Па мене во козле ми рекоа дека преку вена оди.јас на приватно од прсте му зимав. Сепак преку крв се поточни , јас несакам кожни
Леле баш ќе препрашам. Се ми се чини на големиот кога лежеше лани со пневмонија дека кожни му правеа. Инаку за преку крв ич нема да се мислам и да чекам ќе го однесам на приватно, секако имам препорака од доктор да се испитаат.
Еве читам погоре и други мајки со болни деца со истите симптоми. Тт траеше 5 дена кај моето,со тоа што 5тиот ден поспоро се симнуваше после далеронот,инаку стигна до 39.2. Потоа почна да му тече и да му се затнува нос и по 2 дена почна да кашла влажно. Му давав проплис спреј ,вит Ц, риностоп и салбутамол препиша за кашлањето. Инаку и кај него така варираше тт, таман ја спушти и немаше некои 8-10 часа, кога вечерта повторно крена.
Па и јас мислам дека спушта за саат, ама си викам да не сум грешка. Не паѓа температурава, се загрижив да не сум нетрпелива, точна доза дадов како и секогаш.
Ако има грип може и да не спушти, таков бил вирусот. Ми спушташе само до 38, ме советуваше докторкатата на 4 часа да давам бруфен па парацетамол, чепчињата ми се чини повеќе помагаа. Седеше во корито по 20-30 мин со играчки, ставав лепенки за тт, па издржувавме некако 4те саати. И алкохол и оцет можело 1:10 со вода разредено ама не се осмелив тоа. Па 1 ден немаше ништо реков помина, утредента пак. Лош е вирусот се надевам не сте го закачиле баш тој
Немам појма, двапати до сега бевме со тт, еден вирус пројдовме пред нова година, 5 дена имаше тт. Ова сега ми е ново, првпат качи 39, утре ќе правам кс со ЦРП па ќе видиме што сме закачиле од градинка. Како и да е, не е без температура перидов.
Јануари сте го минале мирно, тоа е премија со лесно мајка, што и да закачило ќе пројде, само држете се до тогаш
Ано а колкаво е детето? Јас неколку пати давав ист совет, може си ме читнала. Акупунктура лекот на маж ми. Од дете со алергиски бронхит секој месец, со спуштање, со пневмонии неколку пати, болен константно, со гнојна ангина ужасна неколку пати, после 15 сесии од ова, ете 33 години е, брохит нема фатено од тогаш, а и општо болест ретко го фаќа, посебно со кашлица, јас секој месец сум болна, он гајле нема.
2 години нема шанси да соработува за такво нешто. Плус скептил сум кај нас дека некој прави соодветно. Сепак и бо тоа има техника за различни состојби, различно би ттебало да се изведува. Ќе видиме како ќе биде пр о со испитувњеава. Инаку и јас сум била иста. Мене баба ми ме излечено со облоги од лој од јаре, спиење на ладно под јамболија и хранење со ореви, ама ова се на чист воздух во село сред зима. Од 3-4 години па до мои 16 се немав разболено или само еднаш на нога. А ние сега овде што дишеме . Еве и јас цел месец не можам да се опоравам. На нога сум, ама со грда кашлица, таман стигнала на фаза како да ќе помине, повторно ме враќа назад и се така во круг .
Прашај си приватно дали ќе ти покрие, ако да, оди таму, не ги чекај. Во Козле од вена се прават, исто за големиот имаме правено во државна, и таму од вена му земаа. Инаку се е од воздухот, големиот од бебе ми е во градинка па вака не се разболувал, малиот скоро ич не ми бил болен и се така до септември кога и двајцата почнаа и не престанаа да се разболуваат. Годинава и јас и мм со опструкции, последно пред 3,5г. од ковид што бевме така болни. Дишеме отрови.
За еден час се спушта. Ама овај пат имаше превисока температура 40 му се креваше и успевав да ја спуштам само до 38 со 5... таков е грипот.
Дефинитивно преку крв се козле. Јас сум била грешка, дека мм тогаш лежеше со големиот па не бев сигурна. Ако е така и штом нема реагенси таму ќе барам да ми пишат извештај со препорака, па ќе ги правам приватно прва прилика.
Да, сфатив. Цел вечер окапав од мерење и морав и чепче да ставам, место да спушти, крена нагоре. Ќе преживееме, тоа е, градиме имунитет.
Има во аптека можеш и сама да си направиш, τριπλό τεστ. Сега за малата сигурно нема да покаже оти веќе антибиотик пие ама за тебе може да покаже. Ние лани јас и малата во јануари бевме позитивни, прво она го донесе од градинка и на итна ја носев дека сабота беше и таму и направија тестови и испадна позитивна, после 3 дена закачив и јас. Маж ми и син ми воопшто не се заразија. Сега маж ми беше позитивен пред 2 недели, ние тројцата ништо, не фативме овој пат.
Да баш правев таков тест и негативен испадна на се Туку, сега малово веќе 5ти ден го пие антибиотиков (Pricefil и пишаа) , таман реков конечно пројде температурата, грлото и се, се појави таа досадната кашлица, дури и прави нагон за повраќање . А ја носев пак завчера на преглед ништо немаше. Ова како да и се слива од носот надоле така мислам. Има уште од антибиотиков да пие уште 5 дена. Дали не и одговара. Дали би помогнало чистење на нос со водата и тој прашокот. Стварно не знам што да правам веќе
Леле луѓе мојава мала шест годинки има, веќе девет дена е со температура, ништо не и даваат за пиење. Кашла, нос затнат, клапната само спие, викаат вирус според крвната слика. До кога вака?