Мајки, некој совет за надразнителна кашлица, сува. Не кашлаше толку Али откако заспа се одра и се исповрати од кашлање. Дадов лоратадин не знаев што да направам сама сум, му се спие плаче се фрла по земја, а не може да врзи од кашлицава. Ќе и пишам на матичната сабајле. Што ви давале за сува кашлица ? Нешто на природна база сте давале ? Од вчера го инхалирам со синомарин и назопас капки за нос. Да напоменам го префати од мене, јас бев со црвено грло и сува кашлица и ете сега и он се надевам вирус е...
Пиеше млеко пред спиење? или цицаше? ако одговорот е да тогаш од тоа е...мојов 2 дена се откорна од кашлање, па сфатив дека е од млекото дека млекото се лепи на шлајмот и престанав да давам, престана да кашла...Овој пат одма завршивме директ на антб иначе за кашчица инхалирам и давам Лихен форте сируп тој е и за сува и за влажна кашлица
Вирусот со висока температура дали кај некои деца дава симптоми ко стомачен со повраќање? Или два различни вируси имаат децава Големиот имаше 2 дена тт и има кашлица. Малово тт и цела ноќ повраќаше, еве ја и сега пак. Давам електролити со лажичка, а за тт ќе земеме чепчиња. За повраќање освен наусолвит што можам да дадам? Не и делуваат..
Пола саат пред и после наусолвит не давај ништо да пие и јаде, дури ни вода, кај нас така само делуваат. Сируп локомотив исто е за повраќање, и има едни лижавчиња добри во Еурофарм. Електролити секако даваш, чепчиња или сируп појак (бруфен). Ако често повраќа јас ги носам на доктор одма, мн. брзо дехидрираат, пред неколку месеци ми дехидрираше така големиот, иако и вода и електролити пиеше. Со лесно мајка.
Малата имаше така пред недела ипол повраќање и висока тт ние два дена завршивме со инфузии затоа што беше дехидрирана, еве сега пак се разболе висока тт и ја боли мешето не јаде ништо, и давам доста течности и чекам да видам како ке се развиваат симптомиве понавака засега не кашлат, на доктор рекоа дека е вирусно па ќе видиме со лесно и брзо оздравување
Фала, со лесно и кај вас и брзо оздравување. И ние ја однесовме, вирусот бил таков, наусолвит, пробиотик и електролити терапија и за тт плус. Нема повратено од 10 сабајле, јадеше малку супа и варено компирче, ама тт крева. Со течности послабо мојава, има фобија од сирупот и одбива се, со лажичка и вода и електролити едвај..
Повеќе течности да пиет тоа е најбитно, малата па воопшто не јаде и не ја форсирам битно да пиет течности па ко ке биде подобро и ќе јаде