Ve molam za sovet zasto kje dobijam nerven slom od bolestive. Dvete deca, sedum i pol i dve i pol godini, se so sekret od nos i kaslica, denes osobeno. Sto da davam? Da kazam deka ova ne e prvpat, golemata mi e od dekemvri so rastecen nos i malovo se fakja od nea. Poludev i od sekreti i so sprejovi, kapki i se. I znam dodeka imaat sekret od nosot, kje kaslaat, no vekje ne se izdrzuva ova.
По четири дена температура малата два дена беше добра и сега почна да кашлат,таман си реков готово заврши почна да кашлат што може да е ова сега
Ако одат во школо така ќе е, ќе фаќаат нон стоп од таму и ќе носат дома и ќе се заразуваат, нормално е. Трпение, чистење нос убаво со физиолошки или ако знаат да дуваат нека го дуваат да не стои внатре секретот, за кашлање што ви каже лекар тоа. Ќе мине , не се секирај, сега е сезоната баш на вируси и секоја година е така. Не си само ти, верувај ми
Да повторите пак тест. Маж ми така во сабота вечерта правеше негативен со 3 вида на грип, во неделата пак му направија и испадна позитивен на грип тип А.
Posle sedum dena kje pokažeše valjda. Ali ako e grip toa e, nema antibiotik za toa sekako, samo simptomatski
Можно е да е грип... со пнеумослајд тоа може да се провери. Кај нас 10% деца одеа само минатата недела во школо кај вторачињава и очекував и мојава да закачи. И еве ја од вчера кашла корне. Иако е истиот грип, сите деца манифестација со разни симптоми. Кое кашла корне суво, кое влажно, кое температура има кое нема... некои и повраќаат. Истово истиов период минатата година не закачи ептен. Тогаш со СИТЕ можни симптоми беа моиве, по 2 недели тешко болни.. Сега и бебе плус имам, се надевам и да закачи да не помине страшно.. Со лесно само на сите..
Не е итно, ама ако има некој искуство да сподели. Како се закажува во козле за алерготестови? Треба прво кај специјалист па тој упатува, или матичната дирекно упатува. И дали знаете колку време после болест може да се направат.
Матичниот ќе закаже преглед кај специјалист во Козле. Потоа тој ве упатува за алерготестови. Се прават истиот ден кога ќе биде и прегледот, резултатите се (колку што се сеќавам) за една недела. Моето беше со бронхит накај бронхопневмонија кога ги правевме тестовите.
Фала на инфо. Два пати за 1,5 месец завршува со пневмонија, а овој пат и кс и брисеви чисти па мора да се испита ова и секако препорака е да е на пумпица, ама бар да знаеме од што се случува
Јасно ми е. Од истата причина и ние испитавме. Константно болен со месеци, пред тоа ситни разболувања. Испитавме и испадна на влага/мувла дека е. Моја препорака за во Козле е д-р Петранка Андонова.
Она го водеше првиот пат кога лежевме. Вчера се погодивме кај д-р. Аџиреџа и он ми остави многу ок впечаток. Како и да е констатацијата е таа, мора да се испитаат алергиите и да се вклучи терапија некаква зошто ова не е нормално.
Ние бевме два пати и немаа реагенси Сега ни закажаа на 27ми, пак мора преглед па пак да не упати за алергии
Истото го поминував. Во Козле вечно немаат реагенси. Мојава беше на пумпица скоро 3 години, а претходно година на инхалации со пулмикорт. Таа пумпица ја мразев од дното на душата, ама бирав помало зло. Си се разболуваше она често, секогаш со бурни страшни симптоми, ама поретко правеше пневмонии. А бронхити пак често. Еве летово на 5 ипол години и ја тргнав конечно. Зачаран круг е се, дете на кортико цело време, имунитет супресиран, антибиотици на секое, гревче беше. Најмногу бев против, ама почнав со хомеопатија лани и детево полека ми се прероди. Од секој месец антибиотик сега само еднаш пиеше лекоклар за цела година скоро. Пумпица полека баталивме и детево живна. Обавезно почни со пумпица да има некоја заштита, ама почни и со алтернатива затоа што и твоево ептен се мачи. А инаку не знам колку пати алерготестови и правевме и секогаш освен соја се негативни, а не може да диши од полен и прави ларингити кога има влага.
Ништо не ни кажаа само рече нема реагенси звонете прашувајте кога ќе добиеме и сега од другарка слушнав има ама ние дури стигнеме на ред на 27ми може ќе снема Јас му правев приватно два панели , инхалаторен и на храна , искочи ниско на лешник, зајак и бреза, незнам дали приватното ќе му покрие да фатам се приватно да му направам. ќе ви пишам сега што ќе направиме
Стварно немам памет, ама нешто ќе мора да се прави. Да видам прво што ќе покажат и алерготестови ако стигнеме на ред да направиме, па ќе косултирам ако треба повеќе мислења. Абе приватното мислам покрива. Ама нели приватниве само преку крв прават. Јас се надевав во козле кожни дека ќе направиме. Мислев и кај Благица Манчева да го носам, на големиот она му правеше кожни, ама сега не можам да фатам крај каде е, зошто на мој термин не ја наоѓам.
Не и направија, ние кај што одиме кај таа педијатарот не прави тестови воопшто. Инаку денес добра е нема т, само уште кашла со шлајм, а антибиотик пие 5 дена веќе. Ни рекоа 10 дена да пие. Се надевам да помине брзо А остај тоа дома ни носат јас од неа сега фатив катастрофа сум