1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Итно! Прашања за здравјето на децата

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 декември 2018.

  1. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.397
    Пол:
    Женски
    @danichap мене навистина не ми е јасно како прават операција без кс и крвна група.Може да е слабокрвна,па може да притреба трансфузија за време на операција а што ќе прават тие,во последен момент ли ќе одредуваат крвна група и ќе бараат крв?
    Навистина сум цела во прашалници.Да не беше вашата некоја ептен рутинска операција,па затоа...
     
    На mariz, Annath, Lolipop23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.593
    Допаѓања:
    170.199
    Пол:
    Женски
    Алишан, со сѐ се согласувам што напиша. Малото имаше температура и чекавме 2 дена да видиме како ќе биде, затоа што можевме да ја контролираме температурата. Кога продолжи и понатаму, се јавивме кај докторката и одма нѐ упати на кс. Параметрите укажуваа на бактериска инфекција, ама сите беа околу граница. Самата докторка ни кажа да почекаме до нареден ден, да видиме дали ќе се избори организмот, затоа што немаше други знаци на лоша клиничка слика. Четвртиот ден изби осип и испадна розеола, за џабе ќе пиеше антибиотик. А со големата еден куп ситуации кај шо немало време ни за кс, ни за брисеви и одма се давало терапија која делувала. Затоа е важно да имаш добар дијагностичар, инаку со кс и брисеви, сите ќе бевме доктори.
     
    На Coco31, Annath, Sexybaby86 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Три зафати беа, погоре пишав, нос/грло/уши, претпостабувам за нив рутински.
    Од 14-15 беше ОП. 15-16 часот се освестуваше, уште еден час поседовме таму и 17часот дома не пуштија.
    Со препорака ако настане крварење или компликација да се јавиме и да одиме во болница.
    Сепак дете од 4 години, прв пат под нож, се може да се случи, бев преплашена...
    Ваљда така треба.
     
    На Bozica1980, Annath, Lolipop23 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.547
    Допаѓања:
    95.416
    Пол:
    Женски
    Не чини и нашево, ама ова на Европскиве земји каде со луфтирање и шетање лечат е за никаде. Ама да не и ствараме јадови на Дани, сто пати е зборено, не може ништо да направи сама, не може да фаќа авионот на секое кашлање и кивање на малите. Само сум и препорачала што пие малото за имунитет ако и одговара, друго не давам совет јас, не е на мене.

    Правам кс ама секако одам кај докторот по упат и му кажуваме што е проблемот и сам ќе каже, прави или не. Се случувало и да ни рече не се мачете, тоа и тоа е, досега само еднаш ни има сменето антибиотик зошто се покажа дека не му одговара.
     
  5. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.495
    Допаѓања:
    144.177
    Се преценува кај нас крвната слика и се претерува со истата.
    Ја залоупотребуват родителите.
    Јас здраво дете не малтретирам со земање крв , матичната ни на крај памет не дава упат за вакво нешто.
    Кога е разлошен само кога смета , тогаш го боцкаме.

    Е низ Европските земји децата се далеку поздрави од нашите и со миниум примени антибиотици. Значи кај нас сепак нешто не чини.

    Кр слика на своја рака кога ќе ти текне, атб исто така. Не смее тоа така лесно да оди.
     
    На marchi-cool, BoaVista, Biljarkata и 7 други им се допаѓа ова.
  6. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.719
    Пол:
    Женски
    Па не е баш кога ќе ми текне, со оглед дека јас од гугл не учам, туку струката ми е таа што ми е. И не е дека детето си го малтретирам.
    А ако гледаме за антибиотик примање, син ми примил само за салмонела и рота. Никогаш за бактерија од тип стрептокока или мораксела.
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.495
    Допаѓања:
    144.177
    Не зборувм конретно за тебе Лили. Општата слика кај нас е таа.
    Мораш да признаеш , и загрижувачки е.
     
    На Glasna, Coco31, LiliBoz и 4 други им се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.378
    Допаѓања:
    34.165
    Пол:
    Женски
    Морав да споменам за Германија (извини Дани) ама нивното лечење мене ми изгледа далеку поефикасно од нашево. Што дека тука ги боцкаме за сенешто? Поздрави да не сме? Ај некој нека направи истражување па да го споредиме нашево здравство со нивното? Абре тука уште ни умираат новороденчиња од сепса!!!

    За крвната слика сум на слично размислување со @Annath И стојам на ставот дека е преценета. За се и сешто боцкаме, (и јас спаѓам во оваа категорија :tmi:) Треба да се научиме да им веруваме на докторите. Затоа и многу ме изреволтира коментарот на @Lolipop23 И така довербата во докторите ни е разнишана, уште интернет експерти ни фалат за да се лечиме.

    Последнава ситуација со ќерка ми само ми потврди дека џабе правев к.с, црп и брисеви на своја рака. Кога ја однесов кај докторката прво ја прегледа и ме ислуша, не ја ни поглледна к.с и веднаш кажа дека е за антибиотик. Крвната слика, црп и брисевите само ја потврдија дијагнозата. Си дадов ветување дека веќе нема да трчам на секое да боцкам дете :tmi: и да се правам гугл доктор :x
     
    На marchi-cool, Annath и mal.ecka им се допаѓа ова.
  9. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Што си се закачила за мене бре жено, ниту совет дадов, ниту ништо, пишав дека само докторката знае зошто дала антибиотик! Темава се вика ИТНО! Прашање за здравјето на децата, како прво ако е ИТНО се носи на лекар, не се прашува по форуми, ако е ЗДРАВЈЕ во прашање пак е за на лекар и пак не се прашува по форуми, но ете имаме навика да се консултираме тука, чисто ради дискусија и никој не треба да зема здраво за готово.
    Ако е така ти прва даде дијагноза:
    Ти не изиграваш доктор??? Мојата струка барем е поврзана со лабораториски анализи на крв, твојата што е штом така преку нет дијагностицираш и која бактерија е во прашање????
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.658
    Пол:
    Женски
    Тотално погрешен пристап според мене. Нема врска што е во терцијарно здравство. Лекар што не ги прегледува пациентите и се потпира само на извештаи од лабораториски анализи, не ми е добар лекар. Ама тоа е само мое мислење. Порано немале вакви анализи и испитувања, ама биле подобри доктори, оти повеќе учеле од искуството, темелно прегледувале. Мојот впечаток е таков, не дека нема сега добри доктори и добри дијагностичари, сега треба да им е дури и полесно да постават точна дијагноза. Ама сведоци сме дека не е баш така едноставно.
     
    На katalina, Biljarkata, Glasna и 13 други им се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Се сложувам дека здравството е поефикасно. Јас имам лошо искуство со примарното здравство кај мали деца но на глобално ниво тоа не менува ништо.

    Пример, лани, трудна со третото.
    Јас маж и две деца дома до 40 тт. Партал.

    Маж доби брисеви, крвни анализи а потоа и од центарот зз здравство писмо дека може да му ограничат слобода поради состојба на епидемија.
    Инфлуенса да сме имале.
    Деца секако добија само свеж воздух и чепчиња. Ниту крвна слика ниту брис.
    Да не го прегледаа него немаше да знаеме што им е.

    Првиот упут за најголемата ќерка беше од истата таа докторка на мм оти со педијатарката немаше разбирање, ме убедуваше да чекам 1-2 години и да ја набјудуваме проблематиката.
    Среќа дојде втора во ординацијата па имам повеќе доверба во таа. Некогаш и до среќата е. Јас немав со нашата а не можам ни да сменам бидејќи никоја друга ординација не сакаше да не прими, полни биле.
    А колку повеќе проблеми имаш и е покомплициран случај ги опипуваш несовршеностите на конкретното здравство па си се тешиш дека таму некаде има бетер.
     
    На Biljarkata, NarCis@, LiliBoz и 5 други им се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.378
    Допаѓања:
    34.165
    Пол:
    Женски
    Јас во ниту еден момент не сугерирав што да прави и дали требало или не да пие антибиотик, ти од друга страна го направи токму тоа. И не ти е прв пат...
     
  13. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Хахаха абе ајде!

     
  14. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.139
    Uste ova go nemav procitano. Preku forum se znae dali e baktertija i koja e :x
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.378
    Допаѓања:
    34.165
    Пол:
    Женски
    Вака кога ќе извадиш дел од цитат, така изгледа (најверојатно сакаш по секоја цена да докажеш некаква поента) ама целиот муабет одеше во друга насока.
    И пак стојам на ставот, во никој случај не ми паѓа на памет да доведувам во прашање одлука на доктор, никогаш! Ти токму тоа го направи. Од еден пост заклучи дека имунитетот сам се изборил и се чудиш зошто антибиотик! Мислам... Не ти е прв пат.

    И тука ќе престанам со надмудрувања кој е попаметен и сл. Нема поента, а и ја полниме темава со офтопици.
    А ако некогаш пак имаш сличен испад, пак ќе реагирам (а се обложувам дека пак ќе се случи)
     
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.547
    Допаѓања:
    95.416
    Пол:
    Женски
    Јас се слагам дека таму здравството општо е подобро, ама за терцијарно би рекла, за примарно и секундарно, никад па ни тад. Да лечиш зелен мрсул со луфтирање, повторувачки кашлици и еве инфлуенца со тешка состојба, се сеќавам на таа ситуација на Дани, со луфтирање и воздух прошетки, ми е сулудо. А недајбоже ако ти затреба хирург се неприкосновени, недајбоже само да ти затреба, имаат специјалисти неверојатни. Она чекање на итна по 3 часа, ете јас не можам да разберам.
     
  17. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Не сакам јас ништо да докажувам, ти си таа што се закача со мене. Те прочитав и јас некни со оваа твоја дијагноза и не искоментирав ништо.
    Не одеше во друга насока муабетот, членката уште немаше појдено со резултатите на лекар а ти и го напиша ова мислење што го цитирам цело, НЕ ЧЕКАЈ РЕЗУЛТАТИ, ДАЈ ВЕДНАШ АНТИБИОТИК! претходно немавте никава дискусија.
    Значи ова твоето е побезболно од моето???

    Мојот став е тој, јас сум секогаш ако има услови да се почека да се избори организмот сам, па после да се дава антибиотик. Детето имаше температура само 1 ден, општата состојба почна да се подобрува, а крвната слика да се враќа во нормала, според мене требаше да се следи состојба како што тоа го прават во другите земји, а не од претпазливост да се дава антибиотик. Ти и сугерираше да не чека резултати и да даде антибиотик ко тоа да се Тик-так бонбони и сега мене ме обвинуваш што сум си пишала мислење за состојбата споделена на форум. И тоа да нагласам, откако си беа на доктор и си добија терапија, претходно не сакав да се вмешам!
    Сите пишуваат за недовербата во лекарите, како голем број од нив не се добри дијагностичари, ти за мене се закачи што и те како претпазливо ги бирам зборовите пред да напишам нешто.
     
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.406
    Допаѓања:
    81.622
    Пол:
    Женски
    Конкретно за случајов од Дани,оперирано дете,цела недела со температура од 40.е пропуст да не се направи крвна слика или испитување урина.
    Како и да го вртиш.
    Незнам што е толку проблем да направат во вакви ситуации.
    Што ако се работи за ешерихија во урина и детето има поради тоа висока температура?
    Инаку кај нас се претерува со крвни слики,на секое кивање се боцкаат деца.
    Нашата матична сега во пензија во исклучителни ситуации бараше крвна слика,и така правевме.
     
    На danichap, LiliBoz и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.719
    Пол:
    Женски
    Реалната слика е таа. Погрешно или не, не навлегувам.
     
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.941
    Допаѓања:
    278.461
    Детево за пола час симна од 39.5 до 37:^).
    Прв пат вака, обично 1-2 часа треба. Не е до топломерот, исправен е.
    Нормално е ова или е индикација за нешто?(facepalm)
     
    На kukla21 и mal.ecka им се допаѓа ова.