Се симнува бавно и често качува да, до кај 38,5. Инаку од вчера пие риностоп па ќе видиме, само спие, нерасположена е и вика уморна дека е. Бебево среќа добро е
Јас имам лошо искство со таа тт, исто 10 дена беше со тт и клапнат, не сакаше ни да јаде, и само спиеше, однеси ја во Козле, да ја прегледаат, испитај и мокрача. Црп и леукоцити како се на КС?
Урина се ок, уринокултура стерилна, црп беше 0,5, брисеви нос и грло чисти, вирус детект некои пет беа на касетката кај др Драгана сите негативни, грло малку само црвено, чисто на слушалки. Крвна слика во прилог на вирус, се ок леукоцити паднати и тромбоцити паднати Дете болно, незнам што е
И ние сме кај Драгана, тогаш фати да се на одмор и не појдовме кај нив на преглед, туку во Козле, скроз опадна дете, не јадеше, само сакаше да лежи или спие, одма не задржаа, имаше аденовирус. Можеби кај вас не е тоа, ама мн. денови е со висока тт...
Инфузија одма, за да го рабудат првично, примаше и инекција. Кај нас ни црп не беше високо, ништо. Почна нос да му тече, и да има пролив, бидејќи вирусот стигнал и до респираторен систем и до дигестивен. Ние лежевме 14 дена во Козле тогаш, секој ден по 3 пати примаше инфузија и урбазон.
Лелееее... Не дај Боже тоа да е, нема кој да биде со неа у болница, татко не даваат нели, башка нов е на работа, а јбебе има шест месеци, немам никој друг. Ужас
И второто ми беше мене малечко и цицаше тогаш, дај Боже да не е тоа кај вас, и за брзо да закрепнете.
Ахх таа кашлица е многу досадна, знам. Може да трае и до цел месец да знаеш, ако е со шлајм поготово. Додека се исчисти тоа бавно иде. Не знам дали земате нешто за кашлицата, и Артемис е моментално со кашлица, од понеделникот поточно почна многу да кашла, во групата пола деца се со мрсули и кашлица, јас и правам маска со аеролин и фликсотајд и прашок требон за кашлањето да го исфрли подобро шлајмот. Секогаш и помага таа варијанта едно 10 дена тера сигурно и постепено проаѓа после. Од други сирупи што имаме пробано ништо не помага, спас во требон само најдов и само тоа земам кога има шлајм и зиртек капки исто ни кажа педијатарот да и давам. Кашлицата е намалена скроз само шлајмот остана ама денес мислам помалку има шлајм вака кога и дојде да кашла.
Мајки, имаме вирус со повраќање и пролив. На малиот рацете и нозете цел ден се ладни, почна да крева и 38.7 на 4 часа, и бавно спушта температурата. И кога ќе спушти нозете се уште ладни. Само течности пие, има гадење од храна, дали може затоа да се нозете ладни?
Нозете се ладни обично кога качуваат тт, затопли ги нозете или покриј со ќебенце. Вода и електролити давај му, за да не дехидрира. За повраќањето наусолвит капки на празен стомак. А за тт можеш наизменично на 4 часа да даваш парацетамол, па бруфен. Со лесно.
Да, се тоа правиме.. само ми беше мисла зошто цело време се ладни и нозете и рацете. Тоа цело време мислам и кога има и кога немс температура..
Ти благодарам, кога заспа пред 2 часа баш тогаш спушти го извиткав со ќебе и само што го проверив еве, топли му се. Малку испаничив но штом се стоплиле ќе се олабавам, ме спукаа филмови во глава и проверував дали дише
Ја однесов вчера пак и даде Xozal и Dexarhinaspray N , ја прегледа рече нема ништо. Купив такво апаратче за маска баш ќе правам и јас. Туку , сега ноќва се будам гледам пак е топла, мерам 39 пак ќе полудам. 3 дена немаше т , плус антибиотиков толку уште денес го испи. Утре пак ќе ги контактирам што е сега, рече докторката чисто е се
Ааааа.... ,баш така прави грипот со температура, таман мислеш поминало нема 2-3 дена веќе температура и ете ти ја пак. А за грип знаеш антибиотик не помага А има и друг вирус моментално РСВ кој мислам не се детектира, т.е. нема тест за него, по симптомите се гледа дали е тој. А истите симптоми и како настинката се.....зборник денес пак со педијатар евентуално кс од вена направете, да се виде чисто што е.
А да те прашам , овие тестовите покажуваат негативно доколку пиеш антибиотик? А па кашлицата ајде да видам како ќе престане. Да сега чекам 9 да дојде и се јавуваме на неа. Прв пат се случи нешто вакво и многу се испаничив