Може ли пневмонија без кашлање, без секрет? Јас мислам дека е од промена на температурата, што симна нагло? Па додека се нормализира. Сега нема температура. Пред 4 часа дадов ибу и симна одма.
Кај деца не знам, ама маж ми имаше пневмонија без кашлање. Освен што викаше дека има чувство како да не може полн здив да земе, друго немаше. На снимка му рекоа пневмонија, и 7 дена го боцкав со инекции.
Имам искуство со пневмонија без температура. Исто без помодрување. И искуство на блиска, повремена температура во текот на денот, по 3-4 часа, повеќе денови. Тек кога почнало помодрување утврдиле пневмонија. За друг случај не сум слушнала за помодрување.
Нормално е да помодре кога ќе качува тт бидејќи премногу и студи. Јас па помодрев овој пат од грипот, устата виолетова ми беше. Подобро е да не се малтретирате. Кога ќе е време за на лекар ќе почуствуваш. Најверојатно го има грипов. До сега не ми било олку ладно кога сум кревала тт, се туширав со жешка вода, жешок чај пиев и со фен се топлев и џабе се смрзнував. Побрзо оздравување. За 2-3 дена снемавме тт ама ладно уште неколку дена после тоа ни беше. Таман работа пневмонија да има. Само што ќе и мерат тоа што се мери на прстот на итна и не ви речат дека сте итен случај ќе знаеш дека не е пневмонија и подобро дома да одите. Преполно е од грипов.
Колку време може да се користи Парацетамол сирупче со вкус на јагода (на Босналијек) по отварање? Сум ја фрлила кутијата…
Нели вчера реков оти има грип у градинка, а ги мешаат децата цела недела и пола персонал е болен. Мислам и јас дека е од грип, ама страв ми е едино да не е уринарна, оти нема друго ништо освен температура. Кога ја прашувам кај ја боли се ми кажува накај главчето. Тоа на прстот што се става го имам и јас. Добра и е сатурација. Ваква гужва немам затечени до сега. Децата како покосен беа сите. Мојата се качи на рингишпил. После 45 мин не можев да стигнам да се пријавам кај сестрата. Имав сигурно уште пола саат за чекање. Па после знаеш како оди. А бебиња, мали еден куп. Они се секогаш со приоритет и треба да се. Сега пак качи, ќе видиме како ќе оди, дали пак ќе се вратам таму или на друго место ќе одиме.
Бевме на детско докторот рече дека до 6 дена можело да креват и ако било потребно и до 10 дена се давало сируп за температура, денеска и немам дадено сируп ја разладувам на нозе компири и редам па ќе видам како ќе е
Колку денови по ред смее да се даваат чепчиња за температура? И како сте поминале со грипот колку време ви траел? Од сируп не спушта само чепче ама не знам да не претерам. Знам макс 4 во ден како што пишува на кутијата и толку ама колку дена континуирано? Денес е прв ден со температура и веќе си доби 2 чепчиња, како што слушам треба да се спремам за уште многу?
Поголемиот 7 дена висока температура, малиот 4ти ден му е, исто висока крева. Давам далерон иако се повеќе денови во прашање, а во упатството ако не се лажам вика не повеќе од 3 последователни. Не сум ставала чепчиња, но сируп давам штом отиде висока темп. Во меѓувреме ладење, туширање... Не можам да ги оставам без антипиретик такви, изгореа, свенати и кенкави.
Ох фала мајка, држете се уште малку значи останало. Фала за споделеното искуство. Во право си прежални се деца со висока тт и јас не би оставала така. Пред 1 месец имаше 9 дена температура од некој си вирус и си спушташе ок со сируп, давав и јас кога гледам дека се мачи. Сега кога даде тестот позитивно на инфлуенца се испаничив тек што не чека.
И ова да споделам како искуство со грипов, можеби и кај други е случај, и двеве деца прво висока темп. до 40 два-три дена, па еден ден таман поарни под 38, живнати, викам иде на подобро, следниот ден пак 39+, пак залегнаа во кревет. Како во два наврата фаќало ми рече докторката. Инаку имаат Инфлуенца А.
Мајки, ако има некоја будна да ми каже зошто се испаничив- ќерка ми со црвено грло и гној петокот ја однесовме на лекар, ни даде антибиотик и почна да го пие петок вечер. Петок вечер имаше некоја т 38 и ок и дадов сируп помина.Бчера ништо немаше. Моментално се будам ја пипкам топла гори кога мерам 39 како вака може да се влоши работава? А ми вика веќе грло не ја боли. да не не и помага антибиотиков?
Те читам и како јас да се читам. Пет дена тт. На третиот крвна слика и Црп супер. Детево нит јаде ни бутур. Кашла де суво,де продуктивно. Што грип ќе беше?!! Како се оправивте?
Идентична ситуација со син ми. При повторното качување тт сомнеж за грип, се поклопил во исто време со бактеријата во грло. Прво потврдено со брис, стрептокока во грло (таа даваше прво болка во грло и тт), со антибиотикот се смирува болката за 1 ден, но потоа пројавува многу висока тт пак. И јас помислив не делува нешто, но на брис за детекција на грип (по препорака на педијатарот) покажа инфлуенца А. Значи мешана бактериска и вирусна инфекција, потоа 8 дена беше со тт. Така што не е чудно да има вирус или грип, бидејќи од антибиотикот треба веќе за ден два поарна да е ако е само ангината во грло. Ние пак повторивме крвна слика, покажа типична слика за грип вториот пат (нормално црп, паднати леукоцити). Ако не и делува антибиотикот и крвната слика ќе покажува високи вредности (високи леукоцити/гранулоцити), бидејќи бактеријата уште ќе тлее.
Ете ние до вчера со тт денеска нема, ама до кога вака нема да јаде се прашувам кило ипол за 4 дена е ослабена, носето затнато понекогаш поткашлуват што вирус ќе беше ова
Има ли некој лек за 3ипол год дете за зарипнат глас? Неможам веќе да го слушам, мн време трае можеби 2 недели. Гради чисти,грло во ред, уши исто, крвна слика леукоцити 8, црп таман. Од што може да биде. Мајка ми ми вика ларингит му било, немам искуство со тоа. Чаеви колку што можам ке му дадам, така млаки ги пие. Има некој пастили или нешто да пробам? Инаку треба уште рез од брис грло и нос да земеме, ако покажат нешто...
Значи грипов е бетер од короната што беше, ова потешко се поминува со помин само да е и господ сите да не чуват