да цица
Kaj mene Dvete deca se so temp 39.6(Ednata 11 godini a drugata 14 meseci).Kaslaat I dvete I grlo GI boli.Samo tecnosti I sirup za temp Nas ni rekoa