Јас на мојот има 5 до пред две години сум давала разреден со сок сируп..Па голтка по голтка па молење па со кола возење итн.Мојот дека покажа алергија на пеницилин пие Лекоклар,Макропен,Трицеф сите тие горчат...
Ние имавме таков проблем, сега ко за чудо ги пие ама порано никаков начин не најдов, ми ги сменуваа апчиња во лепче да ги прикријам. Тогаш не ни јадеше цела уста афти му беше, па од кога ќе го повратеше давав пак на сила, и големи беа шансите да не го поврати вториот пат. Се сеќавам тој период 5 сирупи трицеф потрошивме што ги повраќаше И во сок од портокал помалку се сеќава сируп. Јас го давав кога е најжеден и тоа некогаш успеваше да го испие без да го сети.
Синко втор ден е со висока темп, до 39.6 качува цело време. Давам Блокмакс и Далерон, течности пие, туширам ама не паѓа под 38.5. Според кс е грип, има и многу болно грло. Матичната рече освен витамини, да дадам и Тамифлу. Немало сируп, ама правеле од капсули во аптеките. Дали сте давале Тамифлу за грип кај 6 год дете?
Девојчето ми е 10ипол месеци, на главата се поти многу и кога е мирна и на 16степени. Матичната вели не е ништо но мене ме загрижува. Нема многу коса , а на друго место не се поти. Некоја со слично искуство?
Ај сега вака поискусните да ми помогнат и насочат.Малиот(6год)негде од октомври ми е на антибиотици,чим почне месецот леукоцити се покачуваат грлото црвено на два пати и црп 43 и 53 . Јануари е веќе критичен испиени амоксиклав сумамед две дози и сега сме на трицеф 7-10 дена.Имавме проблеми со стрептокока ама овој пат брисевите чисти се.Асо испитано добро е.Матичната се сети да провериме трет крајник мада до сега немал проблеми,и да се види со имунолог до кој тешко ќе стигнам.Ноември имаше коксаки може и да му бутнал имунитет ама ова веќе е критично го отрувме.Давајте совет што да испитам зошто јас нервно психички оболев.
Така е со стрептокок А, дури не се исчисти целосно се враќа. Ќе биде ок после 2 дози сумамед, и кај син ми само така помина, претходно за џабе све испиено. Прскајте и спреј секој ден после градинка/школо за дезинфекција, има еден прополис со јагода. За преглед на 3 крајник јас го однесов во ремедика, со камера го гледаа, баш е добра докторката, убаво ми објасни што се смета за честа инфекција на грло. @happygirl како е детето? Тамифлу делува први 48 часа, дали дадовте? Јас на дете не сум дала, јас имам пиено и многу помага.
Испи две дози сумамед и пак крена тт 40,брисевите чисти ама он пак се разболува.Сега е на трицеф.Имам чувство дека чим се исчисти организмот од антб он пак качува црп тт и леукоцити. Инаку која докторка од Ремедика?Спреј почнав од пред некој ден ацидосалус
Качува цело време до 39.5 уште, нон стоп е со Блокмакс оти Далерон не симнува толку висока темп. И со Блокмакс најмногу паѓа до 38.5 и пак нагоре, па туш, ладни облоги.. Се жали дека многу го боли грлото, лижавките не помагаат. Барем пие течности, јаде, послушен е и соработува. Ама мачно му е од темп. Не најдов сируп, немало никаде по аптеките овде. Ќе тераме вака. После колку дена намалува темп, прв пат е со грип?