Ете гледаш, грип е, ти кажав. Добро е што сте биле на дополнителни испитувања, да си раат да знаеш што има детето. Ќе мине, не се секирај. Витамини давај многу, сокови цеди, нека одмара дома, нека си лежи, нека спие, така тера грипот на спиење. Џабе ќе носиш маска ти кога други не носат и така во круг ќе се вртиме и ако треба да фатиш нешто пак ќе фатиш, колку и да внимаваш. Има и многу бе несовесни родители, ги испраќаат децата болни и ете ти мали се и се заразуваат, па од нив и ние се заразуваме и се така. Нема што да се каже на таа тема. Со помин нека е. Гушки до Вики
Мајки дајте совет како да иставам трн од прсте? Подлабоко е излеа влезен неможам со игличка пробав никако. Дезинфицирав игла па пробав да го иставам пополека ама не оди. Детево се преплака не ме остава ништо. Има ли маст некоја за влечење на трн?
Матичниот ми даде да му испитам на син ми,акутен тонзилит иначе има 4 години сега е благо настинат. Меѓутоа лимфните јазли му седат веќе 3 месеци....
Да , е вакво нешто не се случило лесно се проаѓало. Фала ти многу за,сите одговори и објаснувања Инаку крвната слика , снимката се добри нема ништо. и до твоите дечиња
Ситуација слична и кај нас според она што го читам тука. Од ларингит во рок од 2 дена се стигна до премногу густ шлајм, кашлица, амоксиклав, вентолин. Вчера дадов проспан по препорака од матичен, се уби повраќајќи вечерта па се сомневам на алергиска реакција. За денес последен ден од антибиотик да почнува да качува температура. И сега немам памет што се случува. Вие што сте со слични симптоми, како се одвиваше понатаму, што ви дадоја? Моментално чекам ред кај матична ќе видиме што ќе каже
Од бебе му вадам секрет со носко, пред некое време после вадење му течеше крв оставив да помине некој период денес пак земав д ами вадам затоа што не може да дише бетер му тече крв можно е некој капилар ?
Влечење со аспиратор се применува кога тече нос, не кога е затнато. На форумов читам често дека прскате во нос капки, па влечете. Тоа е сосема погрешно. Се создава притисок така и пукаат капилари. Се влече само кога има носе што тече без прекин, и не знае да го издува. Прекини да го користиш и давај витамин Ц поголеми дози. Исто така и капки како Оперил, Септаназал и слични немој да ставаш, само спрејови со хипертоничен физиолошки раствор. Евентуално, ако мора деконгестив, бирај ги тие со ознаката HA. Имаат хијалуронска киселина, не ја суши слузокожата и помалку пукаат капиларите.
Анатх, за Септеназал и слични за долготрајна употреба се штетни или општо? Пред некое време доби ќерка од доктор може 3-4 дена прскав и толку и беше подобро. За редовна употреба освен Аквамарис не сме користеле друго многу. Совет ми дадоа пред и после градинка да го испираме носот со Аквамарис ама и тоа ми е некако претерано, постојано прскање на спреј и не го практикувам.
Како што читам поназад има некој грип со тт која после неколку денови преминува во кашлица? Еве моево денес качи до 38.7 прво дадов блокмакс, па по 6 часа далерон. Нема затнат нос ниту кашла. Измеѓу беше супер весел, јадеше, пиеше АД. Што да очекувам?
Дали за 39,8 тт треба да се стави плус чепче? Има 13 кг. Ставив едно, ама да не е малку? Вчера не симна воопшто иако ставив чепче. Се мислам да не е затоа што е малку... Не знам веќе како да симнам тт.
Деконгестиви не ни треба да се користат повеќе од пет дена кога е потребно. Ама мој совет е, ако веќе мора, тогаш да се бираат HA варијантите, оти повеќето имаат такви. Како мајка на дете што има чести крварења од нос (неповрзано со влечењето со аспиратор, иако сум користела кога му течел нос, кај моево е генетика), дефинитивно подобар избор се тие варијанти, не ја оштетуваат слузницата. За физиолошки раствор, нема штета од секојдневно испирање, јас го практикував тоа кога беа помали, помагаше доста во одржување проодност на дишните патишта и чистење на носот генерално. Не бев редовна признавам, ама чистев секогаш кога ќе ми текнеше. Не дека нешто екстра помагаше, нонстоп беа со растечени носиња, ама барем беа проодни.
Мајки што правите со температура што не се симнува? Давам ефералган на 4 саати, крвна слика и брис чисти, но навечер крева и до 39,5. однесен на педијатар, освен црвени грло сѐ друго е супер. Навечер дури и после сируп пак е околу 38. Преку ден е весел но нема апетит. дали може да се комбинираат и антипиретик лепеенките? Мачкав и со ракија, тушираме ама температурава е тврдоглава неколку денови и не осеќам подобруваење. Дете 17м
Комбинирај со блокмакс на 4 саати, тој ко појак е од ефералганот. И можиш и електролити за да се накрени.
Ако даваш само парацетамол (ефералган) не смееш на 4 часа. Најмалку на 6 часа смее. Комбинација на парацетамол и бруфен може на 4 часа. Алкохол не препорачувам. Влегува преку кожа во крвоток и може да влијае на срцето. Мачкав и јас, но по совет од стар и искусен педијатар престанав целосно. Кај син ми чепчиња се поефикасни.
Мајки ми треба мислење, син ми е трет ден со повраќање, пролив и гадење. Само вчера имаше температура. Храна одбива секаква. Пие течности, но веќе се исцеди. На секои 20 минути има пролив, башка и носот му течи и многу кашла, се што ќе поврати е шлајм. Матичната вика вирус е, штом пие течности да не се грижам. Што мислите, према крвнава слика? Ме загрижува тоа со проливот..
Мајки ај совет.Сабајле спиеше на грб и многу завлече од носот и како да голтна шлајм се задави, ама и онака како кога иаме киселини ми се слушна од стомакот закркори, го кренав и го исповрати. После се смири, му го ишмукав од нос и заспа, прво фрчеше на носот па престана и заспа. Откако стана, јадеше, какаше нормално, па на двапати закенка и се фаќа под гради вика ме боли мешето, и тоа трае неколку секунди, после ќе го прашам дали го боли пак, вика не помина и продолжува да игра. Други знаци на болест нема, нема тт, нема дијареа, не повраќа, јаде весел е, ама повремено ика, носот се одзатна. А ние бевме со стомачен 2 недели и јас и мм, Не кашлал, ама можно ли е да има спуштено на гради, а да не приметам и да се жали на стомак од тоа уствари?Може глупо прашање ама до сега 2 пати беше болен и тоа ништо сериозно, па сеисплашив. А особено никогаш не повратил шлајм.
Имате ли искуство со враснат нокт на прстето на стапалото? Ги сечам право секогаш ама и се поткршуваат ќошињата некогаш. Сега си стои право исечено ама гледам малце е потечено на страната и црвено, ја боли на допир
И ние го добивме, у Зелениково у Зегин го најдовме, Бог да чува стварно...од Центар све пребаравме, ништо... И што го препишуваат воопшто кога е дефицитарен Па и тие Алкалоид во сезона малку повеќе може да произведат некоја замена